т:темплум  


2007:јануари/февруари
општ конкурс

а:арсовски виктор




 

с:сребрени златни никакви, 1 дел

Сказалките на скапоцениот часовник покажуваа 9. Уште се чуствуваше мирисот на кафе од одпиените филџани, ставени врз неотпакуваните кутии, расфрлени по празниот стан, полни со разни дрангулии кои Кирил со чуство на жена ги распоредуваше по сталажите кои ги поставивме вчера. Кирил. Добро дете е. Мора да побрзаме. До 12 ни остануваат ...уште 3 часа. Нема веќе паузи, нема веќе кафе.
Рамномерниот ритам на сказалките се наруши од удирањето на чеканот по шајките, што го пробиваа мекото излакирано дрво приковувајќи го до зидот, секогаш со ист ритам. Сказалките и чеканот се обединија и со заеднички напор ги преполовија секундите. Времето успори.
Кирил го посматраше Методиј. По толку години работа, секој ке научи да кове. И јас би научил. Кирил беше стереотип на дете што израснало без родители. Живееше со дедо му, партнер по бинго на Методија. Се запознаа таму, во затемнетата сала полна со издолжени вратови со тесни очи кои бараа бројки. 29 7 63 Бинго! Прв пат влезе, правејќи друштво на дедо му, и доби. Што ке пиете, јас частам?. А благодарниот пијаница му вети работа. Ако чичко Методиј научил, секој ке научи.
- Нема паузи веќе. Немаме време – се сврте нагло Методија како да знаеше дека го гледаат и очекуваат од него тој да го каже потребното. Постар е, тоа му беше должност.
- ОК, и така не пијам повеќе од две кафиња – со насмевка одврати Кирил.
- Добро. Ама и доручек после 12. Кога ке завршиме
Дванаесет. Тогаш ке не платат и правец кај Марија. Останаа само уште овие дрангулии да ги извадам и поставам. Какви глупости има во кутииве.
- Добро – се сложи Кирил и се наведна по наредниот предмет.
Вадеше урамени фотки од искривени лица на плажи, во одела, пред свињи, со јаболко во уста, на скијање, во кола, озбилни лица, насмеани, пак озбилни и пак насмеани... Лудаци.
Продолжија, едниот да прицврстува, другиот да реди. Часовникот покажуваше 9 и 10...9 и 11...9 и 12...
- Мојов касни 10 минути – рече Сребров стоејќи потпрен на вратата.
- Господине Сребров. Не ве видовме – изненадено рече Методиј, потрчувајќи и подрипнувајќи накај него, бришејки си ја раката од рапавите работнички панталони.
- Добро утро господине Сребров.
- Добро утро Методи – прифати Сребров, ракувајки се.
- Добро утро – одпоздрави и Кирил, без и да се сврти, замаен од статуетката што ја вадеше од кутијата.
Наликуваше на слон. Сребрен со позлатени уши, така мислеше Кирил, украсен со минијатурни бисери. Ја остави и појде по другата. Другата беше поголема – Буда. Овие религиозни се. Но се изненади кога најдолу најде уште една. Бронзен Исус расчеречен на мермерен крст. Чудни луѓе.
- Добро, добро. Продолжете. Немаме многу време. Добро е што ги редиш тие...што и да се. Треба да се распакува и да се стегнат плакарите и тие другите. Цакум – пакум до 12. – наредуваше Сребров
- Дванаесет, Да, до дванаесет ке средиме господине..
- Треба да личи на канцеларија. За важен човек е, функционер во влада, знаете – се направи важен Сребров.
Кирил не го слушаше. Размислуваше која религиозна статуетка да биде прва од лево или прва од десно, која лево и која десно. Стоеше пред нив збунет. А Методија? И Методија беше збунет. Стоеше со подотворена уста маѓепсан од зборовите функционер, влада. Уште од кога му ја прекинаа пензијата ги пцуеше. Но сега беше горд. Работеше за некој важен. Функционер. Јас, Методија работам за функционер. Сеуште стаписан се исправи, беше горд. Сега ке има што да им каже на пријателите. После години и години тој беше горд. Ке земам плата и ке почастам. За тоа и работеше. За пари и пиење. Беше пензионер но работеше. Лилјана. Да беше жива и таа ке беше горда. Двајцата ке излезевме, Лиле ке ми го испеглаше сакото и ке отидевме во парк. Јас, маж и и пензионер, имам сили да работам и тоа за кого! Функционер во влада.
- Добро, господине. Ке побрзаме – рече Методиј и се врати на своето место.
- Не мора да брзате. Само да биде готово на време. Сега морам да одам.
- Господине Сребров! Господине! Почекајте! Господине! – викаше Методиј.
Што му е?Чичко Методиј е луд. Како може тој педер да го вика господин. Господине, господине, господине.. море да му ебам сестра. Иди си. Марш надвор. Паркетот сакаше да се скрие на старецот со тромав трк. Види го, отрча!?
- Господине!
- Кажи Методиј.
- Само сакав да Ви.. Ви кажам. Односно да Ви се заблагодарам за работава што ми ја дадовте. Немав прилика до...
- Но Проблемо – се насмеа Сребров и побрза надоле по скалите бегајќи од рацете. Рапави раце. Ке ме направи лом.
Старецот остана да стои пред вратата со исправена глава од која блескаа очите. Се намурти и се врати решително, но не пред да фрли последен поглед полн со почит кон скалите. Господин Сребров. Добар човек. Затоа е и господин. Добар, добар човек. Ми наоѓа работа. Господин.. Мора да работиме. Времето лета брзо брзо ... И брзо погледна кон часовникот. 9 и 27. Одлетало. Сепак тоа се движеше со истата брзина, без врска колку и да Методиј се обидуваше да ги преполови, да ги пресече секундите.
Сонцето полека навлегуваше низ прозорците. И рамките се скапоцени, така мислеше Кирил. Но сепак сонцето и светлината не им го отргнаа вниманието на работниците. Едниот да зацврстува, а другиот да ги реди рамките за слики, статуетките, држачите за пенкала... Ѓубре со лажлив изглед. Многу пари има тука. А само ние двајца. Толку ли ни веруваат. Ситни предметчиња има. Можеби вредат нешто, размислуваше Кирил. Не, не, не е можно да се скапоцени, а само ние двајца. Чико Методиј не гледа. Старецот ковеше. Можеби е пребројано се. Кирил се наведна. Две-три доволни се ... АУ!
 




 

с:сребрени златни никакви, 2 дел

- Што? Што? Што се случи? Кирил, што се случи? Што ти е? Леле, дете!
Толку скапоцености, а само ние двајца. Има пари. А само ние двајца. Ке и купам нешто на Марија, посакуваше Кирил. Погледна кон старецот. Чичко Методиј не гледа. Доволно е само.., му беа мислите на Кирил додека се наведнуваше... АУ!
Сонцето осветлуваше. Сказалките отчукуваа. Чеканот сопре. Паркетот крцаше. Стариот подрипнувапе околу кутија. Младиот си го пцуеше прстот стиснат со другата рака како да сакаше да си го извади, да го извлече. Не го сакаше тој прст, не беше негов. Болеше.
- Кирил што се случи? Кирил? Што беше тоа?
- Ми се протна нешто под ноктот.
- А тој звук? Што се скрши?
- Помислив дека е змија – одговори и направи гримаса додека го вадеше нештото од ноктот. Си го присвои прстот назад. Пак беше негов.
- Змија? Каде? Каква змија? Што беше тој звук? – сега посмирено праша Методија кој се освести од змијата.
- Не знам. Отскокнав назад и удрив во една од кутиите. Таа таму. Нешто се скрши. Да ја отвориме кутијата чичко Методиј, а?
Звукот на скршено стакло ги предупреди рацете да не брзаат, да ја отворат кутијата посмирено. Внатре имаше две вазни, идентични, со идентична дупка. Се удриле една од друга. Личат на скапи, од онаа скапа продавница. Наебавме. Ке ни судат.
- Ништо не е чичко Методиј. Ке ги залепам.
Тој ке лепи, јас ке ковам, беше планот на Методиј. Сигурно ке знае што да прави. Внимателни раце има. Млад е. Функционер. Глупо дете што направи. Се уплаши. Ке одиме во затвор. Како ке ја платиме. Наебавме. Тоа се, како беше... порцелан. Кинески, тие скапи се. Функционер. Требаше јас да... Наебавме.
- Како оди? Те молам, побрзај.
Побрзај? Делчињата испаднаа од нервозните раце. Саат ипол лепам. Една да, две се многу. Личат на скапи. Чичко Методиј тврди дека се, но тој секогаш зборува за скапи работи. Стенка поради Сребров. Или господин Сребров како што го вика. Педерче. Му наоѓал работа. Ползи сега. Функционер Ма што ми е гајле. Доста лепам, ке правам пауза, ке и се јавам на Марија, таа ке знае што да направам со ова. Уште го болеше. Новата тишина што се појави помеѓу ударите на чеканот, го вознемири Методиј. Ги снема кристалните звуци.
- Што правиш? Заврши?
- Ми треба пауза. И така имаме доста време – рече, се сврте и отиде во ходниот да се јави
Имаме време? Е, немаме време. 11 и 15. Јас уште треба да довршам некои работи, уште работа а тој - пауза. А вазните? Е тој ке ги плати. Се ке кажам на господин Сребров. Тој ги скрши, тој ке ги плати. Функционер. Јас цело време работам. Тој ги скрши. Вистина беше.
Чукањето продолжи. Овојпат посилно и уште посилно, па најсилно. Чеканот ја удираше главата, ја разбиваше главата. А таа само зборуваше по телефон. Колку посилно удираше толку погласен беше гласот. Битка. Во бој во бој во.. ке се видиме, чао... тишина. Стивна се. Се предаде. Се потчини. Чеканот се смири и продолжи по вообичаениот рамномерен такт, како секогаш што биеше.
- Завршивте? – праша Сребров појавувајќи се пак од никаде. – Супер сте средиле? Сега личи станов на канцеларија. Одлично. Да ви платам сега, а?
- Плати. – рече Кирил и се исправи, придржувајќи го кафето додека дуваше во прстите да го исуши лепакот. Престана да дува кога го виде Методиј.
Методиј полека и со озбилен израз пријде до Сребров. Се поздрави и почна да шепка. Непријатниот шепот го наруши пладнето, само сонцето си играше со тазе излакираното дрво и сјајните разноразни дрангулии. Беше светло внатре.
- И на двајцата по пола. Ти си постар, ти си одговорен. А друг пат кога ке те викнам да работиш пак, ке си знаеш. Договорено?
Сребров искусен кога се работеше за пари само го потчукна по рамето и се насмевна. Заштеди цела двонеделна плата за некои вазни, глупости, не го ни засегаа. Одлично.
Еден до друг стоеја пред зградата. Еден со наведната глава, Кирил со насмевка. Брзо ја стави раката во џеб, напипа и ја извади тапкајќи по џебот. Сребрениот слонот, со позлатени уши украсен со минијатурни бисери, беше мирен. Ке излеземе со Марија. Се сврте и го виде Методиј како копа со очите по асфалтот. Сонцето му го осветлуваше келавото теме. Како што светеше лакот од дрвото. Како беше - махагони, бамбус? Чичко Методиј ке знае.
- Да частам пиво чичко Методиј?
- Па.. може. Кирил извини.
- Ништо.
- А, сакаш да одиме на бинго?
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
































































































































































































 

  д:дома