т:темплум  

 

e:enita



м:мизеријата на еден жив створ

Кој крај да се фати
Гадот миризбата ја следи
И чекор пред твојот
ќе те стигне,
Без предупредување ќе те сопне
Пред бездната
На она од кое бегаш

И до кога, до кога кругот ќе се врти
Каде е танко,,,, нема, не се кине
Пуцаш и плукаш, и викаш, и се дереш
И кинеш, И клоцаш, И пцуеш,
И повраќаш, И беснееш, И крвнички маваш
Но со твојата рака на сопственото тело
И лузните пак се твои
Тука се, те потсеќаат на горчината на грлото
На звукот на сирената, на возот
Рани зори, ма ноќи се тоа
Зората е за аристократијата
И те влече, иако стоиш во последниот вагон
Како да сакаш да остнеш, или побавно да стасаш
Таму е, тебе те бара, ти на него храната ја чекаш
Рудникот на кој не пишиува среќно
Не пишува ништо
Ама ја чувствуваш во жилите
Неговата моќ над твоите дејства
Само умот остана слободен
Да се бори со збор,
Но не, не е слободен
Врзан е за неправдата, за излезот,,,,
За визијата нема место
Визијата е за аристократијата

Се кине не срце ами сликата на животот
Фрагмент заборавен, што е живот рече?!
Скршено срце го срамнува твоето постоење
Мислиш дека постиоиш?!!
Скрати си ги маките
Цркни го мозокот,
Пократко ќе трае,
Секако те нема
Мислиш некои гнаси мислат
На тебе?!
И ти ја кројат светлата иднина?!
Ха, светот мора да држи илузија
За оние, што се закана за бунт
Но не и за револуција

Револуција?!
Беше тоа кога постоеа луѓето
Кои го цицаа мајчното млеко
Кои ја слушаа приказната
што од колено на колено се тркалаше
што признаваа слобода на умот
што ја дишеа мудроста преку книгите
што занеа за цел,,, јасна, незаразена
со цинизам, фуга, лажна бораба, лицемерие, подлост...глад

Нема лажен оптимизам, нема дупка та да се спровнеш
Грдосија, скапува трупот,,,
А ти?
Што правда ќе бараш?!
Слепец за на буниште
И таму ти е многу
Стегни ги муцките
Немаш право
Правото е за аристократијата
Гадости
Затни го секој отвор од каде воздухот
Ти носи луди надежи
Не кревај поглед
Жив закопај се
Згмечи го секој чин
Кој те влече во глутната соба
Уништи го секој знак
Кој укажува на твоето постоење
Остани човек
Достоен на своето ти
што некогаш си постанал
Ако си...
Остани човек!
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










































 

  д:дома