м:модести
а:авантура
Веќе беше длабоко попладне кога Модести Блејз стана од кревет. Темница.
Ако продолжи вака ќе се претвори во меинстрим. Монотонија во катадневниот,
или подобро: катаноќниот живот во Скопје. Од што нема што да се прави се
пополнува времето со разврат: пиење, пушење, влечење бело, расправа со
фрикови, понекоја локална тепачка и толку.
Додека пиеше прво кафе во 5 попладне, Модести почувствува чудна болка во
задната ложа...хммм...од претходната ноќ е, се присети...седеше на мошне
непријатна ивица од тросед, додека му беше убацена у фаца на Индијано и му
објаснуваше некои работи...нашмркана до бесвест...
Какви глупости, помисли, да се трудиш на користољубиво суштество да му
објаснуваш што се повисоки вредности.
Индијано е многу убав. Ама како да целата убавина му е опкружена со
мизерлак. Скока без врска во одбрана на авангарда, така вика барем, ама во
суштина во празно скока. Од авион се гледа дека скока по кеш уствари, но
како е површен дозволува да не се напуни со истиот, па после се брани како
тоа било заради постигнување повисоки цели во такозваниот културно-забавен
живот во градот. Како не бе, ако е тоа повисоко ниво на култура во градов,
тие тешки техно амфетамински журки пуни со голи цицки и целулитни газови и
црнци што ти доаѓаат да ти се потат на твој терен, тогаш стварно живееме
во систем со пореметени културни забавни и естетски вредности.
А сака да се мувам со него, и тоа се гледа од авион...си се насмеа сама со
себе...повторно и” се потврдува дека никогаш нема да ја привлечат
бескрајно згодни и убави мажи со никаква содржина...сепак, имаше во него
некои интересни моменти пред неколку години...но да се разбереме: со човек
што носи тигрести секси купачи гаќи и тоа на висок транс фестивал Модести
нема никад никад никад да се из-му-ваааааааа. И точка.
Додека Модести го пиеше првото кафе, без да може да запали цигара заради
грозниот вкус во устата, и додека се расправаше сама со себе дека готово
веќе стварно ќе престане со конзумирање големи количини бело, се развреска
мобилниот од позади кревет.
“Модести, побогу, 5 саата те чекам да дигнеш телефон.”
“О, Намбр Уан, на што се должи ова пријатно изненадување.”
“Имам работа за тебе, Мод. Моиве акмаци се тотално неспретни и морам да
ангажирам некој од страна. Ќе те чекам во Точка вечер после 8.”
“Фино.”
Какво изненадување, таман кога помисли дека нема крај монотонијата во
градов, и оп ете го врвот на најтешката авангардна мафија, човекот сенка:
Намбр Уан. Само, којзнае што наумил. Ќе мора да укључи уште некој со
нејзе, си помисли Модести, како сапорт. Па да, има ли подобар бекап од
Корто Малтезе. Сигурно е развален во некоја љуљашка богу иза трегера
надвор од Скопје, напушен и лајт опиен од некое си домашно вино кое
последно го прибрал од некаде.
“Каш???” се изненади Корто кога прими позив.
“Друже мој, сум заборавила колку добро звучи кога ќе ми речеш Каш!”
“Кашаша ууу кашаша каш, ела да се напиеме имам едно вино сега домашно
благо, ти какво што сакаш, тука сум локал на излез на Скопје...имам и лајт
варијанта една трава, екстра режија...”
“Хахахахххххх, можам да замислам, ама јас па имам понуда од Намбр Уан за
некоја работа и треба да се видам со него во Точка после 8. Како ти е
расположење? Ми треба бекап.”
“Пак си сркала нешто хахаххх...кашаша бе...кога бараш бекап, значи мозокот
ти е збрљавотка хахаххх...ама добро, фино би ми дошло да ме пукне малце
адреналин. ОК.”
“Прибери мозок и нацртај се во 8 на зборно место.”
Додека возеше према зборно место, Модести чувствуваше како ја облева
пријатна вознемиреност. Адреналин. Многу брзо возеше па стигна пред време.
Пак ја стресе мобилниот:
“Те видов, Каш, идам еве, се симнав пешки малце понатака за да се
размрдам.”
Овој Корто е мрднат. Затоа ми е ептен другар, се насмеа Модести. Тотално е
забеган. За разлика од Индијано, полн е со авангарда. Не трча по кеш и
живее ден за ден. Прифаќа предизвик и стои цврсто зад поимот авантура.
Сака да прима нови моменти, иако понекогаш е тежок за комуникација пошто
не се отвара пред секој. И прибирлив е до посер. Вага све. Но можеби таков
треба да се биде за да се остане достоен на себе и на она во што се
верува. И што е уште поважно: да не се прави она во што силно не се
верува.
“Еј, Каш, знаеш ли дека во Точка денес има перформанс на некој тип што
правел музика на стакло. Се сечел ма кашаша, луд некој тип. Така ми
рекоа,” рече додека ја гушкаше кога влезе во колата.
“Во Точка може на свашта да налетаме. Пази да не ме завлече некоја будала
или некој детаљ па да ме успори во стапување во контакт со Намбр Уан.
Знаеш каков е, не сака околишење и замајување.”
Градот беше толку убав, си мислеа двајцата. Кога паѓа ноќ градот е така
убав ко од бајка е, поготово во зима. Малце има народ, нема гужва и
галама. Студот ги брка луѓето од улиците и полесно се движиш. Светилките
се убави. Сепак ова не е така светла ноќ. Млада месечина е.
Корто пука по млада месечина. Често објаснува како младата месечина значи
нов почеток или нов циклус. Нема начин да избегне муабет на таа тема
поготово кога има млада месечина горе над хоризонтот.
Така додека Модести возеше пријатно насмеана во придружба на вечно
саканиот другар кој оѕарен повторно раскажуваше за младата месечина, не ни
приметија како веќе се беа приближиле до самиот тротоар на Точка.
Како Точка е мало место, гомила народ седи пред врата. Има пуно луѓе. Фаци
кои уопште не ни припаѓаат тамо, па сепак трпат да им студи. Модерно било.
Модерно ли е бе да изгинеш од студ заради нешто што нема шанси да го
примиш и разбереш.
Во Точка еден забеган се соблекол бос и јаде стакло и крв фршти насекаде,
толку е налудничава таа работа што Модести трга поглед од старт. Звуците
кои ги испушта при тоа се рачунаат за музика. Ова е арт оф мазохистичка
мастурбација со стакло. Уште шк шк крвта да прави и све ќе биде потаман...
“Ебате авангардата ебате, дај бе Корто тргни се од овде, уместо ти да ме
оттргнуваш од забегување, јас тебе те спаструвам. Што те влечат вакви
моменти не ми е јасно. Те хипнотизираше типот.”
“Каш, ја овој...човек ли е што ли е жити све...не можам да го
разберам...ама Каш, се научил у процесот да не се самоповредува
сериозно...гледаш...ама сепак, се засекува бе по малце...и...”
Корто се сврте да ја погледне додека и” објаснуваше и примети дека се
оддалечила кон споредната просторија. Паметен е овој Намбр Уан, помисли,
баш вечерва нашол да се најдеме тука зашто никој жив друго ништо не
приметува по страна од будалава со стаклото.
Модести беше во споредната просторија. Корто прв пат влезе во споредната
просторија. Тука имаше многу полици со книги, стари нови секакви; по
ѕидовите висеа интересни слики и фотографии; во средината во еден
стакларник беа сите броеви на Маргина, и под овој стакларник внимателно
ако се помести се наѕира отвор во паркетот.
“Корто, пази да не скокне некој додека сум доле. Отидов.”
Модести знаеше дека Корто фино ќе си се забавља со сите изложени предмети
тука. Дури и кратко ќе му се види времето да разгледа се”.
Од отворот во паркетот се спушташе во второто ниво на Точка, она за кое
многу малце знаат. Тоа е ризницата на Точка. Нема пари, мада тоа е
дискутабилно...ама нема пари тука, осеќаше Модести...но затоа има тешки
стари реликвии, антиквитети, уметнички примероци со непроценлива вредност,
и пишани текстови со јака провокативна димензија.
Во првата соба веќе налета на Намбр Уан. Беше седнат на маса со Вулкански
и Пандалфски, двајцата чувари на ризницата и најголемите уметници на
модерната авангарда.
“Касниш Мод.”
“Секогаш каснам точно 15 минути Намбр Уан. Студентска четврт. Ми остана
навика.”
“Знаеме дека си јако образована Мод, покрај тоа што си способна за убиство
и сакаш акција. Затоа и те барам за оваа работа. Плус знам како факт дека
имаш повеќе од 9 животи. Повеќе од мачка си, Мод.”
Па сега, ако доаѓа од устата на човек кој живее долго, и сите генерации го
знаат, и стално живее и живее и живее, а не е вампир; тогаш прифаќам дека
е точно, помисли Модести.
“Слушај,” продолжи Намбр Уан, “пред неколку дена беше украдено дело со
непроценлива вредност. Слика од Вулкански која ќе добие вистинска смисла и
вредност после многу години. Ја транспортиравме во нашата филијала во
Солун, ни се виде подобро таму отколку тука заради избориве кои идат. Но,
во камионот што го искористивме за транспорт имаше нов вид трева кој го
викаме охгб. Иако властите фино мрсно ги потплативме како и секој пат за
суптилно неприметно движење на пун камион со трева низ земјава, и што е
најважно: за заливено перминување граница, сепак камионот беше запленет.
Идиотот по име Јорго Машала, таа мешавина од грк и турк, се дрзнал да бара
декларација на камионот на патарината кај гази баба. Се заинаетил, не
поштува ни власт ни полиција ни ништо, и никој не може да го пипне освен
тешка мафија. Запленил све. Шоферот го пуштил гол назад.
“Знаеме каде е робата, Модести,” се убаци Пандалфски. “Во подземниот
премин на сам излез од Скопје, т.е. во бункерот на дижонска. Ако искочи и
отиде кон Албанија, готово е све. Сликата ќе ја уништат сигурно, може и да
ја употребат како матерјал за палење оган.”
“Мора да ја најдеш и да ја земеш во текот на оваа ноќ.”
“Има и друг момент, Модести,” продолжи самиот Вулкански. “Не сум ја
потпишал сликата. Ако падне во рацете на Бугарите или Грците, ќе си ја
присвојат за своја. Збориме за слика со силно историско, геостратешко и
политичко значење.”
“Земи ја бубата на Џанки, таа е позната позади гази баба, ни ја остави без
проблем. Внатре имаш све што ти треба. Прво мора да поминеш во Клуб да го
најдеш Носоња за побрзо да стигнеш до точното место на дижонска. Го
пуштивме све да нањуши попладнево до последен детаљ. Те чека во клупче.”
Модести се поздрави без да каже збор, ги зема кључевите од бубата на Џанки
и одлучи веднаш да тргне во клупче а попат да му раскаже све на Корто.
Ноќта доби друга димензија со првиот чекор направен надвор од Точка. Корто
ја гледаше Модести како оди со сигурен и ритмички поинаков чекор. Очите и
светеа во мракот. На челото пишан само зборот акција. Се претвори во нешто
посилно од мачка.
Влегоа во црната буба. Модести му даде сигнал на Корто да види дали има
све во преградата напред. Оружје, се разбира, пари и неколку пригушувачи
на звук. И две влезници за во клупче, ВИП. Од кај ли знае Намбр Уан дека
не сум сама...ма, Намбр Уан знае кога идам на мочање сигурно...од кога не
сум имала секс, дали...еве го ливчето...пацер...го зема од рацете на Корто
и му рече да и” каже што пишува, додека го кинеше и го фрлаше низ
прозор...
“Без вишок конзумирање бело Мод. Изеди ја бомбоната од ливчево и не
прашувај ништо. За избистрување од бело е. Толку.” Корто и ја подаде
бомбоната. Одиме.
Кога ја палиш бубата со појачан мотор имаш чувство кое не се споредува со
ништо друго. Ти се чини ќе ги разнесе соседните згради тој јак единствен
продорен звук. Згрме бубата, Модести запали светла, даде гас и почна да му
раскажува на Корто што треба да прават.
Клупче е фино место. Тука излегуваат интересни фаци. Нема шминкери, лигуши
и амеби. Се слуша некој интересен психоделичен рок. Гитари, ама не
досадни. Кога влегуваа Модести му рече на Корто дека супер и делува звукот
на бендот што свири. Додека Модести пратеше свирка, Корто тргна да го
лоцира Носоња. Многу добро свират бе овие, не ми се верува, си повторуваше
Модести. Гитарава е лудница. И уиграни се ептен.
“НЛО драга,” и кажа Корто, “овој малиов што пее му а брат на Џанки. Свири
виолончело плус.”
“Ќути бе, сега ли наоѓаш вакви работи да ми кажуваш.”
“Ако останеме уште малце, ќе бидеме сведоци на апсолутно лигавење,”
искоментира Носоња, “ми смрди на некаква привлечност меѓу овие двајца.”
“Доста. Носоња, што треба сега да направиме за да се оправиш малце.”
“Ништо, јас се оправувам кога доаѓам на вакви места кај што се мешаат
разни мириси, од пот до цигари од парфеми до стоено, па не ми доминира
ниту еден мирис посебно. Така се чистам. Ти додуша драга мирисаш савршено,
морам да признаам, и хормоните ти букљаат, одамна не си имала врхунски
секс. А и Корто исто, само може евентуално орално да добивал. Сепак,
недоволно квалитетно.”
Модести го бутна побрзо према излез, а Корто остана зачуден и во позиција
да се прашува дали може овој човек по мирис и иднината да ја претскажува.
Гледаме дека може да ти даде точен личен опис, како и опис на ситуација.
Но, но но но...хехехххх..на Каш и се свиѓа малиот
џанки....хехеххххх...после оваа авантура ќе има тема за фаќање
сеир...хехехххх....и тоа каков сеир, мрсен сеир, квалитетен....
Сите ќутеа до наплатна рампа гази баба. Во тој дел од Скопје животот е
друг. Нема ред. Како се приближуваш до рампа, све потемно станува. Ни
Месечината не се гледа од ова страна. Тмурно е све. Језа. Овој период
посебно беа активни овие делови од градот. Пред избори добија поголема
сила. Претходно почитуваа некакви одредби од закон, но во пауза од влада
до влада уочи новиве избори свашта си дозволуваа...тоа го потцениле Намбр
Уан и компанија...или можеби знаеле дека трева не ги занима во подземјето
на Имраким Љочка, само хорс и кокс...сепак, тоа говното на две нозе што
стои а е микс од грк и турк сигурно од инат го прибрало камионот...или
зашто не му дала жената, или зашто изгубил на коцка, или зашто не се
нашмркал доволно или зашто можда се прешмркал...како и да е, сепак
камионот го нема....
Она што ја загрижуваше Модести е податокот од Носоња дека камионот е во
трансфер зоната на големиот Имраким Љочка. Говното го трампало камионот за
не знам колку тона кокс. За да се пробие низ идиотската банда на Љочка,
Модести направи план.
Лесно поминаа рампа, бубата ја знаеа добро тука. Темница, не се гледа
добро кој вози. Мислат Џанки иде по уште доуп. Влегоа без проблем. Носоња
ги водеше понатаму до скришната подземна база на Љочка. Кон крајот на
дижонска, кај скоро срушените куќи до кои одвај се доаѓа но има таман
место и цел камион да помине, баш пред песокот оставен за градење Носоња
им рече да застанат. Ги посматраа неколку пара очи. Им се приближуваа. Во
темницата засветка метал. Оружје.
Корто излезе од колата. Планот беше да ги фати на муабет, а Модести да
премине преку песокот и да влезе во дворот од помалата куќа. Во
надворешното ве-це под цревото за заплакнување се влегува во подземниот
склад. Само Носоња можел ова да го намириса, никој друг: ни полиција, ни
мафија, ни влада, ни унпредеп ни кфор ни мор.
Корто беше полиглота, од радозналост научи да зборува повеќе јазици.
Збореше шиптарски оригинал. Фацата му беше доволно чудна, а и стилот на
изразување, така да со право Модести мислеше дека ќе успее да ги задржи
момциве доволно време. Они го чуваа дворот од куќата.
Носоња требаше да оди со нејзе до дворот, и тука да се скрие во грмушките
и да дава сигнал со мјаукање ако некој иде. Он ќе го намириса уште пред да
се доближи.
Се” тргна според план. Корто Малтезе е виртуоз за задржување луѓе. На
шипците им збореше за теми далечни од нив. Почна со палење џоинт, додека
им објаснуваше како уствари го пратил Џанки по уште доуп пошто тој самиот
бил зафатен со перформанс. Ама Корто вешто го сврте муабетот од доуп кон
пацифизам, како сите сме ние исто и треба заедно да живееме, и потоа
успешно ја зафати најфаталната тема за која зборува: неговите
патешествија. Пред да влезат во дворот, Модести и Носоња застанаа за
момент да погледаат малце колку тоа добро го изведе Мистер Корто Малтезе.
Ќе ги напуши и ќе им раскажува, а овие ќе седнат ко мали деца и ќе слушаат
опоени со отворени усти.
Влегоа во дворот. Носоња остана во грмушката, а Модести влезе во ве-цето.
Не беше многу прљаво. Пространо беше. Чудно дури. На вистинско место го
најде отворот за доле. Влезе. Влага во просторот. Колку поинаку мириса
отколку во подземјето на Точка. Потешко. Неиздржливо дури. Не се наѕира
ништо. Тотален тежок мрак. Мораше да запали упаљач. При првиот момент
светлина виде дека тоа е уствари огромен ходник, не се гледа до каде се
протега. Како тунел е. Не се катакомби ко во Точка, туку прав тунел.
Полно кутии внатре. Вреќи. Отворени, затворени...нема ред... ок...
мисли... треба да е до некоја си пратка трава охгб...дај ми некој сигнал
Господе, нема шанси да видам каде е...охгб...барај трава...сети се на
мирисот на грас и ќе ја најдеш сликата...во подрумиве грас нема многу,
само тони хорс и кокс...и оружје и којзнае што уште не...
Помина доста време. Вреќите успеваше да ги отвори, ама кутиите не.
Застануваше да помириса над нив. Нема грас бе. Да не го трампале, да не
касниме...веќе се замори ептен...па јас не сум Носоња бе Намбр Уан, него
требаше да го пуштам доле можда, ама не...попотребен ми е горе...
Кога, помеѓу многу такви кутии како со некоја посебна светлина да беше
осветлен еден шпиц од картон. Модести потрча кон местото. Да, се гледа
дека тоа не е цела кутија. Тоа е дрвена кутија за слика. Да не е скршена?
Немој само да е скррршена...пази...внимателно....ја блокирале со еден куп
кутии...не можам да ја извадам...ќе влечам...полека...влечи...мора да ја
ставам ногата помеѓу двеве кутии за да направам простор да се одвојат и да
ја извлечам, иначе ништо...
Надвор се слушна звук. Модести замрзна. Не е мјаукање, петел е. Брзо. Ќе
се раздени, мора да бегаме. Среќа зима е, темна ноќ е рано посабајле.
Направи последен обид и ја повлече сликата. При тоа едната кутија се
искрши и тешко олово и ја притисна ногата.
Вресок ги раздрма чуварите на кои Корто им збореше. Двајца од нив тргнаа
кон местото од каде доаѓаше звукот. Еден остана со Корто, со цевката од
пушката вперена во неговиот нос.
Двајцава налетаа на Носоња. Овој пукаше во едниот, но другиот веќе само
што не го беше погодил него. Се слушна истрел. Шипо падна пред Носоња.
“Модести, побогу, не си нормална. Трчај, не само што мораме брзо да бегаме
од тука, мораме брзо да бегаме и од другата страна на рампата. Брзи се. Ќе
не фатат.”
“Нема. Нема кој да каже детали. Ќе ги убиеме овие чувариве. Додека да
разберат кого треба да бркаат ние ќе избегаме. Корто, до кога ќе те чекам
да му ја зачепиш устата на тоа говното пред тебе!!!”
Корто направи неколку потега и го зема оружјето од шипо. Но, не можеше да
пука.
“Пукај бе, да ти ебам пацифистот. Ќе раскаже све. Идат другите. Уште не не
виделе среќа, темно е.”
Овој не пукна. Модести затрча појако од мачка. Трчајќи накај бубата, во
лет го зареди шипо со куршуми.
“Влегувај бе, не можам да возам. Пичи... можеш ли барем да запичиш со ова
бубава, преку рампа директ и не мисли на ништо друго. Летај, не вози.
Летајјјјј!!!!!!!!!!”
Касно попладнето пак во 5 Модести пиеше прво кафе. Една болка каква не
можете да замислите и” лупаше во нога. Ногата во гипс. Откако ја однесе
сликата до Намбр Уан, Модести кажа дека си ебала матер на ногата.
Корто и Носоња беа занесени па не приметија на време.
Сепак, еве ги тука сега и пијат прво кафе. Им го направи Носоња, ама при
тоа изеде гомна дека е стоено.
“Модести, жити све, кафево ти е катастрофа еколошка.”
“Ич не ми е гајле.”
“Сега може да ја нервираме ептен. Не може да мрда баш...хехехххх”
“Сеир...”
“Кога сме кај сеир...ќе идеме ли вечер во клупче, а??? не се секирај, на
раце ќе те носиме...”
“Да се релаксираш малце тамо...нели....хехехеххххх...џанки јуниор ово
оно....хехеххххх...”
“Дај ми го мобилниот ако сакаш те молам друже, плис. Ќе видите сега
двајцата...еј, Намбр Уан, извини што ќе се дрзнам за вакво нешто, ама
какви се шансите да добијам еден ај-ту-ај перформанс знаешшш....”
“Ма средено е више све тоа Мод. Уживај.” Клик.
“Момци, даде сега да ве почасти нешто. Ти Носоња иди извади една кашаша од
фрижидер, да наздравиме. Корто, мотај друже, да видиме што е тоа сега ново
па охгб...у џебот од јакната ми е...”