т:темплум  

 

м:милка миндева





т:тајни и тајнички

 Од првиот плач на детето во жената се буди мајка и почнува собирок на дните во множество од години. Грижа и љубов и што ли уште не следат за секојдневна употреба. Волшебства и моќ семето го даруваат со живот, па од каде и да поч неш со следење, крајот се трансформира во почеток.
Пајакот го фатил Сонцето со својата мрежа од прашинки и се додека крстот го носиме со нас светлината се рефлектира покрај нас да не одржува во тајна кохезија.
Со перформанс создаден поради љубопитност сме стигнале до критериумите на уметноста и им дозволивме на сензорите да потсетат дека можеме да бидеме и слуги и господари.
Не е благодарно да бидеш публика доколку во себе поседуваш афинитети што на другите им значат задоволство.Пролетта е лакмус и вистинска одлука кога се работи за тајна на оваа географска ширина од аспект на пенетрирање во креативноста.


 

р:рецитал на хиероглифите

Скриени од времето проникливи очи со себе ги клучат тајните во различни форми и големини.Зборови на древни цивилизации. Се поклонивме за да знаете дека ве почитуваме и сакаме да се запознаеме. Зрачите со мудрост со секој поглед од геометријата на мистериозноста во универзумот над сводот под песочните дини. Птици со крилја склопени во мирен став бдеат над бранови и ги праќаат реките во прегратките на морето, а мајката го моли својот првороденец да ја пие силата на животот од нејзината дојка.Неброени чекори прегазиле преку мумиите што ги проколнуваат ритуалите за замолчување.
Мала искра на утеха се верни слуги што следат дури и во други светови. Времето остава траги наоколу, само во косата ги прави видливи. Бесмртност патува низ човекови желби во невидл- иви облици за во даден момент се одмараат кај талентиран уметник. Вино помешано со крв создава искрени и убави насмевки, непријатна не е само црвената боја поради долготрајностПреминот на реката е најболниот дел од етапата на патувањето. Принцезите во раскошни алказари царуваат со убавина на место определено за нив. Сепак тие заслужуваат повеќе во редовите на кодираните ѕидови. Дали од песокот или од сонцето
или пак од влагата на рајските оази во вијугите на пејсажите. Егзекуторот се исплашил и оставил се негибнато. Човекот и со своите три нозе како во магла се присетува на проодувањето.
Каде започнало тоа? Дали меѓу дрвјата во шумата или меѓу сталактитите или пак меѓу ѕвездите стои раскажано меѓу некој од хиероглифите кои ни ги привлекуваат детекторите низ звуците за симфонија на успешен изведувач.
Пот и солзи помешани со пустински зачини.
Месијата така ги благослави што и денес изгледаат невидливи во димензиите на творецот. Упорноста ја надминува интилигенцијата кога е фатена во некој лавиринт, а тој е толку привлечен со своите досетки, па од човекот чини детуле.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања































 

  д:дома