т:темплум  


2007:јануари/февруари
општ конкурс

д:друет ирена




 

г:грешка

Беше рана пролет кога веќе неможеше да чека да и се смилува Бога на сите помолени нешта. Вербата ја напушташе и се повеке мислеше дека залудно ги потрошила сите искрени реченици пуштени низ ветерот сами да си го наоѓаат патот. По се изгледа патот по кој одат молбите или е премногу тежок или пак патоказите изчезнаа. Кој знаеше, Можеби сите приказни за големиот се само измислени за да им даваат некаква надеж на сите загубени души.
"Бог е само во нашите глави, ни го поклонија како некоја голема визија за да ни е полесно." - си мислеше онака сама во себе.
Веке беше навикната сама да си го бара одговорот, но си мислеше дека мала помош ке и беше од голема полза.
Постојаната борба со самата себеси веке долго време и беше приоритетна работа ,онака неисплатлива, но од неа немаше ни потешка ни полесна.
Чекореше бавно и дисхармонично по улицата неколку пати минувајки крај саат кулата.
“Мора да биде овде” – неколкупати си помисли сама во себе додека со погледот ја меркаше висината на старата кула. Целиот живот и минуваше низ главата, сакајки да се присети на се кое ја излудуваше и зошто сакаше да полета. Ако некоја убава мисла и залуташе наеднаш ке ја отфрлеше, несакајки ништо да ја одврати од замислата...
Никогаш не ни мислеше дека вака ке заврши. Последното кое ке го види ке биде погледот на градот, а последното кое ке го слушне милозливата песна на птиците од паркот. Колку совршен ден за крај. Готово, се беше решено само уште остана вратата на кулата да е отворена .
Направи неколку чекори нанапред, самата факајки си се како грациозно и самоуверено се движи кон вратата, се насмевна за прв пат по толку време и продолжи, само уште чекор и фалеше од влезот.
Само што ни овај пат немаше среќа. Вратата беше затворена. Се сврте лево, па десно барајки го чуварот, на кој мислеше да му каже некоја симпатична лага за да успее да се качи. На врвот. Се уште ја немаше смислено, но некако ќе ја стокмеше, само прво требаше да се најде. А од него ни глас ни трага.
“Можеби сепак има бог” си помисли и замина забрзано факајки го првото такси.
Стигна пред неговата куќa, плати оставајки бакшиш само и само побрзо да отиде. Не ни звона на вратата, влезе дома како кај свое и ја отвори врата од дневната.
На креветот лежеше тој, неможејки да проговори, ја отвори устата сакајки нешто да изусти кога таа почна лека полека да ја соблекува облеката од себе. Тој ја гледаше збунето, немо, немаше зборови, немаше ни време да проговори.
Што правиш? - најпосле проговори кога пред себе ја виде гола како од мајка родена.
Направи го, ајде тоа цели седум години те мачи.
Што? - ништо не му беше јасно
Сакам да водам љубов со тебе и ти сакаш, нели само тоа сакаш ништо друго, ете сега имаш шанса. Никогаш не си сакал ништо друго од мене. Зар не? Секој пат кога и да посакав да разговарам со тебе секогаш гледаше некаде во празно, само зелените очи и поодкриеното деколте беа видливи.
Почна да и ги собира работите од подот и една по една да и ги облекува. Не се обиде дури ни да ја погали иако чувствуваше огромна желба за тоа. Само можеше да се слади од нежниот мирис на нејзината кожа,без таа да разбере.
Грешиш... никогаш не си ме разбрала, незнам ни дали ќе ме разбереш. Тебе те сакав и додека ти ме одбиваше, пред сите се трудев да ја скријам болката, правејки се мачо тип. Сиве овие години те посакував те замислував како моја најмила, се будев и заспива со мисла за тебе, се молев да можеш да погледнеш подлабоко во моите мисли и да разбереш се, зошто никој пат не ме слушаше. Дури и кога ке пробав да ти објаснам никојпат не мислеше дека јас сум вистинскиот, мислеше на оној другиот. Сега се е поинаку. Те сакам и ќе те сакам и никогаш нема да ги заборавам овие зелени очи...
Ја бакна по челото и ја испрати до вратата да замине.
Оди дома те чекаат - беше последното што и го рече, а знаеше дека треба да и каже уште многу нешта, ама не беше сигурен дека сега ке имаат смисла. Требаше да и каже дека навистина беше празноглав, но немаше сила да ја фрли кривицата на себе. И без тоа беше касно.
Повторно чекореше сигурно и веке не и беше јасно ништо. Ама потполно ништо. Веќе не ни знаеше што било, што е, што ќе биде. За неколку минутки се најде пред куќата.
Ја отвори вратата од дома и тогаш и стана јасно за колку малку, ако само вратата беше оклучена од кулата, никогаш повеке немаше да си дојде дома. Слушна како некој пее. Слатко си се насмевна и влезе во собата. А внатре ја чекаше маса послана со црвен чаршав, неколку мали запалени свеки. Две поголеми, две чаши со вино, две чинии... се по две. Еден распеан маж, нејзиниот сопруг кој слатко и се насмевнуваше и и потпевнуваше......
Здраво мила......
Со огромна радост го прегрна, почна да го бакнува брзо и бесно. Неколку солзи сами и се лизнаа по образите.
Зошто плачеш,? ја праша
За тебе, му одговори
Зошто за мене?, се зачуди
Затоа што те сакам
Зарем досега не ме сакаше?
Не, брзо возврати
Нешто ми си чудна, ајде да јадеме, и ја намести столицата за да седне. Колку ке изгубев, ако вратата беше отворена, си помисли и почна да јаде.
 




 

н:нема да должам многу

Нема да должам многу, и велам, ако надвор продолже да врне ке не поплави. Мора малку повеќе да мислиме како понатаму. Дали ме разбирш? Веке пола визба е под вода. Ме слушаш ли? Зимницата ке ти се потопи, знаеш онаa зимница што мајка ти ја направи, дрвата се веке водени, немаме огрев.......... Ало има некој? Ме слушаш ли? Дали нешто воопшто ме разбра да му..... мајката. Да не сум се побудалел или сам си зборувам, да не онемев та мислам дека зборувам!?
Најпосле стигнувам на фотелјата каде таа седи, а таа со слушалки на ушите слуша музика од вражулето и си потпевнува. Облечена само од мајката природа си ги бара пропуштените влакна по нозете и ги корне толку лесно како да не осека никаква болка. Скоро заборавив што се и кажав и се што сакав да и докажам, времиња ја немав видено вака сиромашна на облека, веке и заборавив како изгледа. Молчеливо за да не ме чуе се доближувам до неа, за да и се насладам на нејзината боженствена убавина кога на една од нејзините гради забележав благо црвенило кое веке поминуваше да темнее......... Колку само малку ја познавам, а колку многу далеку знае да отиде.............

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања















































































































 

  д:дома