март
н:најдовска катерина
п:професија/интереси:
студент на Катедрата за општа и компаративна книжевност
д:досега
објавено: досега ништо немам објавено
в:времето не постои
Утрото веќе беше пукнало над влажните, градски улици. Ги отворам неволно
очите, со речиси пијани сеќавања на минатите блискости. Го вклучувам радио
приемникот:” Денес е сто педесет и вториот ден од годината...”Сî уште ја
гледам белата пеперуга- ја голта мракот. Сите изминати дни се слеваат во
две бели крилца.” Колку е минлив животот!”-помислувам и како што е редот
станувам. Жива ли е белата пеперуга?
Наредното утро:
Сонце. Отворам очи. Ден е. Жива ли е белата пеперуга??? Го вклучувам
радиоприемникот:” Денес е сто педесет и вториот ден од годината. “ Минливи
сме. Прав во просторот. Времето не постои- постојат сеќавањата. Сеќавањата
не тебе. Го исклучувам радиоприемникот . “Денес е сто педесет и вториот
ден од годината”- ми ѕуни во главата.
Наредното и многу наредни утра поминати напред во и назад низ времето:
Се будам. Го вклучувам радиоприемникот- “Денес е сто педесет и вториот ден
од годината. “Веќе е зима. Белата пеперуга сигурно не е жива. Минлива е. И
мојот живот е минлив. Но, каква чест! Да живееш колку една пеперуга
благодарејќ- на еден залутан миг што човечките раце го моделираат како
глина. Сега верувам - времето не постои. Ги скршив сите часовници што
чукаа низ моите вени. Умрев за повторно да се родам. Секое утро се раѓам
за да умрам со денот- бескарјно многу животи. Животот е мачење. Го сакам
својот убиец бидејќи е посилен од времето, но заборави да гледа во моите
очи. Впрочем, зошто би гледал во безживотните очи на својот убиец?!
П.С. ТЕ САКАМ