д:душко гошевски
1:13
ПОЧЕТОК
Ова не е љубовна поезија
Ниту е родољубива ( не пишам кохезија)
Не е битно рима да има
Ниту треба да штима
Ова е крик младешки
Ова е бунт (не пишам стратешки)
Ако е јасно молбено горенаведеното
Да се симнеме на долуподвлеченото
Вреди ли да се пишува апсрактно
При маката конкретна
Вреди ли да се воспева месечината
Кога се пропагира темнината
Ако ова ја види светлината на денот
Стигнал самракот
Но ако овој монструм
Го читаат наредните генерации
Нека се подсетат на нашите
срцепарателните ситуации
Драги мои потомци ова не е клише
Ова е мојата Беатриче
Ако не ја знаете Беатриче
Ова е ваша реалност
Која ќе ве глода и боцка
До наредните…
БЕЗ КОМЕНТАР
Во сржта на творот
во јадрото на злото
го пронајдов идолот
во сржта на науката
во јадрото на идеологијата
пак мојот идол
во сржта на битот
во јадрото на идентитетот
о , не , не повторно
во сржта на корупцијата
во јадрото на криминалот
веќе те очекував
во сржта
во јадрото
во мене…
ИСТИ К***Ц ДРУГО ПАКУВАЊЕ
Крај потокот на надежта
крај изворот на верата
кај врутокот на човечноста
крај мудроста вековна
стојат глобалистите
го зазедоа местото на
ројалистите
социјалистите
феудалистите
црковистите
односно
истите
и го бранат
и штитат
како на Тито бистите
да , да,
тие истите
За идниот ГЛОБ-ОКУ-ПАТОР
Дали е некој свесен во мракот
или е слеп при крахот
дали е некој глув при рафалот
или е прост ко бафало
дали сме свесни за колонизација
или сакаме окупација
дали сме херои на самобитот
или сме љубители на еврокичот
дали сме потомци на востаници
или сме љубители на НАТО припадници
дали ќе го послушаме Ниче
или ќе дремиме како п**е
и за крај
дали е ова националистичка кампања
или се анти конфедеристрички срања
нит е ова националистичка кампања
нит се анти конфедеристички срања
ова не е ни македонска авангарда
ова е анти колонизаторска самосвесна парада
Мрачниот
занает
Крај Вардарот ќе потече
лајна ќе протече
девиза ќе пренесе
брука ќе нанесе
провизија ќе затресе
и најмило ќе се растресе
грубост ќе донесе
и во поезијата ќе ја пренесе
имун нема да опстане
ниту млекото мајчино
ниту џагорот детски
ниту песната славејска
ниту рибата езерска
НА КУРВАТА – ПОЛИТИКА
ВЕЛИКАНСКА ЕЛИТА
О мој кралу
О мој императору
О мој царе
О мој попе
О мој лорде
О мој господаре
О мој кнезу
О мој бану
О мој војводо
О мој бегу
О мој секретаре савесни
О мој директоре безвезни
На сите ви се поклонувам
Ама ЕДЕН почитувам
На сите ви служам
Ама на ЕДЕН сум слуга
Простено нека ви е
Од мене…
ПЕНЗИОНЕРСКА СУДБА
Радоста на најмладиот
ја диригира
стариот
мудроста на внукот
од волјата старечка завиди
млекото кисело
тој го нуди
лебот шуплив
тој го повела
среќата семејна
тој ја предодредува
поколението негово
тој го издржува
пелените први
дедото ги купува
цуцлата прва
од него е зајмена
млада државо
на твојот ден го пишувам ова
радувај се на свесните старци
опамети ги несвесните
оти надежта твоја
и моја
се тие
сиротите…
КУКАВИЧКИ ЗБОР
Капка ли е поетски збор
Не тука
Солза ли е поетски збор
Не тука
Роса ли е
Њубов ли е
Надеж ли е
Крв е нашата поезија
Иако сме несвесни
Бол е нашата судбина
Иако не знаеме
Црна е судбината наша
Поцрна не била
Црвени се плоштадите наши
Но не од крвта револуционерска
Ами од срамот народен
зелени се парковите наши
но не од тревата росна
ами од умот нивен татковски
жолти се тапетите училишни
но знаеш од што
бели се само
насмевките детски
и желбите нивни
за подобар живот
ОДА НА ПОБЕДНИЦИТЕ
Кој го веел орелот
Сигурно ги видел оние што ја веат
опашката лавовска
Оној што ја веел петокраката црвена
Сигурно ги видел оние што го веат
крстот кукаст
Кој го веел знамето крстоносно
Сигурно ги видел оние што ја веат
Месечината сараценска
Оние што вееле барјаци
Ги виделе спротивните
Оние што везеле барјаци
Се паметните
што го везеле знамето
и го избегнале крвопролевањето
( против сите војни и крвопролевања)
ЗА НАШИТЕ НАДЕЖИ
Кој ќе ја најде крвта
на воените водачи
Кој ќе ја најде совеста на
античовечките кодоши
Кој ќе ја најде мудроста
на човечките кликери
Кој ќе ја најде визијата
на големите лидери
Па да го прогласам за
БОГ
Оти ни БОГ не може да го најде светост
во душите сатански
РАДОСТА НА ЖИВОТОТ
Првиот крик животен
се слуша отаде клиниката
Нова звезда блесна
на земјата проколната
Крвта негова е околу него
како и роднинската
Таткото во блиската меана
тмурно прославува
Поздрави се редат
а радоста не е конечна
Но дојде денот на конечна радост
победата на партијата
победата на светлината
на неговата
Седум дена и седумноќи
прославува црни Арангел
Се радува чиниш син му се родил
а радоста е поголема
НУЖНО ЗЛО
Препорака до неписмените
да ги прашаат пописмените
на најпророшката аристотелска мисла
на претходната ера
Ако не знаат
ве лажат
Ако знаат
не ви кажуваат
затоа јас ќе ја откријам тајната
која сите ја знаат
затоа јас ќе ја рушам мистеријата
која е јавна
На еден светол ден
кога лицето негово сјаело
рекол:
Политиката е нужно ЗЛО
Несреќен е број 13
кога поетот не може низ толку песни
да ја искаже агресијата
Несреќни се и сите наредни броеви до бесконечност