к:катина ѓиноска
ц:црвено небо
(поетска збирка)
Погрешно Време за Љубов
Беше прекрасен како и секогаш
а јас цела вечер те гледав.
Цела вечер скришно те посакував.
Скришно песни ти пишував.
Сите мигови ги продадов
да бидам блиску до тебе.
Твоите воздишки ги крадев
живеев за момент
да добијам возврат на еден мој поглед.
Ти ги кажав сите чувства.
Го разголев срцето цело.
Се за мене ти открив.
Не ти беше важно колку љубов за тебе имав.
Не ми возврати ни бакнеж.
Светот се сврте.
Сега си тука.
Ми зборуваш за љубов а ти беше тој кој ја уби.
Солзи течат по твојот образ.
Ги бришам но повторно се лијат.
Знам тишината те избезумува.
Солзите и мене ме печат.
Моите усни не се отвораат
а твојата душа моли.
Очите зборуваат.
Погледни ме повторно.
Во нив не си повеќе ти.
Копнеж по Тебе
Игнорирав се што чувствував за тебе.
Мислев минлива опсесија е.
Кога блиску разговаравме,
умирав од желба да те прегрнам,
да те бакнам.
Разни изговори и договори
само за да ги гледам твоите очи
кои беа полни со љубов и живот.
Но сега кога си некаде далеку
безначаен во тој голем град.
Неможам да си објаснам
како таа носталгија не поминува.
Сакам да си тука,
но те нема.
Сакам да ти кажам остани вечно со мене,
но те нема.
Далеку си ми од очите,
но не и од срцето.
Носталгична Илузија
Грев ли е ако кажам дека
понекогаш во темни и носталгични ноќи
кога месечината не ми свети на прозорецот
често, многу често
неможам да престанам да мислам на нас.
Знам,
срцето не се лаже само мозокот посакува
да биде нешто што не е можно.
Не си повеќе мој.
Но никако и после толку време
понекогаш често, многу често мислам на тебе.
Преубави работи.
Пресреќни моменти за да се заборават.
Навираат спомени се повеќе ме печат.
Очите го исполнуваат
она што срцето сака да го види иако е илузија.
Мозокот го оживува
она што срцето сака да го почувствува.
Ако е грев што го кажав ова
нека биде мојот најомилен.
Овие стихови ќе ги повторувам секој ден.
Полесно ми е на срцето
а можеби некаде далеку
ќе ме слушнеш и ти.
Те Барам
Никогаш некој не ми значел,
како што ми значиш ТИ.
Снежни капки паѓаат,
ќе врне.
Има ли среќа на ова невреме,
некаде сам да те најдам тебе.
Да киснеме на дождот заедно
ќе ме фати настинка но ќе помине.
Важно,
некоја минутка да сум со тебе.
Нема да поминат никогаш
овие чувства што ги имам за тебе.
Нема да помине љубовта,
затоа што сум заљубена во тебе.
Не ги затворај очите.
Не го затворај срцето.
Само погледни ме.
Ни овој дожд нема ништо да измие.
Чувствата за тебе остануваат во срцето.
Две далечни Срца
Не видов кога влезе во мојот живот
но почувствував кога допре до моето срце.
Уживав во пријателството,
во разговорите, тајните и слабостите.
Преку рамо аматерски крадев погледи.
Чувствував дека знам се за тебе,
знаеше се за мене.
Бескрајно двете срца беа отворени.
Сега кога немам со кого
за што сакам да разговарам.
Сега кога нема кој да ме утеши
дека се ќе помине ако верувам.
Сега сваќам дека не му верував на моето срце.
Ми значеше повеќе од пријател,
помил, поблизок, само мој.
Срцето ми велеше да ти кажам што чувствувам.
Сакав да те сакам.
Да твоето срце биде отворено само за мене.
Но стравот често ме облеваше.
Како мала срна пред зајдисонце
плашејќи се да остане сама.
Се плашев дека ќе те изгубам и како пријател.
Сега кога те нема и кога нашите соништа беа исти,
што обожаваше ти, сакав јас.
Моите мислења ги делеше и ти.
Сега нашите патишта не се исти
се раскрснаа одамна, но така блиску.
Сега кога можеби си на крај на светов
во милионски градови си малечка душа
или во малечки градови си херој.
Сега сваќам дека те сакав,
те сакав со целото срце.
Срце со срце.
Нема тајни.
Нашите никогаш не чукаа како едно.
Љубов тоа си ТИ
Едноставно ме фасцинираш.
Твојот поглед срце ми грее.
Гледам љубов, помош, свет за тебе и мене.
Можам да зборувам со часови
но да најдам ниеден збор
да ти кажам што навистина чувствувам.
Погледни во моите очи,
ќе погледнеш длабоко во моето срце.
Таму врежано е едно име.
Љубов.
Првата буква за љубовта бесконечно моја.
Тоа си ТИ.
Втората за сите убави и најсреќни мигови поминати со љубовта моја.
Тоа си ТИ.
Третата за болката која не постои повеќе во моето срце.
Постоиш ТИ.
Четвртата за обединувањето на срца две.
Моето и твоето.
Последната за времето да застане за да можам да ти кажам.
ТЕ САКАМ
илјада пати во секунда.
Љубов тоа си ТИ.
Те сакам Најмил Мој
Сакам да можам
да го замрзнам времето
за да можам да ти кажам
дека те сакам илјада пати
во една секунда.
Сакам да можам
да ги растерам сите облаци
таму каде што си ти
и да бидам сонцето.
Сонцето кое наутро ќе те буди,
цело време
нежно ќе те гали и гледа.
А кога ќе зајде.
Ќе дојдам на ѕвездена патека
во твоите мисли и соништа
нежно ќе те бакнам,
прегрнам и ќе ти шепнам.
Те сакам Најмил Мој.
Блиска Далечина
Далечината ништо не менува,
љубовта во срце закоренува.
Шетаат двајца прегрнати, познати
низ моите мисли.
Јас и Ти.
Не си ми само во мислите туку и во срцето.
Во целото срце.
И се додека чука ќе чука за тебе.
Гума нема да може да ја избрише
страста, љубовта.
Заборавот е немоќен бидејќи
овие чувства се преубави и преголеми
и сите мигови заедно поминати
пресилни се,
за да се заборават.
Можат и милиони години да поминат.
Пак ќе се родам за тебе.
Пак ќе дишам за тебе.
Пак ќе те чекам само тебе.
Можат илјадници километри
градови, мориња, континенти
да не делат.
Но ти ќе бидеш тука во срцето најблиску.
А кога срцето е полно,
полни се и мислите и животот.
И се додека знам дека си некаде на сигурно,
дека си добро, среќен, задоволен
ќе бидам среќна.
Затоа што мојата среќа си ти,
кога ти си среќен, среќна сум и јас.
Далечината и заборавот се немоќни
кога срцето искрено зборува.
Нема Крај
Мислев ќе можам да те преболам
но НЕ.
На крај на светот да одев
не ќе избегав од спомените со тебе.
Секој ден значи нов почеток.
Секој ден ништо не се менува.
Секој ден е нов ден.
Секој ден е се по старо.
Прости ми што ќе те сакам вечно.
Во тебе ја најдов сродната душа
но веков е долг и широк
разговорот не е завршен сеуште.
Ако не успеав да бидам со тебе
на овој свет.
На другиот ќе се сретнеме сигурно.
Ти луташе, немаше причина за да ја живееш.
А јас барав љубов, единствено љубов.
Не ја надов.
Твоите очи
Во твоите очи сеуште тонам.
Длабоко допирам во твојата душа
и чувствувам дека те познавам со векови.
Но вистината,
повеќе на знам дали е така?
За друга наутро се будиш.
Со друга го поминуваш времето.
Колку посакував ние
да потраеме.
Колку те сакав.
Сеуште те сакам.
Ако е среќа твоја
да бидеш ти среќен,
а јас да го барам во сечии очи
она што го имаш ти
вечно,
засекогаш
ќе потонам во твоите очи.
Лага
Ноќта осамена
без твоите очи да засветкаат.
Денот осамен
без твојот глас да затрепери.
Се рушеа светови,
луѓето лажеа затоа
изгоре доброто.
Утрото не се мие повеќе
во моите солзи
бидејќи пресушија.
Ги изгоре и солзите
со лагата во очите.
Залудно чекаше,
таа не дојде.
Заспи без сон
разбуди се без мир.
Јас ќе бидам немирот твој.
Ќе се прашуваш каде сум?
Одговорот е во твоите очи,
ќе изгореш сам во својата стапица.
Затворена Врата
Ми зборуваш заљубено.
Ме гледаш восхитено.
Нижеш зборови
како ти значам,
како ме сакаш,
не можеш без мене.
Ти кој ја затвори вратата
за мојата љубов
кога пред не многу години
ти ја дадов.
Ти кој ме отфрли,
сега кога сите те оставија
јас ли сум ти последна утеха?
Жалам,
остатоци не собирам
а уште помалку
во љубов верувам.
Не верувам.
Вратата која сам ја затвори
неможеш сега да ја отвориш
верувај и не сакам да ја отвориш.
Се се враќа, се се плаќа.
Безвредни зборови
Ќе кажев
и ќе лажев.
Од други за трошка љубов
ќе се гребев.
Само за миг
во твои зеници да бидев.
Осудена на пораз.
Одев смело,
верував слепо,
љубев искрено.
Треперев како сува гранка
на мајката.
Плачев како дете
без причина.
Прстите го чуваа срцето
а душата потона
се зави во темница.
Ветив нема да те допрам никогаш
за вечноста до љубовта.
Една Вистина
Злато мое.
Повеќе не си мое
покрај некој друг
ќе сјаеш
без мене ќе живееш.
Љубов моја.
И љубов моја не си.
Некого друг ќе љубиш
на мене
нема ни да помислиш.
Среќа моја.
Далеку си и од тоа.
Среќата не е вечна
јас сум минлива работа.
Животот не е живот.
Среќата е тага.
Златото не сјае на секого.
Љубовта се купува од никого.
На погрешно Место Те Барам
Одбива одекнува
некаде длабоко
во душата
сеуште твоето име.
Постои ли антиотров
за оваа љубов.
Одлив, осека
на чувства и емоции.
Не повеќе.
Крај за сите нив бидејќи
срцето ме боли.
Во оваа долина се е зелено,
а јас лебдам во облаци
и сеуште таму те барам.
Вообичаено ноќна мора
или сон кој сакам
да го сонувам.
Тајни Мисли
Уште долго време ќе немам сон.
Ме мачи совеста.
Молчев и крадев.
Скришно љубев.
Сите бесони ноќи
би ги заменила
за еден збор,
една воздишка
што ќе ѕуни во моите уши.
Полесно ќе ми беше
пустина да поминам,
снег цела планина да стопам.
Тоа што со сето срце го љубев,
не му ја кажав
во очи таа вистината.
Каде ми е храброста?
Времето не е љубов
Ќе залечи ли срце
љубов неостварена.
Удрив премногу силно
во ѕид со главата.
Удрив со главата аме боли срцето.
Сакав а молчев.
Молев а знаев.
Цели ноќи се прашував
зошто
храброст да ти пријдам немав?
Ќе залечи ли срце
надеж без иднина.
Знам,
што пропуштив не се враќа.
Нема да плачам иако ми е тешко.
Нема да жалам иако срцето ми е скршено.
Љубов е тоа
го пуштив да биде среќен
тој што го сакав.
Тагуваш Ти но Тагувам и Јас
На ова место ти ветив
Љубов.
Се што направив беше
преголема тага
Тагуваш ти, тагувам јас.
Никогаш повеќе заедно знам.
Оваа болка е преголема
Овој живот е прекраток
Да сакаш а љубовта ти го крши срцето.
Се е бледо залудно.
Се е чудно бесмислено,
кога нема ноќва
јас да те милувам.
Прекратко се знаевме,
предолго се каевме,
згрешивме а шанса не си дадовме.
Тагуваш ти, тагувам јас.
Никогаш повеќе заедно знам.
Да сакаш а љубовта ти го крши срцето.
Лек за Душа
Ми читаш песни љубовни
и ми пееш за заљубени.
Најдобар си глумец ти,
кажи колку маски носиш
кажи, кажи ми?
Во облаци ме возвишуваш
ме правиш најсреќна
па ме срушуваш.
Длабоко во душава ми треба утеха.
Длабоко во душава знам имаш
друга опција.
Јас сум ти само за забава.
Длабоко во душава ти си лек за рана.
Додека си тука делува
а кога исчезнуваш ме убиваш.
Тивки Солзи
Тишината краде спомени
а ноќите секогаш сами неуморни.
Нема звук, нема глас,
нема ништо.
Мигот е вечен а часот деценија.
Го замрзнав времето
за да не ја чувствувам болката
но и таа замрзна.
Сега е вечна.
Солзата од окото на работ лие
и никако образот смрзнат да го измие.
А срцето плаче
нема кој да го стопли.
Чувствувам студ во градите.
Срцето чука, разбива тишина.
Ноќите пак сами и црни.
Нема звук, нема глас.
Само срцето мое во тишината бие.
Ако некогаш барав љубов
предолго ја барав.
Не ја најдов и се откажав.
Иднината има едно Име
Ако си силен
да ја изржиш оваа болка
овој немир, вечна тага.
Остани тука на ова место
вечноста нека те чува од заборав.
Ако си заљубен
излечи ја оваа болка
разиграј го срцето
и усреќи го денот.
Побегни некаде каде ќе бидеш само свој.
Мене чувај ме само за себе.
Ако си изгубен
стани роб на сечии само не на чувства твои.
Не цени тага, немир и болка.
Се е исто и има едно име.
Утре ќе биде минато.
Украдени Лаги
Ниту злато,
ниту пак целиот свет
да ми го подариш
не ќе можеш да си извиниш за сите лаги
и погледи во тивки ноќи крадени.
Љубеше лажно.
Ветуваше љубов, симнуваше ѕвезди
но ниедна успеа да ја симнеш.
Лажеше страсно без срам
за навек да посакам засекогаш
од лагите да останеш сам.
Да се лажеш себеси
кога веќе другите нема да можеш.
Крадец е малку за збор
а неверник не е доволно.
Губитник да, тоа си за крај
ти најмногу изгуби знај.
Мртва Љубов
Ако некогаш ме сретнеш
дали ќе ме гледаш со погледот
како што секогаш до мигот ме гледаше.
Дали сеуште моите усни
ќе ги чувствуваш на твоите.
Гори ли огнот
кој беше нашата љубов.
Сите спомени и ветувања тука се.
Тука живееше нашата љубов.
Во времето блиско
тука изгоре нашата доверба
кога немаше кој повеќе да верува.
Тука згасна и последното жарче догорче
кое се бореше да земе воздух да живее.
Ние го убивме!
Дали споменот е сеуште жив?
Јас никогаш повеќе не одам таму.
Таму каде светот се раѓа.
Таму каде се слуша само што срцето зборува.
Таму каде горат светови.
Таму каде за навек се гаснат огнови.
Дали ти одиш таму?
Дали се наоѓаш себеси
таму доле каде што ги оставив спомените?
Ноќта те Украде од Мене
Доаѓа ноќта и ти со неа.
Душо дојди
дозволи ми да те прегрнам.
А ноќта е мрачна
како мракот во твоите очи кога гледам
ме труе.
Никогаш една единствена ѕвезда
не видов.
Повеќе неможам
ни мислата да ти ја прочитам.
Мојата приказна станува тажна.
Не знам низ што поминуваш бидејќи
не ми дозволи да ти помогнам тебе,
да си помогнам себе.
Толку бев збунета
што не можев да видам
дека ноќта те краде од мојата прегратка.
Последна Надеж
Целиот свет пред мене се урна
вечерта кога пред мои очи
ти со друга замина.
Твоите очи блескаа.
Љубов беше тоа или слатка одмазда.
Никогаш не посакав нешто лошо за тебе.
Но ти дали знаеше да ја цениш
душата во мене?
Дали знаеше дека срцето
најлесно се крши
а довербата најлесно се губи.
Заборавам на оваа ноќ.
Заборавам на тебе.
Заборавам на се.
Ти го урна мојот свет.
Ти ги сруши сите надежи.
Барем да ги украдеше и сите спомени.
Ти го урна мојот свет.
Некој друг пак ќе го изгради.
Среќно Збогување
Повеќе и повеќе сум осамена.
Секој час се урива по една љубовна приказна.
Длабоко знаев, но пресреќна бев
за да поверувам во крајот.
Не верувај никому и твојата сенка лаже.
Срцето издава а разумот не решава.
Кап по кап, солзи се тоа.
Кап по кап, срцето плаче.
Нема повеќе.
Ако јас треба да останам,
ќе бидам крај на твојот пат.
Ќе одам но знам ќе мислам на тебе
на секој чекор од патот.
Секогаш ти, само ти.
Слатки спомени.
Збогум и те молам не плачи.
Знаеме двајцата што сакаше ти.
Ти посакувам среќа.
Ако некого навистина сакаш
пушти го да биде среќен
на начинот на кој тој знае најдобро.
Тоа е вистинска љубов.
Очите не Лажат
Ако некогаш се сретнеме
не ми вели здраво
бидејќи ќе разбудиш стари спомени.
Ако некогаш се сретнеме
свртија главата и погледот,
исто како што многу често
тоа го правеше.
Ако некогаш се сретнеме
запрашај го твоето срце
дали доволно ме уништи за целиот живот
да не ги заборавам твоите бакнежи.
Не гледај ме во очи.
Таму ќе ја видиш вистината.
Ќе се видиш себеси.
По илјада години пак ќе бидеш тука
најблиску до срцето.
Ако некогаш се сретнеме
дојди и докрши го ова срце.
Дојди и излечи ги раните
за кои лекот го имаш само ти.
Лажно Срце
Секоја вечер велам крај
но повторно ти си ми во мислите,
во срцето,
во душата.
Крај за сите наши ноќи
кога бескрајно ме сакаше.
Сонувавме за свет без граници
а ние самите ги поставивме.
Гледавме и слушавме
само тоа што сакавме.
Премногу солзи ја прелија оваа чаша.
Вистината беше тука.
Ти ја знаеше, а јас не.
Што се случи, чашата пукна.
Те молам оди си.
Не барај ме повеќе.
Од сите пехари
јас бев најголемиот.
Ајде обиди се пак но овој пат
срцето мое ќе пукне не чашата.
Лажен Бакнеж
Погледот ништо не менува.
Тага во срце закоренува.
Шетаат двајца добро познати
само во спомени.
И збор ќе скрши мразови.
И бакнеж ќе стопи планински снегови.
Само срцево нема да попушти
кога крај мене ќе зачекориш ти.
Повели застани
јас ти ветувам ќе те сослушам
но длабоко за се ќе ти вратам.
Ќе ти ги вратам сите мигови
најсреќни.
Ќе ти ги вратам сите насмевки и погледи
лажно поклонети.
И збор ќе скрши мразови.
И бакнежи ќе згреат срце осамено.
Само срцево мое нема да се заљуби
кога ќе ме бакнеш ти.
Совршен Живот
Зборови не се доволни
а камоли молитви.
Се се склопува во муза.
Ги немаше кога требаше.
Никој не ме слушаше.
Немам јас што да простам.
Прости,
што неможам да заборавам.
Светот е премал
а душава уште помалечка
ништо повеќе во неа не собира.
А срцето ладно и секогаш било.
За момент помислив се стоплило.
Се рушат светови
секој миг.
Се раѓаат љубови
секој миг.
Мигот за мене е деценија.
Животот без љубов сиромаштија
Скршена Желба
Ги гасам свеќите
последната желба беше
да си тука,
но не си.
Желбата лебди.
Можеби во друг живот
ќе го залепиме,
ќе го сошиеме
она прекрасно што се скрши.
Желбите и понатаму не се празни.
Ти повторно си во нив.
Тежок слој мраз срце покрива.
Летна горештина,
а никако да се стопи.
Лета мислата секаде, некаде
ниеднаш не ме допре.
Плаче денот по ѕвездите,
а ноќта ги крие крадците.
Свеќите не горат вечно
а желбата оди до небото.
Оди до ѕвездите
можат ли да ја украдат крадците.
Лист наместо Збогум
Никогаш зборови за збогум не наоѓав.
Малку беа
но тоа беа најсреќните часови во мојот живот.
Не ми даде шанса пред тоа
да ти покажам колку љубов чував за тебе.
Дознавам те сакав иако не беше сам.
Те сакам и ќе те сакам.
Ако ти кажев дека заминувам
не ќе можев да издржам
да те оставам тука пак.
Тука, кога конечно го отвори срцето.
Ако судбината не спои еднаш
ќе не спои пак.
Ќе се вратам сигурно но не знам кога.
Се плашам дека ти да бидеш тука повеќе нема.
Немој да ми судиш.
Наместо овие зборови
да ги кажам јас сега кога сум далеку.
ги напишав верувај.
Ниедна задача потешка не ми била.
Претешки Зборови
Време долго помина а мене сеуште
ме мачи тоа од летоска.
Ладно ми е.
Раката е смрзната
а сеуште имам многу прашања.
Ќе те чував длабоко само за мене.
Ќе бев себична
не ќе те делев.
Паѓаа лисја.
Странци во толпата.
Моите очи само тебе те гледаа.
Се замагли се.
Те убедија ли туѓи зборови?
Мене ме уништија.
Наместо љубов твоја,
станав не издржав.
Најмногу изгубив јас.
Те изгубив тебе.
Сеуште јасно не ми е
чии беа тие зборови
во кои целосно поверува ти.
Предоцна Прочитани Знакови
Ако продолжам
можеби ќе жалам до крајот на мојот живот
за тоа што ќе го кажам.
Се што мислев, и што не мислев
што сакав, и што не сакав.
Тоа што ме гори внатре во душата
не знаеш како ме убива.
Не добив корпа, контењер
а тоа е многу поголемо.
Еден знак.
Само еден барав.
Но ти се скржавец
и не знаеш како е.
Сега ли најде за љубов да ми зборуваш
кога заминувам.
Не знаеш како е кога си далеку
а срцето ми е тука пред тебе.
Само за тебе.
Збор се ќе отвореше
а веќе паднав на твојот поглед.
Кршлива Гордост
Доаѓаш и заминуваш.
Се преправаш дека не чувствуваш.
Не жалиш или можеби судиш
а не ме познаваш.
Секој поглед ми значи,
не верувај ми.
Секој чекор ме боли,
не верувај ми.
Во љубов не сме
за тоа се потребни двајца.
Во војна не сме
војуваш сам.
Една мисла ме мачи.
Што добиваш?
Се криеш под маската
а лудуваш.
Непризнаваш, не се предаваш.
Само едно кажи ми што добиваш.
Срцето не Простува
Побарај ме кога ќе мине се.
Можеби сеуште ќе бидам тука.
Ова невреме е премногу.
Бура од спомени во моите мисли.
Многу нејасни работи.
Кога се обидував да дознаам
а ти се повеќе лажеше.
Кога се можев да ти простам
а ти се повеќе грешеше.
Кога за спас рака ти подадов
а ти ме повлече со себе.
Побарај ме кога се ќе помине.
Можеби ќе бидам сеуште тука.
Да ја осетиш жегата околу вратот
кога јажето е тенко.
За да почувствуваш како е кога
ќе те напуштат.
За да видиш со свои очи
како е кога очекуваш радосно
а ќе те изневерат.
Затворено Срце
Нив ги води разумот,моќта и парите.
Мене ме водеше срцето.
Барав љубов и разбирање и ништо повеќе
Филмови по којзнае кој пат изгледани.
Директно или индиректно.
Идоли.
Доаѓаат сосема нови.
Кратко речено усовршување.
Отворени спрема светот
а јас затворена во себе.
Не видов кога љубовта помина покрај мене.
Во последно време настапува површно,
никогаш до срцето.
Потрага по нешто сосема друго.
Она што
најмногу ја отежнува ситуацијата
е тоа што
многу ми недостигаш ти.
Голи Мисли
Разговараме двајцата како и секогаш
горди пред себе
не дозволивме љубовта да не смекне.
Никогаш сериозно не ме сфати.
Во последниве денови обично и драматично
со еден куп мисли и куп зборови
да ти ги кажам.
Да ти признаам.
Следеше тишина.
На местото немаше сведоци,
само срцата чукаа.
Знам не ќе помине
сликата протекува бавно.
Многу сенки од случаи.
Почекај не заминувај.
Зарем престана да ги читаш знаците.
Зарем без борба се откажуваш.
Зарем ќе заминеш без да знаеш
сигурно.
Сеуште си ми на прво место.
Сеуште си ми се.
Сеуште те сакам.
Ако зборовиве не ти значат
обично сврти се и замини.
Неодговорени Прашања
Ноќта е толку лажна и повикува.
Ништо не е различно.
Се е исто.
Темнината се обвива,
погледот се губи во далечина
а светлоста исчезнува.
Се е навидум мртво, а вирее со живот.
Скриен само за себе и вечен.
Нема болка, нема плач.
Тагата е постојана.
Дали некогаш замислуваш.
Љубовта како ноќта слепо те води.
Не гледаша веруваш, љубиш, сакаш.
Не знаеш зошто.
Те полни со живот па те урива.
Се губи во далечина а ти трчаш по неа
и не знаеш зошто.
Последна мисла пред Тивкиот Крај
Затворена
во четири ѕида.
Премногу горчина се точи
во моите очи.
Срцето спие во длабока кома
а душата наизглед мртва.
Не чувствувам ништо.
Не сакам ништо.
Не молам за ништо.
Се што сакав
го прегази времето
прерано за да успеам.
Се што сакав ми го украде ноќта.
Длабоко,
бесшумно го зеде за себе.
Се што сакав,
од тоа ни спомен не остана.
Загина некаде во минутите и мислите.
Ги одбројувам секундите
кога ќе го имам
сето тоа што го сакав.
Сеуште те има насекаде
Често, се прашувам
на кога мислиш во оваа секунда?
Со кого го делиш кафето?
На кого му шепкаш зборови?
За кого во глуви ноќи гаснеш огнови?
Често, сакам да те видам.
Не знам како, несакам или неможам.
Талкам без цел а тебе те нема никаде.
Ги избегнуваш сите места
на кои можеа да не видат заедно.
Се затвораш во твој свет.
Излези,
јас нема да те украдам
иако бе сакала.
Се ме потсетува на тебе.
Во секој туѓ поглед го барам твојот.
Секоја насмевка е твоја.
Секое лице си ти.
Казната секогаш стигнува
Штетата која беше направена
не ќе помине неказнето.
За сите години кога срцето само чекаше,
само на работ.
Го турна пријателска рака,
Можеби беше и раката со која требаше
да добијат благослов.
Прашината беше прекривка.
Ареа што вечно ќе се памети.
Околина незаборавна.
Срцето кое беше полно со љубов,
гори од омраза,
од болка.
Казната ќе стигне прерано.
Од убавица се претвори во звер
а соништата други и беа.
Од миротворец се претвори во војник.
Издржа денови во бестрага,
само за да се одмазди.
Да го види лицето на тој што ја турна.
А го сакаше.
Неизвесна Судбина
Како да стигнам тамо кога немам сила
ни за чекор повеќе.
Срцето е предалеку
скриено некаде во градите.
Тивко чука.
Како да стигнам да спречам
да ја направиш најголемата грешка
во животот твој.
Паѓам во бесознание,
не го заборавам твоето име.
Ќе жалам со години
нема да прежалам векови.
Среќата е таа,
се убедувам себеси.
Милиони пати знам дека не е.
Судено е.
А знам дека не е.
Судбина е.
Можеби и не.
Името на осаменоста
Ружите цветаа
бојата нивна ме опива.
Водата чиста ко солзата
ми ги влече мислите.
Слободата скапоцена.
Однекаде чувствувам бура надоаѓа.
Киснеш надвор на дождот ти.
Имаш очи ангелски.
Кој ли те прати?
Покана тивка за скров на глава.
За миг на тело.
Надвор бура беснее.
Но ти не беше обичен крадец.
Ми го украде срцето.
Не дознав ни име твое,
но задржав еден спомен.
Како киснеш надвор на невремето.
Ружите повеќе не цветаа.
Водата не беше чиста ко солза.
Слободата безвредна
ако си сама.
Не те Напуштам
Воздишката прв пат чудна.
Срцето прв пат вознемирено.
Чука чудно.
Погледот го избегнува мојот.
Прв пат не разбирам.
Невиноста на твоето лице исчезна.
Туѓинец ли сум јас.
Двајца странци да беа на наше место
ќе се препознаеа.
Замина насмевката од усните твои.
Очите не сјаат,
плачат.
Ќе плачеме заедно,
дојди.
Ќе се тешиме заедно
иако кога требаше
не бевме заедно.
Збор без Душа
Се сруши магијата
која ја градев
за храм на мојата душа,
која вечен слуга ќе ти беше
само еден единствен збор да речеше.
Како пролетно лудило
кога светот е зелен а срцето крваво.
Непрестајно, тажејќи
да се врати зимата
кога замрзнаа сите чувства.
Прашината ја носи ветерот каде ќе посака
во неповрат.
Ќе одевме заедно,
јавајќи диво во вечноста
само збор да речеше.
Залудно и војска љубовници
да умрат.
Еликсирот за вечната младост
да го имам.
Еден збор вреди многу повеќе,
а ме унесреќи
за цела вечност.
Твојот Свет
Ќе кажев милион пати
дека таа не е за тебе.
Ќе мислев по цели ноќи
како може со други да те лаже.
Ќе премолчував по којзнае кој пат
дека тоа не е моја работа.
Не можам да молам повеќе.
Дали знаеш чии бакнежи
и топлат навечер образи?
Дали знаеш кој после тебе
и симнува ѕвезди?
Дали знаеш зошто е недостапна
и на кого приказна
за добра ноќ му раскажува.
Да ја имав љубовта
која нејзе и ја даде,
никогаш немаше да те оставам.
Но кога срцето греши
сиот свет се урива.
Твојот ќе се урне наскоро.
Насекаде те Барам
Тонам во спомени.
Единствено тие ми останаа.
Се хранам со надежта дека
можеби еден ден ќе ја отвориш вратата.
Заспивам со премногу вино во вените.
Вистината е
уништена без тебе.
Се будам а не знам каде сум.
Само една мисла ми поминува.
Каде си ти?
Живеам
а не сум жива.
Крадам
а немам што.
Бакнувам
празни перници.
Сонувам.
Соништата се празни.
Одаите на моето Срце не се Празни
Минутка по минутка
секоја секунда почнува да боли.
Полека но сигурно остануваш
во моето срце,
во најскришниот дел.
Кога бегав од сите порази.
Кога те загубив
само делче остана да сонува
за нас.
Како крадев без искуство
и не успеав да скријам.
Ден по ден,
секоја ноќ
почнува повторно.
Сонот не е сон.
Копнежот е постојан.
Болката е тука
а ти сеуште некаде во срцето.
Срцето не е Вечно
Не ми требаат векови ниту милениуми.
Не ми треба вечноста
обичен смртник сум.
Само една минутка сама,
да ти кажам една вистина.
Сонот
ти ми го крадеш,
постојано си ми во мислите.
Чувстувам
како цело време да те знам.
Ако зборовиве не ти значат ни за миг.
Слушај го срцево
кое цела вечност за тебе ќе чука.
Години се премногу.
Луѓето се менуваат.
Не ми треба вечноста
обичен смртник сум
кој ќе умре оваа вечер
ако пораката не ја сфатиш.
Ти за кого ќе патам цела вечност.
Две Горди Срца
Невината ноќ
се мие во муграта.
Вистината на срцето
се крие во длабочината.
Изгор за очите кои гледаат како
твојата рака други усни допира.
Судбина несудена.
Рака недопрена.
Се стопија лагите,
изгореа со изгрејсонцето.
Невината ноќ остана невина.
Запаметена.
Беше извршена најголемата грешка.
Кога ќе те заљуби љубомора,
и лагата станува вистина.
Срцето не верува
а другото не простува.
Минатото е Минато
Долго време,
негував симпатии за тебе,
и кога собрав храброст
да ти се приближам за миг
почувствував одбив.
Тоа си ти или глумиш.
Се плашиш од повреди
си пател можеби.
Но минатото не се враќа.
Затворено срце тагува
не се брани.
Љубовта повредува
не одбира.
заљубена сум во тебе,
но љубовта до ладно срце
не допира.
Животот Продолжува
Дали знаеш дека
светот се врти
и верувам дека еден ден
ќе го сакаш тоа
по што копнеам јас.
Те сакав знаеше
но ни едно здраво не рече.
Ладен поглед срце не топи.
Јас не сум крива што сиот мој свет
се собрал во твоите очи
а јас тонам во него.
Продолжи по патека стара
ако тоа среќен те прави.
А ако еден ден се запрашаш
кој мислеше на тебе.
Не го барај за одговор моето име.
После Дождот
Дождлива ноќ е
и се е готово.
Се преправам
одбегнувам да одговорам.
Заминувам.
Никогаш нема да видиш
дека плачам
додека врне надвор.
Времето оди
и ти со него.
Болката ја оставив таму.
Можеш да бидеш сигурен.
Гледам црни спомени
во твоите очи.
Готово е.
Без разлика колку и да боли
само сонцето може да ме огрее и стопли.
Љубовта ме напушти.
Небото го има твоето Име
Името твое го истетовирав на едно место
каде никој да го види не може.
И тука е ме пече сега.
Ме пече само за тебе.
После се што остана, а остана ништо.
Кажи и дека немало ништо.
Кажи дека се е минливо,
сите спомени ги пере заборавот.
Дали ќе имаш барем трошка мир?
Денот не е ноќ.
А оваа ноќ нема ѕвезди.
Осамена е, преосамена.
Сите ги собрав јас да плачат со мене
за сите оние ноќи кога со нив
по целото небо го пишував
твоето име.
Брза река од спомени, пресушува.
Сите водата ги бакнува.
Може ли и името тетовирано на срцево
да го измие.
Мојата Ѕвезда згасна
Вечер е и ние сме пак сами.
Оваа ноќ несебично по којзнае кој пат
ја делиме заедно.
Покажи ми ја звездата твоја и моја.
Се додека свети едната твојата,
ќе свети и мојата.
Ладно ми е студ ме обвива.
Надоаѓаат црни облаци.
Ги снемува ѕвездите.
Магла душа ми покрива.
Не гледам ништо.
Нема зрак, нема глас.
Се губам се повеќе и повеќе.
Тонам.
Подај ми рака, ѕвездо моја.
Дното е далеку,
а јас тонам натаму се поблиску до него.
Не дозволувај да го допрам.
Небо, кажи каде згрешив.
Ѕвездо,кажи каде згрешив.
Зошто животот ме зема?
Зошто е крај?
Ќе свети само една звезда на небото.
Една, само твојата.
Писма без Адреса
Ноќи само стихови.
Празни листови пополнувам.
Сите желби и чувства ги преточувам.
Тука сум и ти пишувам.
Ти си ми инстирација
а твојот одговор го чекам предолго.
Сите зборови искрени.
Сите чувства во писмата,
во стихови преточени.
За возврат добивам ништо.
Само празни воздишки,
а погледот бесцелно те бара.
Прости,
ова е последен пат како ти пишувам.
Заборави дека постојам,
иако не се сомневам повеќе
дека си го сторил тоа.
Само едно искрено кажи ми.
Дали некое писмо
радосно отвори ти?
Се е залудно
Ти си секој звук, секое лице
и секоја сенка.
Откако те нема во близина,
се ме потсетува на тебе.
Ќе ги закопам сите спомени,
најубави денови во мојот живот,
за да можам да продолжам.
Сите слики на кои сме заедно и се твое.
Се што ме потсетува на тебе ќе запалам.
Ќе најдам некого
кој ќе ме сака како ти,
ќе ме милува како ти,
ќе ме бакнува како ти.
Залудно,се ќе биде залудно
бидејќи тоа не ќе бидеш ти.
А јас во секого тебе ќе те барам.
Вечно се ќе остане
и вечно ќе те сакам
само тебе мој животе
кој ти ми го украде.
Неискусни Глумци
Јас не сум повеќе јас.
Се изгубив некаде во преводот
на љубовта која ме опкружуваше.
После сите падови
допрев до дното.
Но, не успеав да станам повторно.
Љубовта кон тебе ме уништи.
Сите стихови и ноќи непроспиени
тебе ти ги посветив.
Твојата слика е таму.
Живееш зад неа.
Тоа се беше само маска.
Различни животи,
се раскрснаа на едно непознато место.
Наоколу има само празнина
и не можам да продолжам.
Нема ничија рака да ми помогне.
Љубовта има Крај
После сите години
заедно поминати
сите сонови остварени
сите пречки пребродени.
Ти, си заминуваш без збор
не велиш ништо за одговор.
Ме оставаш сама во собата
во која нашата љубов
беше единствена.
Сам си сега на светов
во кој ние бевме заедно заљубени.
Секој ден се прашувам
каде згрешив јас.
Сега,
сваќам единствено грешев
што премногу те сакав.
Вистински Лица
Знам јас кој си ти.
Знаеш ти која сум јас.
Нема потреба повеќе
од оваа фарса.
Јас која се ти дадов,
те сакав, те чував.
Еден живот тебе ти го дадов.
Ти кој се ми зеде,
ме напушти,
ме лажеше и на сртот од животот ме остави.
Ти кој сите добри работи ги заборави.
Да прекинеме со ова.
Јас не те сакам повеќе
а ти уште помалку.
Дозволи ми сите денови
да ги заменам со еден
во кој ќе живеам вечно
само јас.
Прашања без Одговор
Името твое сеуште го спомнувам секоја вечер.
Кога осаменоста ќе ме допре се молам.
Твоето име е секоја моја молитва.
Те нема.
Срце ми се кине.
Те нема.
Сакам да плачам а солзи немам.
Те нема,
а толку ми недотигаш.
Те нема.
На кого песни му пееш и за кого ги пишуваш?
Две срца чукаат како едно,
ние двајца дишеме еден за друг
во стих ми напиша ти.
Залудно.
Се останаа само празни зборови.
Те нема.
Сонцето веќе не грее исто.
Те нема.
Каде ноќта твоите чекори ги крие?
Те нема,
Каде денот го поминуваш?
Кој ли на раце твои спие?
Те нема.
Грешно Срце
Гореше длабоко и глуво во ноќта
неговото срце.
Гореше и моето од желба да биде со него.
Молев за прошка.
Го повредив знам.
Но колку навистина само тој знае.
Сеуште ме пече раката која за него
и во оган ќе ја ставев.
Сега празна е.
Шепот не се слуша само мртва тишина.
Никаква слика пред моите очи.
Гореше во глувата ноќ
неговото срце.
Гореше од болка и тага.
Изгореа сите наши спомени.
Изгореа сите љубови.
Изгоре се што убаво имав.
И се беше само за миг.
Миг кој го урна целиот свет над мене.
А јас не сватив каде згрешив.
Мозаикот на Срцето
Кога ноќта ќе ги покаже
крилјата свои
мракот почнува да ме боде во душата.
Прашања безброј
а одговор ниеден.
Осамена и сама го чекам утрото.
Само една приказна продолжува
а таа нема среќен крај.
Има само почеток во форма на срце,
но тоа срце се скрши пред извесно време.
Сега сите парчиња ги чувам.
Никогаш да успеам нема
повторно да ги спојам.
Сјајот на Небото
Ноќи не делат нас
кога ти сам чекаше
а јас не можев да го најдам
својот спас.
Сите зборови недоречени.
Сите мисли незавршени.
Сиот бес и бол сега исчезна.
Исчезна заедно со тебе.
Ако сите ѕвезди
би биле една,
би сакала таа да се вика
како ти.
И секоја вечер
вечно да те гледам
тебе
мој неспокој.
Најсилна желба е слободата
Додека стоев на вратата
гледајќи во твојот грб
моите очи се полнеа со солзи.
ТИ ни за миг не се сврте.
Додека ги гледав твоите чекори
стануваше се помал и помал
во моите очи.
Ја гледав и последната твоја фигура
како исчезнуваше во бескрајот.
Додека не замина не сватив дека
оваа врата секогаш беше отворена.
Требаше да ја затворам
за да не можеш да излезеш.
Но твојата слобода ниту јас
ниту било кој може да ти ја земе.
Збогум.
Сакав да си одиш
Има ли злато кое сјае
повеќе од твоите очи?
Има ли некој кој сака
повеќе од мене да бидеш среќен?
За тебе и сите ноќи
кога земјата беше пресита
да ги испие солзите кои ги ронев.
За тебе и за сите зборови кои ги кажав.
Да, беа вистина.
Вистина која ти не ја слушна.
Вистина која ти не ја виде.
Во очите твои го гледав
она што ти неможеше да го видиш.
Ќе помине време.
Биди среќен на начинот свој.
Тоа е вистината.
Се врати само За мене
Сенка на мојот прозорец.
Ме прати секоја ноќ.
Ги знае сите мои тајни.
Вистината е,
незнам кој е.
Навечер сигурно спијам.
Моите желби се скриени.
Надежите сигурни.
Тој ме чува во ноќите.
Мојот чувар.
Ни име не му знам.
Што сака од мене само тој знае.
Не мие важно знам,
ќе дојде часот кога ќе влезе низ прозорецот
и ќе го видам неговото лице.
Срцето длабоко знае
ти си тој кој секогас беше тука
само за мене.
Јас те испратив назад некаде.
Во се има Добро и Зло
Прв ден без тебе.
Чувството е горко
како нашето заедничко ДА.
Немаше повеќе љубов меѓу нас.
Немаше повеќе извини.
Секој збор недоречен.
Секое движење сомнително.
Секој бакнеж ладен.
Секој поглед неискрен.
На крстопат меѓу доброто и злото
се изгубивме ние двајцата.
Звездите не светат за мене повеќе.
Ноќите ќе бидат студени без тебе.
Глас од птица која кога ќе одлета
во неповрат засекогаш,
убавиот нејзин глас се губи.
Се губи како лубовта
кога нема повеќе кој да пее за неа.
За се има Прв пат
Стоиш пред мене
во погледот далечен
и со очите ми судиш а душата ме боли.
За прв пат
си толку блиску а далеку.
За прв пат
срцето камено чука силно.
За прв пат ти гори оган во очите.
Оган кој не го запалив јас.
Јас не видов.
Јас не знаев.
Јас не слушнав.
Ако ова е крај
нека биде.
Крај но не по моја желба.
Заслужив објанување
после сета таа тага која ја пребродев.
Но ако некогаш сватиш дека не грешев јас
тогаш не барај ме.
Празна соба Полно срце
Сега моите соништа се
срца од време и ветер заедно.
Времето
кога те сакав бескрајно
и одевме кон иднината.
Ветерот
ни ја замагли иднината.
Ти се изгуби некаде меѓу спомените.
Но сеуште си во моето срце.
Ѕидовите празни
како огромни товари стојат наоколу.
Затворена во нив не наоѓам ништо
освен спомени.
Прости зборови.
Река без корито.
Сите наши спомени
оставени во минато.
Бура од прашања
Глува нок и небото рони солзи.
Дождот ги брише
сите траги кои водат до мене
а беа твои.
Дожд.
Капка по капка се рони.
Како солзите кои сами паѓаа
непоканети.
Тие солзи ни овој дожд да ги измие не може.
Сеуште горат на мојот образ.
Врне.
Се слуша капавицата.
Паѓа од покривот.
Кап, кап.
А јас замислено гледам.
Тешиш ли некого вечерва
или кров му нудиш
да избега од невремево.
Еднаш напуштен Секогаш напуштен
Ако можеше еднаш да ме повредиш
ќе го сториш тоа пак.
Повторно ќе ме напуштиш и ќе се вратиш.
Ако вратата биде заклучена нема да влезеш.
Ќе се гушам во своите солзи
само глас да не пуштам.
Ако заминеш врати се никогаш.
Вратата ќе биде за тебе
секогаш заклучена.
Ако има надеж која свети
некаде во мракот
некој друг ќе биде мојот завет.
Ѕвездите се гасат.
Луѓето умираат.
Надежта се губи во ноќта.
Сили да соберам за да те одбијам
кога ќе дојдеш за љубов да ми зборуваш.
Се што стори е дека се уништи.
Срцето за тебе да го затворам
и да продолжам.
Совршена комбинација
Ако љубовта
треба вечно да трае и живее,
ќе ја опеам во стих.
Ако животот има крај
тогаш споменот се брише.
Да го зачувам
јас ќе напишам книга за секој миг.
Ако болката треба да исчезне
ќе ја оставам душава
таму каде водата ги рони бреговите.
Болката е во душата
и вечно наместо усните
ќе ги бакнува брановите.
Ќе живее со векови
се додека и водата не пресуши.
Побегнав најдалеку
Јас секогаш
ќе бидам далеку најповеќе
да не морам да ги бришам
твоите солзи навечер.
Кога рака ќе ти затреба
најди друга.
Мојата веќе е камена.
Ако имаше ден
ќе беше ноќ.
А ако имаше ноќ
никогаш ѕвезди
не ќе ги осветлуваа улиците
по кои скришно доаѓаше.
Далеку каде срце ќе заледи.
Далеку каде нема спомени.
Далеку само јас се имам себеси.
Далеку.
Најдолгиот повик
Чекам нестрпливо до доцни часови
да се јавиш и да ми кажеш
извини ми требаш.
Чекам но знам дека вечно ќе чекам.
Ако целиот свет е ѕвезда
тогаш нека свети ноќва само за мене.
Ако ова е крај
јас вечно ќе знам дека
оваа ноќ се откажав
од вечната надеж
и од се што сакав и посакував.
Тоа беше ти.
Тоа беше само ти.
Не губам само јас.
Губиме и двајцата.
Еден е ништо.
Двајца се љубов.
Далечината ја Прави срцето
Не сакам да те гледам
бидејќи не можам да ти оддолеам.
Тие очи во кои сиот свет и љубов
ги гледав.
Вечерва се тука толку блиску
а далеку.
Никогаш не престанав
барем за миг да мислам на тебе.
Кога заспивам
заспивам со мислите за тебе.
Но ти дали еднаш,
барем еднаш
за еден миг помисли,
посака,
нешто откри.
Дали барем еднаш
го шепна моето име.
Отровни Солзи
Кога ноќта ги криеше трагите
и ветерот го бришеше
мирисот на неговата кожа,
срцето се зароби во своите одаи.
Убавите спомени исчезнаа за миг,
остана само една капка
која испари утрото.
Преродба само душа ќе спаси.
Тело вечна лузна ќе носи
на срцето кое сакаше само искрено
единствено еднаш.
Таа ноќ небото се затвори.
Ветрот се избриша.
Го избриша и бесот и гневот.
Но не успеа и моите солзи да ги избрише.
Капеа по моето лице.
Допираа до моето срце и го гореа.
Нежно полека го кинеа
и лузна му направија.
Засекогаш избришани Зборови
Поразот болеше повеќе од секогаш.
Не одговорив на твоите нежни погледи
кои ми го топлеа срцето.
Копнеев со денови да ја допрам твојата рака.
Со ноќи мислев гледајќите
а знаев немаше да пријдеш прв.
Со ноќи мислев со кои зборови
разговор да почнам.
Ни сега не можам да си објаснам
зошто толку долго чекав.
Погледите се среќаваа.
Се каам.
Можевме да бидеме заедно, но не сме.
После цела ноќ непреспана мислејќи на нас
те гледам вечерва со друга.
Гордо те држи за рака.
Те сакав.
Не ти кажав и никогаш нема да ти кажам.
Тие зборови, од таа вечер
престанаа да постојат во мојот речник.
Болката е Болка
Во една соба сеуште нечие светло свети.
Моето.
Превртувам листови.
Се чувствувам како изгубена душа
која можеби некаде ќе го прочита сопственикот
и радосно ќе му се врати.
Безнадежно гледам во буквите.
Безнадежно ги читам стиховите
кога немаат душа.
Јас ја убив.
Те барам тебе во секој од нив.
Ми недостигаш
како капка вода во пустина.
Како една солза која капна
еднаш одамна и се сли по лицето
и сеуште ме пече.
А зборовите ме печат уште повеќе.
Мислам ако ги најдам запишани
низ овие листови помалку ќе боли.
Ќе боли ли помалку?
После подолго Време
Кога те видов
за момент срцето престана да чука.
Останав без здив.
Не помина многу време но доволно.
Премногу ми недостигаше.
Бакнежите од последниот пат
не ме заситија за подолго.
Те посакував бескрајно.
Погледот ист.
Твоите очи единствени кои сакам да ги видам.
На тој поглед губам се а имам се.
Срцето ми го оживуваш.
Животот ми го разубавуваш.
Фала ти за сите мали а преубави мигови.
Фала ти за сите мали нешта кои ми носат среќа.
Најголемата си ти.
Еден единствен Миг
Ноќта обвиваше, покриваше се наоколу мене
а мислите интензивни и нескротливи
ми предизвикуваа хаос во главата.
На местото каде беше се поинаку
и нестрпливо чекав навечер да заспијам.
Во соништа да бидам со тебе.
Да те имам за мене.
Да ме имаш за тебе.
Да бидам твоја.
Да бидеш мој.
Цела ноќ да се заситиме од бакнежи.
Тука беше се поинаку.
Тоа глупо чувство ме облеа.
Далечината не толку далечна.
Не ги почувствував чувствата
кои ги праќаше до моето срце.
Изгубена некаде на овој свет.
Единствено твоите очи сакав да ги видам.
Во твојот поглед да потонам.
А себично постапив.
Ми прости ли за миг што се посомневав
во твоите чувства.
Можно ли Е
Рака за рака.
Ние еден до друг
на една клупа огреана од сонцето.
Погледите се капеа
во сончевиот отсјај на езерото.
Моите усни се топеа од твоите
а брановите го ронеа брегот ололу нас.
Прекрасна глетка,
само отсјајот пресилен.
Ги затворам очите
и во мисли те наоѓам пак тебе.
Ги отворам очите.
Тука си до мене слатко се смешкаш.
Сакам да посакам
секој пат кога ќе помислам на тебе
и ќе ги отворам очите
да те најдам тука покрај мене.
Твојот поглед заводлив.
Во него сакам да потонам
и тебе вечно да те бакнувам.
Изгубената верба
Бродови доѓаат тука на ова место
и заминуваат.
Некои само еднаш а други се гости постојано.
Љубовта како бродот
кај некого еднаш ќе помине,
ќе замине и никогаш повеќе.
Кај други постојано друштво ќе им прави.
Празна душа
за парче мир под сонцето со некого сонува.
Ветерот ги носи мислите подалеку
и се подалеку.
А сонот се срушува со изгрејсонцето.
Вистината не постои а ни лагата.
Целиот свет е кутија
а ние малечки во неа.
Играме според изрежирано сценарио.
Нема лаги нема вистина.
Нема повеќе кој да верува.
Лебедова Љубов
Прекрасна глетка покрај езеро
и клупа под дрвото.
Светла ја осветлуваат патеката
а лебедите се бакнуват таму во темнината.
Во водата.
Нешто ми недостига.
Чувствувам потреба некој тука да е со мене.
Омилено место и глетка ги делам без тебе.
Се ме потсетува на тебе.
Кога ноќта на една клупа се бакнувавме.
И сега секоја ми буди копнежи.
Замилсувам седиме на неа и се бакнуваме
само во моите мисли.
Ако речам далечината прави
се да ме потсетува на тебе
ќе погрешам.
Ако речам дека се повеќе и повеќе
мислам на тебе ќе се излажам.
Се лажам, бидејќи едно е сигурно.
Постојано мислам на тебе.
Се брои секоја секунда од времето
и вечна е додека ги гледам
лебедите заедно свиени како еден.
Ниедно соодветно Име
Некаде во далечината темна
во неповрат моите очи ги бараат твоите.
Бескрајно во недоглед
не го наоѓам твојот поглед.
Ѕвездите светкаат на небото
ќе згаснат ли некогаш?
Ако љубовта ја наречам ѕвезди
ќе живее вечно.
Ако љубовта ја наречам далечина
тогаш е бескрајна.
Ако љубовта ја наречам со твоето име
тогаш никогаш ќе ја имам само за себе.
Ова ме убива полека но сигурно.
Кога знам дека само тебе
те има во срцето и мислите
а ти не си тука и никогаш ќе бидеш.
Името на Вистинската среќа
Ако некој праша каде згрешивме
речи не е важно со минато не се живее.
Ако некој праша за тебе
ќе им кажам дека знам ништо.
А знам дека нема да ми биде сеедно.
Некој ќе те праша за мене
каде сум и зошто веќе не сме заедно.
Кажи им што ти лежи на срце
само немој дека за тебе сеуште ме боли срце.
Мислев дека ќе ми биде сеедно
кога ќе те видам после толку време.
Физички сум супер
но сеуште ова срце толку силно чука по тебе.
Не ме гледај во очи, таму ќе се најдеш себеси.
Не се приближувај ќе почувствуваш дека сакам
повторно да те имам во прегратка.
Не буди стари спомени
бидејќи за мене сеуште се живи.
Се може да се сруши и измени.
Може и цел век да помине.
Не ме гледај во очи само замини
и биди најсреќен највеќе.
Знам дека ако така биде
сум те сакала искрено
зошто тоа срце кое искрено сака
ќе се задоволи
и ако другото е некаде и со некого среќно.
Сакав да бидеш моја потајна радост
Ако некогаш барав во животот мој
Радост,
не знам како не ја препознав во твоето име.
Кога барав некој со поглед срце да ми стопи
како уште еднаш не погледнав
во твоите очи.
Во сечие лице несебична насмевка барав.
Како не те натерав де се смееш почесто.
Кога барав повеќе од пријателство.
Побарав во моето срце.
Тамо те најдов тебе,
мојата
Радост,
Амбиција,
Драгоцено срце,
Еликсир за живот.
Засекогаш некаде под Ѕвездите
Боли,
боли она последното збогум.
Едвај со камени усни изговорено.
Боли солзата од окото
која ја имаше а не капна.
Не го изгоре образот.
Не виде срцето.
Ни последен допир со раката
нежно за последен пат го немаше.
Пред многу време не се случи
а сеуште е свеж споменот.
И кога спијам болката е тука.
Новата роса на утрото радост му носи,
а мене на солзи ме потсетува.
Небото ја има ѕвездата
а мене на твоите очи ме потсетува.
Еднаш како заедно под ѕвездите посакавме нешто,
но не искрено.
Каде си?
Во мисли постојано ми се јавуваш.
Што ли правиш сега
милиони километри далеку?
Бесконечно Време
Се прашувам многу често
ќе можам ли после нашето
да те гледам со поинакви очи.
Бараше да останеме пријатели
а знаев нема да можам.
Колку повеќе ти се доближував
толку повеќе го затвораше срцето
и конечно го затвори целосно.
Како ли да се воздржам да сум до тебе
а да не те бакнам.
Како да те гледам како пријател
а до вчера се делевме.
Ќе ме прашаш како си.
Што ли да ти одговорам?
Да се кријам, да бегам од твоите погледи
и средби решение не е.
Каде да заминам
се ќе ме потсетува на тебе.
Не ми е до тебе, ниту до мене.
Единствено ќе ми треба време,
многу време.
Секогаш те има во сонот
Ако некогаш се запрашаш
каде сум и дали некогаш мислам на тебе,
никогаш не вели каде згрешивме.
Љубовта е казна најслатка
а болката после неа убиствена.
Солзите се за слабите а сон секој знае да сонува.
Ќе бидам некаде сама или со некого.
Што ќе е важно кога срцето тебе ти припаѓа.
Ќе мислам некого или на тебе.
Што ќе е важно кога мислите се само илузија.
Не ја издржавме казната најслатка.
Се откажавме.
Сонот неокој друг нека го сонува
затоа што јас неможам.
Секогаш кога ќе ги затворам очите
го гледам твоето лице.
Се обидувам да те заборавам.
Што повеќе се трудам,
тоа се повеќе мислам на тебе.
Нема сон.
Нема ден.
Нема спас.
Страшно е.
Сонувам на сртот стојам сама.
Те гледам доаѓаш сакаш рака да ми подадеш
да ме спасиш да не потонам во неповрат.
Ти пружам рака но не те допирам.
Исчезнуваш без збор.
Без капка надеж
Се будам во сон.
Секогаш ли ќе ме спречуваш
и ќе ми даваш сила да продолжам.
Што е пораката.
Животот со тебе или без тебе продолжува.
Храбро збогување Не постои
Барам само уште еднаш
за последен пат да те видам.
А знам да издржам нема
и за последен пат да ти кажам
збогум љубов моја.
Ќе можам ли?
Солзи ми навираат во очите.
Срце ме пече во градите.
Воздишка немам, како ли ќе преживеам.
Дајте ми ќе одам илјадници километри.
Дајте ми ќе носам на грбот кули позлатени.
Дајте ми мориња ќе ги испијам.
Само ова да го сторам не ќе можам
храброст да соберам.
А сакам.
Срцето е парталаво.
Раскинато на делови илјада.
Не ќе можам ниеден да спојам
затоа што најголемиот си ти.
Секој чека некого И некаде
Иако ти велам прифаќам крај на она меѓу нас
не ќе можам себеси да си простам
што не се борам за твојата љубов.
А знам и Алпите да ги освојам
на нив и на небото
со ѕвезди да напишам те сакам
не ќе биде доволно
за да го сменам мислењето твое.
Кога нешто е скршено
неможе да се залепи.
Срцето твое беше
а јас не успеав да го составам.
Залудно мислиш ќе помине.
Времето не се враќа.
Залудно е кога друго срце не те сака како моето.
Ќе бараш некого во некое време
кога ќе имаш потреба некој да е до тебе.
Со среќа понатаму во животот свој.
Можеби еден ден конечно ќе ја најдеш
Оригинално сценарио
Знаев дека срцето ти е скршено
но не претпоставував воопшто
дека лузната на него е голема.
Се што правам намерно или не,
многу или малку
те потсетува на неа или на самиот себе.
Сваќам некогаш зошто така се однесуваш.
Сеуште ни самиот го немаш заборавено
своето минато за да можеш да продолжиш.
Ако излезам низ таа врата
никогаш нема да се вратам.
Се плашиш ли дека пак ќе се скрши
срцето твое.
Еднаш скршено
ќе има ли разлика ако се скрши пак?
Не си човек кој може да се врзе за некого.
Но верувај ми кога ќе ти здодее од се
ќе посакаш некој да биде покрај тебе,
но нема да најдеш некого.
Нема,
бидејќи не можеш да бидеш со секого.
Го лажам Срцето
Зошто солзи на твоето лице.
Ќе имаш ли храброст да ми кажеш?
Ако е за добро исплачи се.
Ако е за лошо не плачи повеќе.
Не ме гледаш во очи.
Покрени ја главата
и дозволи ми да видам како плачеш.
Очите блескаат и кога плачат.
Срцето зборува и кога солзите печат.
Вратата е тука отворена.
Ако излезам да се вратам нема.
Кои зборови за последни сакаш да ти ги кажам?
Можеби сакаш и без збор да заминам.
Доволна утеха ми е што знам
дека не ме сакаш.
Велат,
ако сакаш некого пушти го нека си оди.
Еве си заминувам.
Нема повеќе Ѕвезди
Ѕвезди паѓаат
небото никогаш поосамено не било.
Ѕвездата како љубовта
згаснува за навек, засекогаш
повеќе не се враќа.
Свети во мракот.
Свети во далечината.
Позната само на странци
кои не си ја познаваат ни сенката своја.
Видов како паѓа и нашата
згасна, изгоре, исчезна
ја нема повеќе.
Замина за векови
потешки од сите лаги.
Потешки од сите бакнежи.
Кој ли сега ќе ја осветли оваа душа?
Каде ли сега зрак топлина ќе продира?
Умира една душа кога Нема кој Да ја спаси
Умира уште една песна.
Нема кој да ја слушне.
Умира уште една душа
тој што ја сака друга милува.
Се вртеа и превртуваа судбини.
Се судираа и гаснеа животи.
Траат, останаа спомени.
Слушни го срцето не мене.
Љуби лажно но покај се за тоа.
Фрли ги сите спомени и минато
и знај без минато си ништо
затоа што јас те направив човек.
Јас те спасив.
Јас бев тука кога сите те напуштија.
Ти требаше да не бидеш тука
а сега умирам јас.
Сродните души Секогаш се наоѓаат
Мислев далечина е ќе те заборавам.
Но се повеќе и повеќе ми недосигаш.
Ноќта без твојата насмевка е тажна.
Моето срце исто
како небото кога е без ѕвезди.
Милји, градови, разни народи
ни океани да го измијат
овој копнеж неможат.
Да се вратам или не
прашање е,
а го знам одговорот.
Со тебе никако
а без тебе полошо.
Што да чекам?
Рајски градини
каде сродните души
секогаш се наоѓаат.
Имам ли верба?
Не се сите Срца вистински Срца
Ќе ти кажев и порано
кога те сретнав во таа гужва.
Познато само твоето лице.
Знам дека не е касно, прекасно е
но барем да го послушаше срцето
а не што зборуваа другите.
Барем еден поглед искрено
да погледнеше во моите очи.
Таму ќе се пронајдеше себеси.
Но ти сите погледи ги крадеше.
Вреди ли да лажам?
Не го сакам како што те сакав тебе.
Не ми значи како што ми значеше ти.
Но барем тој ми го отвори срцето.
Љубов ми подари.
Лесно ќе го засакам повеќе од тебе.
А ти вечно го затвори срцето твое.
Оди, таа те чека.
Други ти ја донесоа во прегратка
но ти ни самиот не ја избра.
И никогаш повеќе немој да бираш
други нека бираат за тебе
зошто ти немаш срце.
Сомнежот ја убива љубовта
Ако ги криев чувствата
не значи дека не чувствував.
Мислев дека е доволно
да сакаш некого посебно
и да бидеш сакан.
Да!
Единствено доволно е
да знаеш дека сакаш некого
и барем некој те сака.
Но за сите солзи исплакани на овој свет
и сите љубовни писма изгорени
да бидеш сакан и да сакаш не е доволно.
Тоа што ми го боде срцето
и го полни со сомнеж
е она кога на сред ноќ
се прашувам каде е
мојата друга половина.
Тоа е она кое не ти дава мир
и никогаш ќе ти даде.
И храбрите Плачат
Ако ги излажам другите
ќе поверуваат во мојата приказна.
Но не можам да го излажам срцето свое
дека можам без тебе,
дека ми е сеедно,
дека ќе преболам.
Како камен кој е сведок
на милиони години.
Илјадници го прегазиле.
Не знае, не чувствува,
не го боли и не се моли.
Срцето крвари кап по кап
ќе искрвари.
Никој нема да го види.
Окото плаче, никогаш да преплаче.
Оган и вода.
Срцето гори од љубов
но солзите ќе ја згаснат и најголемата.
Да!
Плачам нека видат сите.
Крадец на Срца
Колку години
дефинитивно ќе заборавам никогаш.
Секој ден се наоѓа по нешто
нешто мало но доволно
за да ме потсети на тебе.
Секоја љубовна музичка нумера
има почеток но нема крај.
Се има своја приказна
која се раѓа со зората
но не умира со зајдисонцето.
Умира со срцето.
Во мојата приказна
главниот херој беше ти.
Приказната продолжува но без тебе.
Се е исто и досадно
кога нема кој да ме насмее,
кога нема кој да ме утеши.
Кој ако не ти.
Ако имаше збогум
ќе имав на што да се потсетувам.
Замина како крадец
но знаеше ли
го украде и срцето мое.
Срце без тајни
Ако имаше тајна,
тоа ќе беше ова срце мое.
Вечни, бескрајни,
нежни искрени чувства.
Денови исполнети со љубов,
копнеж за бедни денови да траат најмалку.
Ако имаше тајна,
тоа ќе беше ова срце мое
кое не знам дали повеќе е живо
и дали отчукува во глувите ноќи
под дрвјата
длабоко во срцето на земјата.
Што ме уби,
ме доведе до сртот од мојата лажна
но вистинска бајка.
Тајната е тајна
кога никогаш нема да излезе
од срцето.
А јас немав ниедна
и сега сум поосамена од било кога.
Тишината сама ќе ја Каже вистината
Милиони зборови во стихови
со душа извезени на овие листови.
Збор по збор ја открива
ја соголува душата твоја.
Немаше ли храброст
ова и мене да ми го кажеш.
А чекав,
чекав со години да признаеш.
Нежно во очи да ме погледнеш.
Што ми остави кога замина?
Одговара и друг збор.
Што ми остави кога побегна?
Ми ги остави намерно или не
скриени некаде во некој ќош овие спомени.
Ги остави тука мислеше
дека тука и љубовта ќе ја оставиш
и ќе почнеш некаде од почеток.
Но после ова нема.
Ќе те најдам за да ти ги вратам
и направам твојот сон да стане вистина.
Времето неможе да ги Избрише чувствата
Еве сме исто ко од филм
некоја љубовна сцена.
Се враќаш назад после некое време
кога ми го скрши срцето барајќи време.
Времето јас не го поседував
и од погрешна личност го бараше.
Ми кажуваш сега:
“Сакам да бидам со тебе.
Сакам да те сакам.
Сакам да те бакнувам.
Сакам да те милувам”.
Зарем овие зборови
не ти ги кажав јас пред многу време.
Знаеш има веќе подолго време
некој сака да биде со мене.
А ти збунето ме гледаш
без здив остануваш.
Ме губиш ли?
Да, тука стои тој пред мене.
Тоа си ти.
И после толку време
јас сеуште сакам да бидам со тебе.
Срцко
Толку долго и сигурно го чував срцето затворено.
Но ти успеа со твојата насмевка, амбиција
да допреш до него и да го отвориш прв,
и да ми ги откриеш сите тајни таму скриени.
Кога секој ден,
секој бакнеж стануваше неодолив,
секоја насмевка преубава,
секој миг со тебе предрагоцен
за да се пропушти.
Срцето не бира, туку чувствува.
Насмевката ако е лажна
нема заљубеното срце да го стопи,
а твојата секогаш делува.
Бакнежот ако не е искрен
Нема усните да горат од желба
пак да ги бакнат твоите.
Затвори ги очите.
Замисли го моето срце.
Таму ќе се најдеш себеси.
Ќе познаеш дека раката која ја отворам кон тебе,
на таа рака ти го подарувам срцето мое.