Нова Македонија (или Држава)

Ран 21 век (2020), ослободителната војна била 30 години претходно.

Никола Слејт (45), научник, електро факултет, физичар, имал 15 години кога почнала војната, така што завршил основно по стариот систем на образование, за разлика од Тома кој што почнал во тој систем (имал 8).

Дона (7), мачката на Никола

Таткото на Никола, се преженил

Мајката на Никола, починала кога имал 3 години

Вера Верова (37), Советник за наука, љубовен интерес на Никола

Брејнов (63), научник, низок со очила (работи на Телепортер, апарат за моментален транспорт на честички на далечина)

Психа (25), млад научник, автор на ТЛ665

Премиерот (55), на чело на Државата

Тома Хансов (38), работи како возач, доцни 30-ти, ја пишува книгата за Никола Слејт

Постар брат на Тома

Џони Стевоид, мускулест физикалец

Тони Бајрамов, крупен тип со бебешка фаца, Машинец по занимање

Џеки Бомбата, ерген, женскар и продавач на добра

Ена Хансова (30?), сопруга на Тома

Лиза Хансова, ќерка на Тома

Марк Хансов, син на Тома

Мајка му на Тома

Хари Чекич, млад колега на Тома

Хасо Томсон, врска со надворешниот свет

Кирил Веров (60), татко на Вера Верова

г-ѓа Надежда Верова (60), сопруга на Кирил

Таткото на Кирил (имал 60 кога починал, 1990)

Милан Воловски (50-тина), случаен познаник

Џејн Воловска (30-тина), неговата помлада сопруга

Нова Македонија = Дрѓавата по војната, се среќава и како „Држава“ или општо „Новото Време“

Новомакедонец, државјанин = граѓанин на Нова Македонија

Новоденар = валута

Државници на Државата (ДД) = власт

Опслужувач на Државата (ОП) = работник

Практично Корисни Професионалци (ПКП) = научници, инжинери и слично

Висока каста (ВК) = осмислуваат или изработуваат конкретни дела или производи корисни за државата

Советници и службеници (СС) = во функција на Државаат

Државни автоматрони = машини

Државни слогани / Пропагандни слогани = се користат за популаризирање на идеите

Илегални кафеани = (полу)забранети од државата

Ослободителната Војна (1990) = војна после која е прогласена Нова Македонија

Довец = полицаец

Државни органи на власта (ДОВ) = полиција

Недржавни уверувања = верувања спротивни на државните

Државни одредби (ДО) = закони

Прелектро-матехнички факултет = спој помеѓу ПМФ и ЕТФ

Пропагандно пано (ПП) = билборди

Американски Непријателски Држави (АНД) = термин по ослободителната војна

Државни приемници (ДП) = телевизори

Државна опслужувачка комисија (ДОК) = Комисија за правилно извршување на работнички (опслужувачки) дејности

Полудени = луѓе под дејство на зракот од машината ДТ 1156

Преиспитување на верноста кон државните одредби = судење

Државни станови за млади брачни парови = парадоксална мерка за зголемување на популацијата бидејќи се изградени во загадени делови од градот

Единствената Државна Банка (ЕДБ) = Народна банка

Државните домови за стари лица (ДДСЛ) = наликуваат на затвори

Кампови за непожелна младина (КАЗНАМ) = сите кои се предодредени за опслужувачки дејности

Новата Единствена и Добра Ера (НЕДЕ) = синоним за „Новото време“

Правилникот на единствената Држава (ПЕД) = устав/законик

Официјалната висока државна образовна институција (ОВДОИ) = државен факултет кој произведува опслужувачи

Амероносталгичар = носталгичар по Панамериканизирана Македонија

Нова историја = историја на Нова Македонија

Општество на еднаквоста = синоним за „Новото време“

Бунтовнички одред 562МК = една од групите кои се борат против новото уредување

Слободоговорни термини = стари изрази

Генералот на Државната Армија = Генерал на вооружените сили

Единствениот систем за едукација и култура (ЕСЕК) = негов дел е ОВДОИ и други државни образовни институции

Повеќеумност = слободно размислување

Безверие = неверба во Државата и нејзините механизми

Безвласт = секој друг вид на власт освен Државната

Правоверно Владение на Државата (ПВД) = Еден од слоганите на Државата

Државен институт за патенти (ДИП) = Завод за индустриска сопственост

Државни здравствени институции = Јавни здравствени институции

Државни одредби (на Семејниот ред и мир) = закони

Државна училишна комисија (ДУК) = Комисија за образование

Просперитизам = верување во иднината, замена за религијата

Староговор = говор од претходниот систем

Државни фарми = фарми под контрола на Државата

Предавство на мислите = казниво колку и чин на предавство

Були Гарија = Булгарија

Дистрикти = области (на кои е поделено Скопје)

Соби на сеќавањата = антикварници

Бунтопредавници = бунтовници, Отпорот

Западни сили (ЗС) = индустриски, панамерикански држави

Источни сили (ИС) = религиски, затворени држави

Славизам = владеење на народот (на север од Нова Македонија)

Антизам = вид нацизам заснован на верување во античко потекло на народите кои го практикуваат (на југ)

Предрасевдо = предрасуди и псевдо верувања

Примарно, Практично и Полезно (3П) = Принципи на владеење и живеење во Нова Македонија

Библиодруми = библиотеки скриени од Државата по подрумите

Државна стоковна куќа = продажен комплекс со производи одобрени од Државата

Државни учебници = учебници одобрени од Државата

Програма за организација на државата (ПОД) = поделба на луѓето на касти

Едната и Вечна Држава = Нова Македонија

Горна Управа на Државата (ГУП) = Орган меѓу другото задолжен за распоредување на луѓето на функции

Чувар на Државниот Ред и Мир (ЧУДРИМ) = уште еден назив за полицаец

Државното Министерство за Енергетика (ДМЕ) = задолжено за прашања поврзани со производство, пренесување и користење на енергијата

Главен Новоскопски плоштад = плоштад кој се користи за Државни пропагандни настани

Простување од минатото = свеченост

Казнен Државен дом (КДД) = затвор

Штабот на Државата (ШНД) = влада

Цетар за Контрола на Науката = МАНУ

Главниот Објект (ГОП) = храм на Просперитизмот

Фала Државата = „Фала Богу“

Недај Државата = „Недај Боже“

Државата да го прости = „Бог да го прости“

Подржавата Мила = „Мајко мила“

Подржавата = „Побогу“

Државата да те продуктови = „... да те благослови“

Македон Ваген 1.2 = автомобил од Новомакедонско производство

МК Браунинг 19 мм = пиштол од Новомакедонско производство

Новомакедонски Државен Ајвар / Новоскопско пиво = Два прехранбени производи, единствени во својата категорија

MК-Ултра2020 = машина на Никола Слејт за производство и пренос на електрична енергија на далечина

ТЛ665 = машина за читање мисли и телепатија

БТ846 = машина за телепортација

ДТ 1156 = Тројна машина составена од трите погоре, наречена Државно Тројство

„Празнуваме работно, работиме празнично!“

„Една Држава и Еден Народ“

„Забавата е опиум за народот, го труе телото и го ослабува духот!“

„Државата е: мајка, сонце и единствена“

„Ако е дрво, добро е за индустријата“

„Државата несебично дава“

„Старост значи непродуктивност“

„Мајката е столб на Државата“

„Лоша помисла е лошо дело кое чека да се случи“

„Некои луѓе се поеднакви од другите“

„Сè што е за доброто на државата е добро“

„Паметните не зборуваат, туку прават“

„Памет заради памет не е памет“

„Коров, корења, кал... трите К се минато, фабрика, бетон и корисна прашина се нашата сегашност и иднина“

„Изгради брзо, изгради многу“

„Смести повеќе, за подобро на сите“

„Модерното е добро, само ако е традиционално“

„Сè што е неполезно, тоа е непожелно“

„Држава, Иднина, Просперитет“

Направен од авторот додека го пишувал романот како алатка за подобро градење на фабулата

1950

1957

Брејнов (63)

Милан Волоски (50)

Г-дин и г-ѓа Верови (60)

Таткото на Кирил Веров (1930)

Никола Слејт (45)

Премиерот (55)

ГЛАВНИ ЛИКОВИ

Тома Хансов

(38)

Ена (30)

Хана (30)

Психа (25)

Почеток на војната

„Постои една програма и таа програма е наречена реалност.“

ЕРА НА НОВА МАКЕДОНИЈА

ПАНАМЕРИКАНИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА

СТАРА МАКЕДОНИЈА (социјализам)

„денес“

Лиза (12)

Марк (7)

Вера Верова (37)

1960

1970

1975

1965

1982

1983

2008

2013

1980

1990

1995

2000

2010

2020

Назад

кон романот

кон трилогијата