т:темплум  

 

к:каранфиловска лидија

н:неспокој

Луцидно озарена
во недоглед од броеви...
Цифра сум
Престорена.
Во допир со себе
природата
што во себе ја носам
ми прави земјотреси
и слични катастрофи.
Изгледам зафатено.
На лицето, навлечен нормален изглед
Дланките ми отекуваат
Внесувам податоци
Кој податок сум јас?
Од вселената гледана
Која цифра, кој број?
Неспокој!


ч:чудесен облак

Исто е местото
и ноќта пак
со исти нагони ме пои
но простум напред гледам
времето стои.
Знам дека ова чувство
некогаш облак ќе биде
чудесен и убав
Ќе си го носам сегде
како воспев, како смеа
И ќе ми капе тага од него
како дожд саги ќе се леат
кога ќе молчам и горам
кога простум ќе стојам
Ќе најде миг
ќе најде пат
стутулен во мене како жарче, ко плам
Овој облак ќе заплаче еднаш
знам...


г:голтнав...


Сакав многу да ти кажам
Ми дојде многу да ти речам
но, с'е голтнав
како ракија блага
слатко и неповратно
голтката ме пече...


о:осамена вселена


На почетокот беше ти.
Бев и јас.
С'е друго,
после нас...
Осамена вселена.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































 

  д:дома