т:темплум  

 

к:каранфиловска лидија

п:патник


Сите летни сандали кои си ги носел се различни модели и секогаш се трендовски. Сите мириси на авантура се разлеани по ветрот. Пиркаат во ритамот на твоето дишење, спомените. Додека гледаш во сликите од сите далечни денови кои си ги оставал по приморјата, се појавуваат и ранците полни со бури и гранчиња од дрво или лисја кои ти се заборавени во косата-сувенир од некоја есенска прошетка во некој град-центар на збиднувањата. И ти во центарот на твојата планета навикнат на животот, орамнодушен, се движиш со изнајмена кола по изнајмените патишта на животот. Со автопат во главата, возиш низ воздишки, страсти, хотели, крикови на галеби, едрилици во недоглед, сонца на заод и зори бели, планински вечни врвови... Вечни ко ти?
Спружи ги белите траки по патот и одбројувај. Колку далеку? Колку долго по тој пат? Исчешлај го времето, збутај ги празнините и направи простор за уште едно патување. Настојувај, пред да дадеш гас, да се сетиш кој си, кој ден е и каде се наоѓаш!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

  д:дома