март
д:димов штерја
п:професија/интереси:учам
во државното средно економско-правно училиште “Васил Антевски-Дрен”,
правен смер. Моите интереси се се’ што подразбира уметноста како пишување,
глумење, сликање... и секако правото како профил.
н:нешто
за себе:отсекогаш имав желба
да пишувам и тоа и го правам. Верувам во искрената љубов и во искрените
пријателства. Верувам во другарство помегу машко и женско. Сакам да се
забавувам, да се дружам, да ширам нови познавства. Едноставно да уживам.
б:букетот на сонцето-љубовта
Постои острово на
љубовта... Тоа го знам јас, а го знаат и многу други... Но, не не мислете
погрешно. Го знаат оние кои го почувствувале животот на него. Се наоѓа во
средината на... Втонало во длабочините на... Испреплетено со неограничени
патеки на... А, на тоа острово се смеам и живеам среќна младост.
Во овој цвет, во мугрите на зората мислам само на бојата на цвеќињата
уживајќи во бескрајното острово на љубовта скриено во... Никој нема сила
тоа да ми го забрани од единствена причина што на моето острово вечно
цвета љубов и среќа, а тоа острово-убаво како најубава вила. Никому не
давам да ми го одземе. Тоа е вечно... Мирисот на љубовта можам само јас да
го почувствувам, затоа што само јас ја знам тајната состојка за рецептот
наречен љубов. Ја чувам љубоморно и не ја давам никому. Моето острово на
љубовта само мене ме љуби, ме прегрнува, ме сака и само со мене сите мали
и големи тајни ги споделува.
Тоа мое острово се наоѓа на местото каде што се спојуваат љубовта и
омразата, радоста и тагата, сонот со јавето, каде сите соништа стануваат
стварност. Тука е местото каде се наоѓаат сите мои тајни, местото на кое
огнот постојано гори, местото кое со еден допир може да се с крши, да се
повреди, да се уништи. Премногу чувствително, а сепак ја има магијата со
еден поглед да не маѓепса. Тоа е место со непозната адреса каде љубовта го
обзема срцето и остава без здив. Таму каде неуморно ќе играш, ќе пееш и ќе
се забавуваш.
Едноставно таа мистериозна работа ме носи по патот на љубовта, за да
бидам бесмртен, за да зборовите сами излезат од мојата уста, страсно да се
редат еден по друг, за да сонувам буден, за нестрпливо да го чекам секој
нов утрешен ден. Да сонувам љубов, да живеам за љубов. А, таа мистериозна
работа е нешто што никогаш не згаснува, нешто што одново грее и во лето и
во зима, по помалку или повеќе години, а сето тоа само за да не потсети
дека љубовта е вечна и дека повторно се разгорува со помош на претходно
останатата жар. Тоа е мигот кога чувствуваме само добро, кога не можеме да
си ги искажеме “маките. ”Желбата, амбициите, сонот, љубовта сеуште ќе тлее
во моето срце. Ќе тлее за навек. Што беше љубов некогаш, а што
денес?-Веројатно ист блесок на небото, исто зрно песок на плажата, иста
ѕвезда на небото... Некаде далеку во космосот, најсјајна меѓѕ ѕвездите.
Моето острово на љубовта е клучот на сите нејзини тајни. Тоа острово знае
се за тоа кој и како љуби, а јас бев еден од многуте среќници создаден да
љубам, да бидам љубен, да грешам и да ги исправам грешките. Но, најважното
од се да бидам среќен и својата среќа да ја споделувам со љубовта.
Само за вистинската љубов ќе направам се... Само заради неа ќе ги ставам
рацете на огнот и ќе дозволам да ме изгори, да ме изгори од премногу
љубов. Само заради неа подготвен сум да го обновам својот живот. Само
љубовта е клучот кој сите ги маѓепсува...