т:темплум  


март

т:
тронски александар


с:секојдневие и така натаму
(имагинации во секојдневието)

  Животот ми е премногу едноставен.
  Денес нема да отпоздравам на соседите. Денес ќе ја оставам збунета комшиката од соседниот влез кога ќе ја бакнам силно, в уста. Денес ќе им ја одложам за момент играта на маалските деца, шутирајќи им ја топката преку најблискиот кров. На едно од децата ќе му залепам шлаканица. На неговиот вербален отпор ќе му залепам уште една.
  Нема да се вознемирувам кога ќе ја поминувам раскрсницата на црвено. На секое свирење од автомобилите ќе одговарам со мојот најдолг прст. Доцнејќи на работа, ќе се втурнам директно во канцеларијата на директорот. Ќе му кажам дека е гомно и дека со задоволство го примам решението за отказ. Присутните членови на состанокот ќе ги размрдам во своите залепени задници на тешките фотелји, откако ќе ја треснам вратата при излегување. Минувајќи низ паркот, ќе им правам гримаси на вљубените парови. На подгрбавената старица ќе и го турнам бастунот, а жената со отмено држење ќе ја прашам дали млекото го купува за своите внуци. Ќе отидам на фудбалскиот натпревар на мојот омилен тим. Жестоко ќе навивам за спротивниот. По натпреварот, на највидното место во центарот на градот, ќе го напишам мојот омилен графит. Со огромни букви ќе стои: И ЈАС НЕШТО ДА НАПИШАМ!
  Денес ќе парадирам низ плоштадот, шетајќи со плакати против власта. Периодично ќе ги заменувам со плакати против опозицијата. Денес ќе бидам против целиот народ. Денес - ден кој нема да биде како другите; ден кога кревам бунт против старите навики.
  Заѕвонува телефонот.
  - Биди точен - во 10 часот во салата за состаноци, и, се надевам дека проектот ти е готов?
  - Се разбира, директоре, ќе бидам точен.
  Денот се надоврзуваше на претходните. За момент помислувам дека животот ми е премногу едноставен.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







 

  д:дома