д:даниела хаџи тоневска
г:гајба пиво
Водиме разговор
глуп
и ја и ти доволно луди
ти седиш пијан ко труп
и више ништо не не чуди.
Мамурни фаци, шминка тони
околу само морони, лицемери
и кријат модрици под очи
негде чкрипи, некој кочи
невини жртви на овој валкан свет.
Се трезниме саат време
во бунило и агонија
нема кој да ме земе
од оваа монотонија.
Ние сме само точка, нула
црна овца, крива кула, која паѓа
во овој свет свртен на криво
ќе ме спаси гајба пиво, да не полудам.
Овде е жално да се родиш
зошто утре ќе си одиш
негде кај што нема зима
кај што живот добар има, демократија.
с:сакав да видам
Сакав да видам и
видов,
но попусто е се кога сепак си сам
сакав душата да ти ја дам
не сфаќајки го овој плам
на чувства и копнеж,
на прикриен срам.
Но бегаш пред се што малку ти значи
пред она што било и значело бол
со мисла и збор во даден миг
душа си слекол останувајќи гол.
Пред свет со лаги, омраза, жал
валкајќи име во понор и кал
на неверства, солзи, знам тоа боли.
И затоа сфаќам зошто си нем
зошто ме отфрлаш скршен, а сам
ме повредиле многу, одземајќи се
затоа добро тоа го знам.
д:душа
Сама по којзнае
кој пат
по нов пат тргнувам пак
со куфери полни надеж
барам ѕвезда, барам знак.
Во добро и зло, во плач и смев
со добра мисла или сторен грев
лута на светот, со чувство на гнев
го барам своето ЈАС, она што некогаш бев.
Со доза на страв и малку вина
што дозволив ко цвет скинат
во туѓа прегратка да згаснам
не сфаќајки каде одам,
со копнеж силен, желба страсна
од пепел, пак да се створам.
Та сега сум душа што талка
изгубена, в немир сета,
чекајќи го секое ново утро
в занес и порив огнен, кон небото да летнам.
п:професорица
Она беше многу
млада
Секој сакаше да ја има,
Беше слатка као чоколада
Беше топла за у зима.
По навика или онака
Знаеше виц да слупа
На часови со ред така
Вицови испрашуваше од клупа.
Татковци, вујковци
Навраќаа до школо често,
Али понекад и дедовци
Фаќаа пред училна место.
Со мерак од родителски
Татко ми се враќа,
А дедо ми по старински
Од баба ми пита праќа.
Она беше многу мила
Али си имаше свој тип,
Стално облечена у свила
Идеше у школо со џип.
Све дававме да не вози
Али она беше цврста,
Не помагаа ни букет рози
Не беше баш лесна врста.
И еден ден. . . трагедија!
Дојде пети месец трудна,
На сите жилите ни се заледија
Беше она ептен чудна.
Прогласија ден на жалост
Татковците паднаа у депресија
Се узбуни целло маало
Среќните денови свршија.
Али ипак она беше
Многу фина, многу сакана
Па заради оваа ситуација
Повеќе од херој беше оплакана.
и:и сега што?
Мојот живот е
бушава драма
која за жал ја пишувам сама
монолог, дијалог со сама себе
барајќи одговори наместо тебе.
Плачам, се смеам на своите грешки
својот пат го минувам пешки,
во некаков обид за да те сфатам
паѓам во мрежа, ужасно патам.
Ти тоа за жал не го гледаш
и не знам зошто постојано бегаш,
боли ли тоа што баш ти ми требаш,
се што ти давам лакомо земаш.
И сега што? Што можам веќе,
исчезна мирисот на она цвеќе,
исчезна радоста на првиот момент
и оние стихови од мојот сонет.