ш:шентевски кирил
г:години: 22
с:студент
е:еден
од тројцата автори во книгата со кратки раскази
'Не сакам да ви кажам ништо'
с:сладок живот
Оркестарот свиреше. Хафнер 385, симфонија од Моцарт. Младичот, кој
повремено доаѓаше да ја слуша градската филхармонија, овој пат седеше во
средината. Ја гледаше девојката што свири на флејта, неговиот омилен член
од оркестарот. Ана, беше нејзиното име, го забележуваше секое негово
присуство. Кога ја симна флејтата, го погледна право во очи. Тој се
возбуди. Од музиката или пак од нејзиниот поглед. Симфонијата бурно
течеше. Флејтистите повторно ги земаа своите инструменти в раце и
засвиреа.
Подоцна во ноќта. Флејтистката ја држеше
светнатата ќелава глава на колегата виолинист помеѓу нејзините раширени
нозе. Мислеше, колку сладок е животот.
ф:филм од
соништата
Отидов на кино да гледам филм.
Мумлајќи нешто нејасно, се разбудив. Сум заспал и сум сонувал. Некои од
луѓето околу мене ме гледаа. Некои насмеани, некои сериозни. Излегов
надвор. Воздухот беше свеж и ладен. Одејќи по влажната калдрма, од
невнимание, мое или негово, згазнав еден гулаб. Не го повредив ништо
сериозно. Но, за одмазда, еден гавран - негов познаник, зеде со клунот
еден камен, летна нагоре набрзина колку што можеше повисоко, го пушти
каменот и ме погоди право по глава.
Кога станав, главата ме болеше.
ш:што ме стресе
така...
Што ме стресе така, та ме разбуди?
Тоа што го видов е вистина или илузија?
Какво е ова присуство?
Какво е ова чувство?
Можеби ќе има земјотрес!
Да не се случило нешто лошо во светот?
А да не умрел некој?
Не. Нема да спијам!
Ќе чекам да се раздени.
Ќе читам.
Читам.
Но што се случува позади мене? Позади мојот грб;
А, позади вратата?
Има ли некој?
Некој непознат?
Кој е?
Ќе се отвори ли?
Погледнувам низ прозорот.
Зградата спроти ја нема.
Исчезнала!
Само црнила.
Во становите нема ниту една вклучена светилка.
Дали предметите во ноќта навистина стануваат црни
или пак само не се осветлени?
Зуење.
Во мојата глава или во просторот?
а:автори