т:тања fish
г:години:19
с:студент
д:досега објавено:па, ако се смета за обајвено..
fish.blog.com.mk под името
Red Clown... другото се извадоци од
книги....
т:текстов е инспириран од Психо
на Хичкок, лесно е да се препознае....
andromedin@yahoo.com
н:немилосрдно,
жолто...
Немилосрдно, жолто,
над мене со нож чека јунакот на Хичкок,
претворен во жена,
Норман уште еднаш се прашува
Дали му смета тоа што се заљубил,
Дали неговата мајка,
Се уште е љубоморна
На секоја девојка
Што ќе се појави во мотелот.
Овој пат не му успеа,
Избегав на време,
Земајќи ги и парите
И клучевите од коата.
Избегав назад.
Се вратив во феникс,
Немав храброст да издржам до некој си крај
И да бидам среќна
На некој остров во Шпанија
Заедно со господинот Вергас,
И да го направам мојот единствен оригинален грев,
Да не умрам од пиштолот на мојот бивши љубовник,
Ниту од отровот за глувци
Што му го спремав на сегашниот.
Јас сум две во едно,
Како нес кафе,
Но без отров за глувци.
Живеам во црвено јаболко,
На југот од балканот…
За жал, јаболкото-црвјосано…