т:темплум  


март

д:
дамески андреј

г:години: 19
п:професија: студент, продуцент
и:интереси: музика, философија, секс
д:досега објавено: ама баш ништо
н:нешто за себе: унга-бунга или смрт? Унга-бунга до смрт!
 

ф:фрустрации по Фројд

Сега ќе ти објаснам. Замисли си точка. Така. Сега замисли ја дека одеднаш добива брзина на светлината. На десно. Е, така.
Што сега?
Ништо. Буквално ништо.

Ние сме празни, а всушност преполни. Чат-пат. Не е секој ден зелен.
И покрај тоа што полека патувам, јас никогаш не осознавам сè.
Сè. Сè. Сè. Колку моќен збор. Моќните работи се едноставни. Најмоќните – наједноставни. Токму затоа тој збор што во себе содржи тебе, мене, тетка ти од Аеродром, вкусниот хамбургер од 7ца (посебно кога ти се јаде), нечистите гаќи на Бред Пит, Total Gym на Чак Норис, менструалната течност на една сибирска мечка и оргазмот на еден Лепторијан во соѕвездието Гама, е еден од наједноставните (ако не и наједноставен) збор што постои во нашиот орган за вкус. Сè'.

ЧИ ТАЈ МЕ. Тебе ти пишувам. Што? Сакаш секс? Секаде. Секаде. Сексот е добар, само ако знаеш колку се 2 и 2. Ако не знаеш, е јеби га, не си предодреден за претреволуционерни песнички.

Гледај!                     Скокам                    се пренесувам                          
           насекаде сум         не можеш да ме следиш                                 
          
односно, можеш. Ај у пм. Мислев дека ќе ти избе        гам.

На жалост, црнците не се бели. Но сникерс не е секогаш вкусен. Посбено кога ќе ти текне колку кондоми си можел да купиш со еден сникерс – точно еден.
Те обожавам, знаеш дека? Не знаеш? Па нормално. Кој знае? Само јас. Дури ни јас не знам. Знам. Не знам.
Еј, види ја плавушана на трети. Гром, а? Какво газе, а! Но, си разменил два збора со неа? Не, а? ГЛУПАЧА! Не ти бе, таа! 

Мене само не ми е јасно, како може на Карерас да дојдат 2,000 души, а на Цеца 50,000. Глупави работи за глупави луѓе.
З          к          М         ф          П         ш         Т

Предупредување: 0v0j t3kst 3 m4lc3 z43b4n, ткаа што тој олдчино ја пкраижвуа тјоатва летраутинра поткованост. Ако не успееш да го прочиташ ова ти си ктеерн. Уф, за малку.

И то.

Некогаш, јас по тебе сум одел,
Луѓе тепал и очи бодел,
Но денес, о денес,
Ти не заслужуваш да бидеш тоа што си,
Да одиш по полиња, и да не се грижиш ти,
Дали ќе ме видиш.
Зотшо јас сум тука, но не сосема.
Фали мојот ракав. Мојот ракав бел.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





































 

  д:дома