т:темплум  

 

д:димитров трајан



п:
пoгрешни чекори

  “Сине” – ми велеше татко ми некаде при крајот на мај, осумдесет и шестата година, непосредно по завршувањето на гимназијата – “не сакам да ти се мешам во изборот, но според мене најдобро би било да се запишеш на земјоделски факултет, па дури и да не најдеш вработување” – продолжуваше татко ми – “со акумулираните агрознаења од професорите и докторите по земјоделски науки можеш солидно да живееш со трите хектари земја што ти ги оставам. Но, сепак ти веќе си зрел за да одлучиш сам” – ќе завршеше татко ми.
  Јас не го послушав татко ми, не дека му беше лош предлогот, туку причината беше мојата професорка по марксизам која ме задои со марксизмот и ... се знае, во почетокот на учебната 1990/1991 година можев да предавам марксизам.
  Уште не бев ни почнал да ги подготвувам документите за евентуално вработување, случајно ја сретнав мојата професорка по марксизам која ми рече дека поради промените на системот во државава и таа останала без работа. “Mора да се бара друго чаре” – ми рече колку да ме утеши, свесна дека е “највиновна” за мојот четиригодишен од во празно.
  За бадијала поминатите четири години и трошењето пари од татко ми, совеста и ден-денес ме гризе, а со залудно потрошените пари на државава за нашето студирање на тој факултет ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ.
  Дали поради залудно потрошените пари или поради тоа што не го послушав, наскоро татко ми се разболе и си замина од овој свет. Видов - не видов, другото чаре на мојата професорка го најдов во обработувањето на земјата што ја остави татко ми. Имав, колку - толку, некакви познавања од кажувањата на татко ми и есента ораниците ги посеав со пченица и јачмен, додека на лозјето и овоштарникот извршив кроење. Потоа, се знае, ќе се чека пролетта – си мислев.
  Но, додека зимата зимуваше кај нас, таа година мене повеќе ме прогонуваше совеста за она ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ за државата, та нели и таа самата не знаеше што ќе се случи. Затоа, за да се раздолжам на неа, со повеќемина истомисленици во моето село формирав еколошко друштво. Знаев дека со мојот марксизам Македонија ќе ја оддалечам, но со екологијата ќе помогнам да влезе во Европа.
  Во почетокот, јас како претседател на друштвото, предложив некои активности и сите се реализираа. Но, кога дојде пролетта, се случија некои непредвидени работи. Имено, со доаѓањето на пролетта житата почнаа да растат, а заедно со нив, се разбира, и плевелите. Овошните дрвца и лозјата почнаа да се развиваат, а со нив и болестите. Сите почнаа да ги прскаат (третираат) житата со хербициди, а овоштарниците и лозјата со инсектициди, само јас не го сторив тоа. Не дека не знам дека без третирање нема бериќет (та, нели татко ми беше рекордер во производството на многу култури), туку, јас како претседател на еколошкото друштво не би смеел да ја загадувам човековата околина со хербициди и инсектициди, кои испуштаат тешка и отровна миризба која се разлева и по неколку километри и по неколку денови.
  Таа година, како и сите овие, амбарите и визбите на сите се полни, а јас едвај врзувам крај со крај, но останувам доследен на еколошките правила.
  Чув пред некој ден дека сакале да ме предложат за доживотен претседател на друштвото, само не знам дали ме ценат или сакаат да умрам од глад, оти спечаленото од татко ми е при крај.
 

а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





































 

  д:дома