т:темплум  

 

б:бошковска елена







 

Илузија или не?

Тивка вечер. Прекрасна вечер, создадена за нив. Со самото нивно влегување во неговиот мал стан, собата се исполни со топлина, неопислива светлина и пред се љубов. Тој ја држеше силно за раката, не сакаше да ја пушти. Се плашеше да ја загуби, знаеше колку тоа го боли.
Поради студиите живееа во различни градови. Се гледаа премногу ретко. Страста им ги копаше срцата. Веќе ја беше надминала црвената линија, но сепак во овој тивок миг тие се воздржуваа. Тој се сврте накај неа, го фати нејзиниот поглед и се се смени. Мислите лебдеа околу нив. Имаа толку да си кажат, но како да заборавиле да говорат. Чувствата ги збунија. Тој ја гледаше толку длабоко во очите што мислам дека прочита дека таа сеуште премногу го сака. Фалеше нешто.
Бакнеж. Страстен бакнеж. Линијата се скрши. Сега постоеа само тие на овој свет. Следеше и друг бакнеж. Ја држеше толку силно во својата прегратка, можеби и ја повредуваше. Од нејзиното око се пролеа солза. Солза од среќа и со прашања. Што понатаму? Дали секогаш, 4 години, ќе биде вака? Таа нема да може да издржи толкав притисок и болка, каде копнежот ја онеспособува за се друго, освен потајните мисли да го држи во прегратка. Како тој момент. Солзата беше топла и се слеа со нивните бакнежи.
Одеднаш и се препуштија на страста. Секој бакнеж беше поубав од претходниот. Почнаа да губат контрола. Вртејќи се така низ станот, почнаа да паѓаат предмети. Одејќи накај спалната соба, го притисна нејзиното тело на ѕидот и ја бутнаа вазата со црните рози. Ништо страшно, си помислија. На кој би му било гајле за таа ваза со црни рози, која стоеше тука откако тој се всели. Не ја беше ни погледнал, само ја собираше прашината и даваше некоја мрачност на просторот.
Конечно зашеметени стигнаа до неговиот кревет. Мал, студентски кревет, но удобен. Во целата соба се чувствуваше некоја чудна топлина која уште повеќе ги подгреваше страстите. Силно ја фрли врз креветот и ја гледаше неколку мига. Таа беше толку убава. Совршена градба на телото, црна долга коса. А тие зелени очи.. И во најголемиот мрак го прогонуваа. Иако светлото беше пригушено, сепак совршено можеше да ги види тие очи, кои го опија уште толку.
Дланките му беа препотени и плашливи. За прв пат требаше да го допрат тоа што досега им беше забрането. Легна врз неа и почна да ја гали. Ја бакнуваше нежно, полека, не сакајќи со ништо да ја повреди. Полека почна да ја соблекува, како и она него. Конечно неговото голо тело, го допре нејзиното. За момент осети морници, но одеднаш тие станаа најубавото нешто што го почувствувал на себе. Не сакаше да брза. Полека ја галеше, знаејќи дека е целосно негова, и дека секогаш ќе биде. Ги затвори очите и се предаде на тие чувства.
Повторно морници по телото. Овојпат студени, ладни, никакви.. Во него внесоа страв. Што се случи? За миг ги затвори очите и тогаш во главата почнаа да му се создаваат некакви црно бели филмови. Сакаше да ги отвори очите, но не можеше. Повеќе слики му се вртеа, а гласовите што почна да ги слуша, му го параа мозокот. Секако се обидуваше да излезе од овој кошмар, но пак не можеше.. Се што можеше да забележи од сликите беше една ужасна девојка, која го осудуваше и црни рози чии ливчиња летаа насекаде. Почувствува како некој силно го турна. Се освести конечно. Седеше стуткан на подот од неговата дневна соба. Како ли се нашол тука?
Се беше изменето. Ги имаше алиштата на себе. Се сврте лево, каде што стоеја неговите книги, сите беа растурени. Прозорецот беше отворен. Целата соба беше исполнета со страв, чудна мрачна светлина која го убиваше. Се обиде неколку пати да се разбуди, мислејќи дека е само сон. Неуспешно.
Собра сили да стане. Целата соба беше превртена, како некој да влегол и да уништил се. А земал и дел од неговата душа, бидејќи чувствуваше голема празнина. Се сети дека беше со некоја девојка во неговата соба. Отиде да ѕирне.
На неговиот кревет имаше распостелено ливчиња од роза поставени како контурите на една девојка. Имаше и крв. Многу крв. Секакви мисли му поминаа низ главата. Најлошата го наведуваше на тоа дека извршил убиство. Сакаше да избега од таа помисла. Па не ја ни познаваше девојката, како би можел. Помисли дека ако излезе од станот се ќе биде во ред. Ја напушти собата, и на излегување стапна на стакло. Тогаш ја виде скршената ваза, локва вода, но розите ги немаше. Па да, нели ги виде на креветот.
Кога стигна до вратата, примети дека е заклучена. Каде ли ќе ги бара клучевите во овој неред? Почна да расфрла предмети наоколу, помислувајќи дека се наоѓа во безизлезна ситуација. Секакви чувства ми поминуваа. Страв, нервоза, гнев.. Одеднаш вратата се отвори. Иако тоа му изгледаше премногу необично, не сакаше повеќе да размислува, ниту да помине уште еден миг во собата. Истрча надвор во ходникот. Иако сеуште беше премногу слаб почна да трча. Но, ходникот никако немаше крај. Трчајќи, неколку пати од десна страна ја забележа отворената врата. Застана и се издиша длабоко. Слушна некој глас. „Конечно некој помисли на мене“ - се пошегува. Кога се приближи до местото од каде што доаѓаше гласот немаше никој. Проба да отвори една од вратите од соседните станови. Внатре немаше ништо, само празна соба, а на средината на собата крв. И повторно ливчиња од розите. Мислеше дека е премногу уморен и сликата му се повторува. Влезе во наредниот стан. Празна соба, но кога ѕирна низ вратата накај спалната повторно истото. Не му се веруваше. Излезе од станот. Седна на подот. Целиот се тресеше. Си помисли дека има две решенија на ова. Или некој го мести, или тој самиот ги убил сите додека ја имаше онаа чудна вртоглавица. Но, како? Не можеше да се сети на ништо. Се чувствуваше како да е заробен во својот ум. А умот му приредува трагична претстава. Почнаа да му течат солзи. Се почувствува како мало дете, неможејќи да најде излез од оваа илузија. Или сето тоа беше така? Можеби се друго било илузија, а ова реалноста. Повторно почна да слушна гласови. Сега беа повеќе. Се мешаа и неможеше да распознае ниту еден збор. Се повеќе се засилуваа. Стана. Покрај гласовите во темнината виде некоја сила. Нешто чудно како се приближува. Почна да трча. Но, заборави дека колку и да е брз, сепак ќе се врати на истото место. Тоа чудно нешто се појави и на спротивната страна. Гласовите го унишуваа, полека ја губеше свеста. Не можеше да се сконцентритра на ништо. Нешто силно го турна. Само што се созема, уште посилно беше турнат на другата страна. Гласовите стануваа појасни. Во еден момент забележа дека ѕидот почнува да го снемува, од горе надолу. Колку време имаше? Дали е ова неговиот крај? Тие чудни нешта почнаа да го вртат во круг. Се побрзо и побрзо. Веќе лебдеше неколку метри над земјата. Не ја чувствуваше околината. Само сакаше да ги слушне убаво гласовите. Не мислеше на ништо друго освен на нив. Му успеа.

„Дали ме сакаш? Тогаш зошто ми го направи ова? Се беше лага, нели? Те мразам.“
“Што ли ти згрешивме? Не те ни познававме како што треба. Ќе бидеш казнет.“
„Требаше повеќе да внимаваш. Тие рози се посебни. Сега, проклетсвото ќе те следи.“
Слушаше гласови од три личности. Се повеќе и повеќе го осудуваа за нешто. Се наоѓаше во транс. Сега сакаше да се спушти на земјата, но околу него немаше ништо. Гласовите беа се погласни и одеднаш:
„Што ти е? Да не ти е лошо? Не ме плаши вака. Те сакам.“
Осети како почна да паѓа. Паѓаше долго време. Долго за него, иако тоа беа само неколку секунди. Тогаш се сети на се. Се сети на неа, неговото богатство.
Одеднаш беше способен да ги отвори очите. Најпрво се му се гледаше матно, потоа сликата доби поголема јасност. Ја виде неа, го галеше по косата. Го милуваше по градите. Уште еднаш го праша дали е добро. Чудно ја гледаше и се обиде да си ја спои сликата во мозокот. Одеднаш инстиктивно стана и истрча во другата соба. Вазата беше на своето место и во неа сега имаше прекрасни, свежи, црвени рози. Воздивна. Се врати кај неа и продолжи да ја топли со својата прегратка. Сега не му фалеше ништо. Му се вратија сите чувства и знаеше дека се наоѓа до највредното нешто во неговиот живот. По некое време таа го праша:
„Ти се допадна сето она што го правевме?“ Тој кимна со главата збунето, бидејќи не се сеќаваше на ништо. Остана прашањето во него. Како и зошто му се случи сето ова?
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

































































































































 

  д:дома