т:темплум  


март

н:
николовски трајче


г:години:25


к:конзерва


Здраво, јас сум крокодил, извинете што вака зборувам, ама знаете не можев да дојдам вчера, имав важен состанок, и убаво ви реков не е таа шахта и тој нужник за вас. Вие сакате да растурате Богородице предрага, пардон, не се вика маестро конзерваториум, начелник не сум, не одам на гради, е мој Бубиша, кај си учел филозофија?
Во затвор тотално се разочарав од реалноста, извини, ама овој затвор е носорог кој никогаш не може да запре, затоа што нема мозок, има – ама железничарски мозок.
Нема нови мелодии, се’ е загатка, прашалник, антена, Драчево – не се смеј, тажен си, та загаден. Четири тажни џукели трчаа по шишињата што ги фрлаше. Погоди кој дојде? Машиновозачот...
Еби му мајката, ЕУ, ние ќе умреме за јадење, никој не работи, цевки пукаат, дрвја паѓаат, Америка не ја покриле – ја откриле, баш на скали ја ебе тато, до солзи еј, еј, му еба мајката, еееј!
Ова е паметен човек, чист, искрен, верува во бункери. Пази се! Хари тата, не мата Хари – ха ха ха – Потер Хари.
Многу добро, еј види, јас дојдов – баклави, Стокхолм, Маџари, ѓубре, коњак, стопленост на Перо Камиказа со црнец и таа со газот си лети слободно. Не сум видел ништо цел живот одам со затворени очи. Мечката е дома, цензурата е дома до 20.Август, а тепачка не правам, не сум луд на глава да паѓам.
Еве, ти си за никаде, дај еден билет за никаде, не можам да повратам од илузиите на државата, знаеш кој е Цезар? Цезар е шоу-мен, кловн, другарот на Тито.
Проклетство, плачење, крици, поплави, смрт, болести и (најважното) замрзнато пиво љубовно. Неподвижна кисела вода сама во корпа живее, не може да стане од кибритот, не може да стане, многу е скиселена, таму на крајот од оваа материја, балансирана на тонската проба, на која мечето Ушко згреши и жицата му пукна и се претвори во Бетовен.
Има вода, не, има нешто што не можеш никогаш да го видиш ни да го чуеш – радиото од иднината е 10 метри подолу. Можеш уште да пиеш или си пијан цел месец. Цел свет е мрежа болна од рак, шкорпија, пајак, зајак, кајак. Искрено, не ве знам, господине Зегин, зејтин, темјан, кандило. Ало, не сме на Ново Гробље!
Толку сум духовит - за во почесната чета на Мито Хаџивасилев Јасмин и неговиот психолошки штос со кој се произведуваат луѓе на прашина во 100 договори, кои возат кочија со коњите што серат трева на мафија. Политичарите се глупи штрудли кои чекаат на милост 200 години, издржливи се.
Зарем сте музичар вие, господине алкохоличар гаден, неподвижен. Не можеш да мислиш, зелен си – кога плачеш поцрвенуваш.
Се разбуди, сонот не е живот, тој е Голи Оток, Алкатраз, бегство кое не знае да копа по престолнината на Наполеон Бонапарта, кој со моторцангли го удри печатот толку силно што сето тоа беше видливо. Печатот леташе и падна во провалија под која се наоѓаше тајното езеро на Бекет и го удри во главата, тој падна спокојно и неподвижен остана да лежи.
Сите се чудеа зошто овој човек лежи така мирен со години. И денеска, на тоа езеро, на брегот се наоѓа една конзерва која јас ја фрлив, не сакајќи да го удрам човекот кој тој ден се сончаше на плажата.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


















 

 

 

 










 

  д:дома