т:темплум  

 

г:гацова кристина


г:
години: 22
с:се занимавам со фотографија
д:досега објавено: досега немам објавувано уметничка литература


р:
роден сум проклет

  Мајка ми била змија во блуден грев фатена како ме зачнува со Плодилото човечко. Извиена околу откинатото плодило ја затекле. Со камен главата и ја смачкале, од главата излегло белилото човечко што во себе собрано го имала. Утробата и' ја отвориле, во неа мене ме нашле.
  Проколната била да ги откинува плодилата човечки, белото да им го собира, семето човечко во себе да го чува, од него пород да не остави да има. Сподобија грозни раѓала, светот со нив го полнела.
  Ставила проклет печат на светот, мене во него ме оставила.
  Проклет сум што не сум роден од неа, а од утробата сум и изваден, ваков недоправен. Битијата човечки што ме нашле не знам зошто ми се смилувале и со студен камен не ме дариле. Погрозен од другите не сум бил, оти грозотијата била последна што на битијата им се давала, а јас одвоен од последното сум бил.

 

а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

  д:дома