2007:март/април
општ
конкурс
а:арсовски виктор
mr.tootmen.blog.mk
mr_tootmen@yahoo.com
d:dr.
Hunter
- “Taking on groups of
people was the ultimate fun.
And then running off with their women. The
Genghis Khan approach. It was romantic. I got the
shit kicked out of me a lot. But it was fun.”
-“In the end, it’s not so much how to succeed in life
as it is how to survive the life you have chosen”.
- Dr.Hunter S. Thompson
Само што се раздени. Собата беше лом, вриштевме синоќа вешти во
налудничавите игри, и сега бос морам да пазам на срчите. Барав под
превртениот астал, под креветот, но најдов само кеси, флаши и изгазени
отпушоци. Значи без нормални цигари сум. Само неколку преживеани парченца.
Имам и ризли. Смотав и се потпрев на терасата, гледајќи ги безличните
фигури под мене. Имав пари. Но беше 6 часот. Најблиската продавница беше
далеку. Требаше да се оди низ смрдливи тунелчиња од згради измочани од
несреќниците кои во моментот не можеле да издржат. Не ми се ни излегуваше
сега. Ризли нека бидат. Повлеков од искривениот качак без филтер и беше
гадно. Немилосрдно влечев како да е само тоа и тоа и тоа... потребата беше
преголема. Чај со рум би било добро сега. Зарем ке цвикаш? Влечи човеку
влечи. И надевај се дека има крај смрдливата цигара. Имаш надeж нели, за
разлика од чудовиштата под тебе? Квазимодовци кои влечат тешки
екстремитети и тешки мисли на исправениот плочник, а над нив нерасонетото
сонце се влече по небото. Идентични во својата тромост и сонцето и
фриковите, никогаш не запираат, секогаш во движење, вржани едно за друго.
Денот со својата светлина е немилосрден. Ноќта, таа е прекрасна. Ноќта ги
дига сенките и ги лепи на лицето на фриковите. Темнините под очите,
страшни тајни, безбројни сенки, лицето е без гримаси, надувано со
приказни, мистериозно. Bез тајни, лица откриени и болни, го красат
немилосрдниот ден, пресветло е. Невработување и Груевски одел по школите и
останатите срања вриштеа од телевизорот. Изгаси ги вестите, човек. Смени
го каналот. Пушти животни нека вриштат. Прашуми и прерии. Нека трчаат
слободно. И така уште малку им останува. Одеби ги вестите. Мили боже,
утрински програми и вести, ништо друго по каналите. Среди се, ебате среди
се. Не им дозволувај да те збунат, да те обземат црни мисли. Убаво утро е.
Мењај по кабловската. Ги нема животните. Сигурно умреле и сега висат по
ѕидовите на некој богат сноб со црвен нос, кој раскажува неверојатни
случки во кои тој со својата карибинка ги стрелал и дури го пипнал лавот,
тоа огромно страшно чудовиште, со малото прсте, додека другарите му
понесени од храброста, дискутираат за големината и можностите на
безживотната глава што виси од ѕид.
Одеби ги сите. Одеби ја кутијата. Пушти музика. Пушти го Ник Кејв да се
дере “Do you love me, Do you love me… like I love you…” Љубов - тоа е тема
за твоите мисли. Погледни долу. Ја гледаш стегнатата жена, газела,
прекрасно газе нели? Остави нежни мисли да те шетаат. Сега е седум, уште
час и ке излезеш. Ке се летнеш ко луд на факултетот, прво на станицата, па
ке се возиш по смрдливите автобуси. Смотав уште една. Во споредба со
автобусите качакот ми изгледа совршено. Ке одам да отспијам една на
возбудливите предавања. Професори од 50-ти... книги од 83’...профинето
ебавање на факултетско ниво...образование за заборав. Качакот е прекрасен,
се гаси. Ако го сретнам педерот со Че Гевара на црвената мајцата ке му
вржам една. Херој? Цивилизацијата треба да експлодира од убодите што и ги
нанесуваат. Нож од кој капе крв, кој не се откажува, кој непостојано боде
и боде и боде...
Звонечето ме прекина во газењето на копилето. Сепак ке морам да се
воздржам. Прво погледни низ стакленцето. Искривените заби и циркуската
облека нека не те плашат. Па тоа е само чистачката. Жален поглед кон
вратата и рака на готовс да легне на звончето. Што сака оваа? Одеби ја, не
сум расположен за муабет со чистачката. Прави се дека не ја слушаш.
Појачај. Можеби некое друго време, подобро, кога ке ме интересира
нејзината приказна. Тоа е неизбежно, приказната. Да почнеш муабет со
непознат и при тоа да не му ја чуеш приказната што стои исправена над
него, одлучувачка, е како да немаш цигари после една хаотична ноќ и те
мрзи да отидеш да купиш. Стануваш очаен. Ми се вришти.
Ке запалам уште една. Се навикнав на смрдливиот тутун. Појачај. Ги изнесов
звучниците на терасата, се потпрев, запалив и продоложив да ги разледувам
непријатните лица. Ја подигаат главата слушајќи го Ник Кејв кој се дере ко
луд “I'm sorry about all your friends…I hope they'll speak to me again…I
said before I'd pay for all the damages…I'm sorry it's just rotten
luck…I'm sorry I've forgotten how to fuck”
Што ме гледате? Нели слушате дека му е жал. И мене ми е жал што морате да
ја подигате главата дури до мене. Им се насменувам. Слушам музика и
уживам. Уживајте и вие. Не мора да викате, што барате? Дојдете заедно ке
уживаме. Само пазете се од чистачката со искривени заби и циркуска облека.
Ако ја сретнете во ходникот само трчајте нагоре побрзо и побрзо. Избегнете
ја бедата и дојдете да се дружиме. Купите ми и цигари по пат. Се отрув од
овие. Уште ме гледаат. Гледајте го фрикот. Гласна музика и качак. Мисли
кон освежувачки чај со рум. Лоши погледи.
Еден постар човек довикна да намалам. Само му мавнав и го поздравив. Се
насмеа стариот, ме поздрави. Но другите се охрабрија и почнаа да викаат.
Не се давај, човек. Не дозволувај да те сруши масата. Стој над неа.
Исправи се. Остави ги колената да се тресат, тие незнаат што прават.
Викнав и јас кон нив. Вриштевме, и тие и јас и Ник Кејв. Уживавме во
настанатиот хаос. Можев да ги забележам благодарните насмевки затоа што
присуствуваат на едно шоу. Еден циркус кој го направи утрото забавно.
Само, за име божјо бегајте, од створот со искривени заби.
Се појави џандар и мавтајќи со стапот сакаше да се справи со мене и Ник
Кејв и разбеснетата толпа која се сврте кон него, зошто им го одзимаше она
што ги расонуваше, а не беше кафе, се обидуваше да ги растера, викаше по
мене, му се дереа, Ник Кејв уште повеќе, свињата мавташе, јас му се
насмевнав и нему. Беше хаос, чист хаос, нешто со кое човекот е створен да
се справи. А не со овие збунувачки мирни времиња. Дајте ни колапс! Хаос!
Да живееме како што треба, голи и вриштејќи. Слободни без ништо да
изгубиме. Тајните ке ги снема, денот и ноќта ке бидат едно.
Морав да се повлечам од терасата. Уште не беа дојдени такви времиња. Во
овие времиња свињата сакаше да се качи и да ме приведе. Прибери се, смири
се, ако дојде ке мора да се справиш со законот. Не му дозволувај да те
заебава. Го оставив Ник Кејв уште малку да вика. Се облеков и излегов. Сe
спуштив и излегов од зградата. Ја немаше чистачката. Ме пречека пространа
улица. Свињата во плаво грофташе кон луѓето кои се разотидуваа. Чекајте ме
и мене. И јас доаѓам. Ке ви се приклучам. И се стрчав по автобусот, каснев
но никогаш не сум испуштил автобус во мојот живот, се стрчав и рипнав низ
вратата додека автобусот полека се влечеше низ улиците со мирни луѓе, но
тажни. Седнав и се загледав во фриковите. Бев меѓу нив.
Уште еден фрик во царство на фриковите.
н:наш е!
Нам ни припаѓа светот.
Целиот. Нам и на никој друг. Комплетниот. Седиме со тап поглед и згрутчена
крв. Засирена од движењата што не ги правиме. А нам ни припаѓа светот.
Целиот ебан свет. Отидов да ја најдам Златна на нејзиниот факултет. Бев во
Скопје па зошто да не. Доволно е да ја видам и плеснам по слаткото газе и
би се расположил. Брзав до таму, вшештен од огненото сонце, ицрпен од
преоѓање на раскрсниците. Се најдов пред факултетот, и се јавив на час
била решив да почекам. Од вратата на коцкастата институција излегуваа
млади луѓе, со тажни очи. Личеа на карикатури нацртани со еден ист молив.
Секоја идентична со претходната. Нацртани по шаблон, исти линии, исти
потези. Само разлика во боите што ги носеа. Остатоци од искористени бои,
недостаток на бои на цртачот. Ништо повеќе, никаква разноврсност, никаква
индивидуалност, без креативност, млаки и сиви излегуваа од темните ходници
на институцијата. Униформирани креации. Нам ни припаѓа светот, а се бориме
да фатиме подобро место пред коцкастата институција за да го оправдаме
статусот на добри и послушни граѓани.
Одбрав да си одам од таму, се погледнав и се видов во униформа. Излегов од
решетките што го опкружуваа коцкестиот затвор и почуствував дека ја нема.
Ја нема стегнатата униформа, тажниот поглед и карикатурите. Се движев меѓу
прости луѓе сосема обични, исполнети во своите секојдневни навики. Нив им
припаѓал светот. Сега ни припаѓа нам. Тие го играле рускиот рулет. Главите
им се со дупки. Видов и неколку со избушени глави. Тие се похрабрите,
пробале неколкупати, но бурето секогаш ги надиграло. А можеби бурето
секогаш било полно?
Се качив во автобусот за Куманово. Кондуктерот ме гледаше лошо додека се
обидував да ја најдам картата по џебовите, но јас вадев мали парченца од
цигари, ливчиња со броеви, празни ливчиња, запалка, пари и ливчиња со
шкработини, непотребни нешта што се нашле тука, што ме потсетуваа на
ноќите кои ги имав пробдеено со луѓе кои сакаа да го грабнат светот. Нам
ни припаѓа светот. Целиот. Тогаш вриштевме и се подбуцнувавме со цел
наредниот да стане и да го предизвика светот. Да се обиде да го грабне или
изигра. Убавата ноќ секогаш ке не почастеше со можност, со ново лице кое
сакаше да врисне. Врисна и шоферот да побрзам, дека имало уште патници,
дека нема време да ме чека, врискаше само поради тоа што му ја нарушив
рутината. А само требаше само да се опушти и да се вози во немилосрдната
спонтаност на настанатата ситуација. Картата очигледно ја немаше. Платив
нова и се загледав низ прозорецот и слушнав како некои “сениори” си го
прекинаа муабетот за да го подржат кондуктерот во плукањето по
“омладината”. Тонот на гласот издаваше дека уште го чуствуваат братсвото и
единството. Кој ве ебе, стари фрикови. И тогаш и сега нам ни припаѓа
светот. Лечете си ги раните од рулетот. Јас не се коцкам. Ми се допаѓа да
си верувам себеси, да бирам од, иако малку, но сепак неколку потези од кои
можам да ја предвидам играта наместо слепо да верувам во среќата, слепо да
верувам дека судбината ке испали во празно. Мислите дека сте храбри само
поради тоа што сте играле руски рулет. Кур мој! Толку сте слепи да не ни
гледате дека рулетот не сте го избрале вие, дека само сте ги копирале
другите пред вас. Сепак мора да се признае, верна копија сте. Каков виц.
Да, да... да ви ебем матер, во право сте - пропадна младината. И време е!
Време е да пропаднеме сите. Така ке престане обезглавувачкиот процес на
овие досадни отупени, како ги викате, традиции? И оние уште подобри од
традициите, оние од кои секој човек си губи од гордоста. А, да, правилата,
законот и моралот. Ха, традиции и правила, темел на цивилизацијата!
Bollocks!
Не е ова повик кон анархија, ме заболе за анархијата и сите останати
политички системи и дебати. Ако толку сакате да се расправате, да се
расфрлате со немам-поима-колку, но сигурно многу важни аргументи и
ставови, еве ви ги двајцата ,што откако памтам за себе седат пред
автобуската со полупразна флаша и расправаат за системите. Изгубени
душички. Кога само некој би ги обесил, да ги лиши од теретот, обезглавени
ке лебдат.
Нам ни припаѓа светот. Целиот. Нам и на никој друг. Комплетниот. Дојдов на
плоштадот и видов група насмеани фрикови, полудуваат со смрачувањето.
Завршиле обврските, завршила тортурата низ институциите. Сега самракот
станува златен и ние се сончаме додека ноќта не не поцрни. Ноќта ке ги
избрише трагите и не ја симне лицемерната униформираност. Конечно ке
станеме слободни. Тие на кои им припаѓа светот. Целиот ебан свет. Зберени
под вештачкото светло, никој од нас не видел сонце, но сепак доволно
здрави со раскрвавени насмевки, раскрвавени од касање по вратот на
успиената и добро стуткана култура. Нам ни припаѓа светот. Мораме сами да
си направиме нов пат, нова тврдина од каде што ке ја згазиме старата
кралица. Ке jа разбиеме, ке ја прегазиме, запалиме. Со жртви без
заробеници. Оган и терор ке ни блеска од очите. Нам ни припаѓа светот.
Целиот свет.
Седиме под заслепувачкото вештачко светло, ослепени од неонките, зберени
заедно. Крвта врие и пулсира. Сега се разликуваме, под закрила на ноќта.
Секој лик е халуцинација, секоја различна. Убава и привлечна. Се свирка по
убавите нозе. Типот се врти, ја брани честа го јаде курот и си оди дома со
убавите нозе. Додека тој ужива во нив, додека го тешат, додека ги дупи и
гали, се свирка по други нозе. По други убави нозе. По друго газе. Се
сонува за моментите со нив. Насмеани секој се присетува, но не се жали.
Можности ке има. Нам ни припаѓа светот.
Затоа не очајувајте. Пиштолот е р’ѓосан сега. Ке измислиме нова игра. Без
страв. Ке измислиме нова, подобра игра. Без дупки во главата. Нам ни
припаѓа светот. Ке го измениме или ке создадеме нов. Целиот ебан свет. Не
очајувајте, да беа боговите на нивна страна, да беше убавината на нивна
страна ке бевме среќни. Но не се. На наша страна се. Не чекаат нас. Нам ни
припаѓа светот. И на никој друг. Ние сме моќни, убави и луди, а тие –
избушени и грди.