март
м:маглешов васко
г:години:21
п:професија/интереси:студент, втора година на
Катедрата за општа и компаративна книжевност / ги
преферирам Кафка, Ман, Еко, Маларме, Булгаков, Пинтер...
и од филозофите: Кјеркегор и Сартр. Сакам да читам егзистенцијални и
психолошко-филозофски дела...
д:досега објавено:во
збирки со повеќе автори, но ништо
самостојно
п:прошетка на слики
Му се чинеше невино што сè уште зајадливо гази по веќе направените длапки
во земјата. Беа ретки и некако суво ја впиваа водата што од утрото паѓаше
како непресушен дождец. Помисли на тоа кој ги направил овие длапки во кои
се собира упорниот дожд. Но, оваа мисла не го држеше многу. Продолжуваше
да оди по нив и со затскриен поглед ја ловеше црната ограда која како да
немаше крај и сè уште го слееше. Капките дожд бурно се обидуваа да ги
опсипаат црните решетки, ама во тоа успеваа само неколку. Покрај оградата
неколку борови дрвја високо се сретнуваа со дождот, а тој стравотно се
изливаше во нивната уторба. Одејќи потаму, забележа една жилава, но сепак
сочно зелена грмушка под која беше пуштил живот еден рузмарин. Сè уште
врнеше, а тој ненаметливо ја сврте главата и виде сив гулаб како во полн
лет, виорно се издига над гранките од еден влажен чемпрес. Гулабот направи
еден замав и во широк распон се упати некаде виско. Далапките по кои
одеше, стануваа сè поплитки, а околу нив имаше кал. Сврте десно и на смиот
агол од сокакот, во црната оградата виде оставен жолт гербер. Капките што
паѓаа врз него се задржуваа многу кратко и молскавично го напуштаа, небаре
побогати за едно ново жолто искуство. Се доближи до оградата и го извади
цветот од неа. Забележа дека неколку ливчиња се откинати и дека стеблото е
малку скршено. Извесно време го гледаше, но пак го врати назад во
оградата. Почна со поглед да го следи дождот кој паѓаше на мермерот и на
која стоеше напишано некое долго име. “Какво студенило се крие во него” -
помисли. Под мермерот забележа хартија со сиви ленти и додека дождот го
паѓаше до мермерот одлево виде и една жена, чиј студеникав поглед малку го
вознемири. Мислеше веднаш отиде, но жената ја сврти главатапродолжи да
пуши и да гледа со проѕирен поглед кон небото. Успеа да го види само чадот
што излегуваше од нејзината уста и каранфилите што ги држеше во левата
рака. Беа изразито црвени и обвиткани со проѕирна хартија. Пак го погледна
жолтитот гербер во црната ограда, а дождот се засилуваше. Чувствѕваше како
бразди вода му ги полнат чевлите и виде како црната коса на жената почна
да сјае од од дождливата сеанса. Жената го остави цвеќето и безволно
клекна пред мермерот. Рацете ù висеа и ја допирааа влажната земја. Како да
не чувствуваше студ, како да не беше наводената. Си ја фати влажната коса
од која се цедеше вода и така клечејќи ја крена главата кон небото. Беше
тивко. Само облаците и дождот веројатно беа против тишината. Подолго време
таа клечеше и не се помрднуваше, тој ù го гледаше само грбот и црното
палто. Нпарави неколку чекори напред и успеа убаво да ù го виде лицето.
Имаше густи веѓи, румени образи и бледа кожа. Незнаеше дали дождот или пак
можеби солзи ù го миеја лицето. Наеднаш жената ги спушти рацете од
влажната коса и ги стави на мермерот. Букет каранфили беше потопен во
водата. Почна одеднаш со рацете да удира по мермерот и да извикува
некакави недоволно јасни зборови. И дождот и таа удираа по на свој начин.
Тишината беше скршена, а сé појасниот крик одекнуваше од измиениот мермер.
Со скаменет поглед го гледаше лицето на мермерот и почна да пее со
брановиден тон, со жолчна врелина. Сега веќе виде дека не само дождот ù ги
влажни образите. Звукот на камбаната ја разби едноличната дождлива власт и
припиено со тишината отпочна нов поинаков миг. Од другат улица доаѓаше
некоја поворка. Кога жената стана, тој забележа дека цртите на нејзиното
лице, оние од сликата и оние на сликата од поворката беа идентични - под
едната имаше датум и име, на другата слози, а третата само што започна да
сонува...