т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


з:зајковски драган

г:години:31
п:професија:магистер по историски науки
д:досега објавено:нема

н:гнешто за себе:професионален блог кибицер



 

т:трамвајот наречен желба – бруцошка

Прва година на факс. Јас бруцош, а она лепотица. Тогаш одев на речиси сите предавања. Онака, жеден за наука и полн со идеали. Мислев дека со збор и добра воља ќе го сменам светот околу себе. Го голтав секој збор што ќе го чуев и прочитав. Тогаш верував во многу работи.

Знам дека предавањата по Одбрана и не беа баш задолжителни. Ратко не беше некој строг даскал и имаше обичај да забега на предавање. Ќе се расприкажеше за големата политика, за центрите на моќ и шпионските афери. И наместо за принципите на цивилната одбрана, предавањето ќе завршеше со американската задкулисна политика во Виетнам и кој тоа го имал срушено У-2 над СССР.

На неговите предавања, од „наша“ група, одевме само Радиш и јас. Ни беше интересно да ги слушаме теориите на заговор, иако мора да се признае дека главниот мотив беа колешките од социјална работа и политика. Некои пристојни шмизли за кои правевме тешки стратегии како да им пријдеме, како да ги шмекнеме, како да ги прелажеме.

Тоа ноемвриско понеделничко попладне врнеше. Зимата беше на прагот и се чувствуваше дека секој момент дождот ќе заврти на снег. Тогаш за прв пат, во оној голем амфитеатар на Филозофски, додека го чекавме Ратко, во првите редови ја видов Неа: Девојка со полен во косата и очи итри како џамлии. Бруцошка на педагогија со насмевка од милион долари. Веројатно, меланхоличниот ѕвук на дождот, кој така рамномерно удираше врз кровот на амфитеатарот, ме имаше хипнотизирано. И тогаш трамвајот наречен желба почна да ја пали дизел машината.

Она прва го скрши мразот.
„Еј здраво. Мислам дека те познавам од негде“.
„Мене многу ме познаваат“ – се пував. „А и ти си ми од некаде позната“ .
Позната – КАКО ДА НЕ. Прв пат ја гледав во животот. Ама после испадна дека сме ептен комшии. Збор по збор и трамвајот наречен желба се разбревта.

Наредните неколку месеци се стана неважно. И сумерската цивилизација, и Аминта татко му на Александар Филхелен и востанието Нике. Сето тоа стана неважно. Единствено ми беше важно да се слушнам со неа. А телефонските разговори стануваа се подолги и подолги. Ми кажуваше за дечковците кои ги имала... а јас страдав. Некоја грутка ме гушеше во градите, некоја плима се закануваше да ме преплави. Кога си легнував мислев само на неа. А стравот е проклета работа. Животот уште повеќе.

Викаат дека ако не ја ќариш девојката во првите две до три искачања тогаш ти стануе најбоља другарка и ондак – чао пријатно. Фронтовите секогаш се пробивале на јуриш. Ама јас бев тактичар. Играч на долги патеки. (Ти ибам патеките, да ти ибам.)

Сепак...
Vita Brevis – рекле Римјаните... Затоа мечка страв – мене нестрав; две вотки со мраз и покана за прошетка у Парк. Се согласи да одиме во Зоолошка. Демек сакала да ги гледа мајмуните. А поголем мајмун од мене немаше. Кој будала чека шест месеци за да и каже дека пријателството не го прифаќа како алтернатива.

И тогаш одненадеж:
„Морам нешто да ти се пофалам. Си фатив дечко. Студира на ФМУ.“
За момент грутката во градите стана планина. За момент светот ја изгуби сета смисла.

„Боље е така. Кај ти се очите? Нели гледаш дека е дебела као каца. Ќе ти местам една кратовчанка. Има да ти се сврти у глава кога ќе ја видиш“ – ме тешеше Радишот.
Ама кратовчанката не беше ни оддалеку како мојата Пеги Су; тапациран костур со манири на париска дама од евтина британска продукција.

Неколку години подоцна повторно ја видов мојата Беатриче. Онака случајно.
„Еј, па каде си ти? Се изгуби. Те нема да се јавиш?“.
Ми го остави новиот број од телефон. И се јавив. Зборевме цели саат време. За се и сешто. Имала друг дечко. Многу, баш, и не го сакала ама бил некоја перспективна фаца.
„Е ако де“ – си помислив. „Кој ве ебе и тебе и него“ – мајмунот во мене се разбуди.

Вчера минував покрај Зоолошка. Гледам ја оградиле. За момент помислив колку време ни треба да ги срушиме ѕидовите во нас. А животот е се уште краток. Остануваат само трамваите наречени желба како сеништа од некоја подзаборавена младост. (ти ибам младоста да ти ибам)
 

 



 

р:рале Мрсул и Мими

Рале Мрсул го знам од маало. Заедно игравме џамлии, крадевме зелени кајсии и фрлавме со камчиња по прозорите на Школото за странски јазици. Еднаш дури заедно изедовме ќутек од „симповци“. Не згрбачија. Демек сме им го украле кошот. После со Баждур и Федер фативме еден од симповците и поштено му го скршивме носот. Тогаш за прв пат татко ми ми забрани цела недела да излегувам од дома. А имав и модрици по газот. Имав само 12 години.

Потоа некако брзо пораснавме. Јас на една, Рале Мрсул на друга страна. Се гледавме се поретко. Секогаш инцидентно. Онака на улица. „Што правиш? Како си?“ И толку.

Тоа лето случајно се сретнавме у Градиште на трета плажа. Се немавме видено со години. Беше со едно момиче скроено како за него.

„Кај си бе педер. У последно време ептен се куропецаш.“ – на цел глас почна да вика Рале кога ме виде.
„Еве бе куре на чиче. Те глеам си се фатил за женско руче и не го пушташ. Како да ќе ти избега. Поред вакво кокиче, ни другар, ни бутур познаваш“. И сите почнавме да се смееме. Девојчето на Рале поцрвене во образите.

„Упознај се. Ова е Мими“
„Мило ми е. Јас сум му другар на овој заебаниов што си го фатила за рука“

Подоцна додека Мими се к’пеше в енѕеро го потпрашав Рале кое му е девојчето. „Кое ти е цуцево? Као што глеам сериозна е работава. Си се заљубил, брачко“
„Ма јок. Едно курвиче од Влае. Ја донесов на одмор само за да се изнадупам. Се ебе као штука“.

Се фрапирав. Ми падна ролетна пред очи. Џабе им е на некои што израснале на скопскиот асфалт кога цел живот остануваат сељачишта. Вечерта го излажав дека имам други обврски и не се видовме од тогаш. Некако ми стана одбивен.

Деновиве Федерот ми кажува дека Рале Мрсул се оженил и дека чека бебенце.
„ Ја знаеме ли невестата?“ – потпрашав како по обичај секогаш љубопитен.
„Не веруем дека ја знаеш. Некоја Мими од Влае“.
 

 



 

с:секи и Симона

Секи беше две години постар од Симона. Заедно студираа. Он екстремно начитан, а она екстремно шмизла. Он: фудбал, Ниче, Августин (во ситуации кога треба да биде најискрен). Она: диети, кафиња, џус. Он: Менада, Багдад – кафе, Капан – ан. Она: Ива, Корнер, МНТ. Кога се упознаваа им светнаа очите. Си разменија телефони.

Таа вечер, Секи ми телефонираше пред вестите на А1.
„Се слушнав со оваа. Сака да се видиме“
„Е ако де, ако. Ќе го мрсиш мустаќот. Малку е пуничка – ќе излезе добра чварка“ – го шупчев.
„Се договоривме у 8:30 на Рекорд“
„Каде живее?“
„У Пржино кај мечките“
„Затоа е така дебела“
„Е, ај не јади говна. Не е до толку дебела.“
„У право си. Не е до толку“

А стварно јадев говна. Не беше ич дебела. Онака нормално попунета. Баш као за него. Да се ќареа таа вечер сега ќе имаа 8 годишно дете и двајцата ќе беа среќни.

„Ај да ми праиш друштво до Рекорд“ – сега он ме шупчеше.
„Абе ти не си нормален. Иди лечи се. Да не сакаш и да ти светам со боринче“
„Кој педер си. Пичка невидена“
„Јас пичка?!? Па јас ако сум пичка ти си пиздетина. Да не сакаш и кондомот да ти го навлечам.“
„Иди еби се. Сам ќе одам“
„Алелуја. Уствари ако има убаво сестриче може да го викне“
„Џабе. Вие педерите се палите на Митар Мркела“
„Море марш у пичку матер. Да даде Господ да станете најбољи другари“ – му ја лупнав слушалката и отидов да ја гледам Снежана Лупевска. Пред само два дена Македонија го имаше признаено Тајван. „Ете ја миљардата“ – си мислев.

Сабајлето на пат кон факултет го прашав Секи што направил. „Изгледа ќе ме фати твојата клетва“ – изусти додека го јадеше симитот купен од „Танго и Кеш“ на ул. Орце Николов. И навистина. Ги урочив. Станаа најбољи другари. Сега ми е криво што му кобев на Секи. Камо да си ќутев.
 

 



 

с:сноубол

И заѕвони мобилниот. Се јави како попарена. Откако заврши со разговорот, ја подбуцнав:
„Дечкото ти се јави?“
„Аха, дечкото. Доктор е.“
Супер – си помислив. Сега сигурно ќе ми каже и со каков просек ги завршил студиите по медицина, каква кола вози, каков саат носи на рака. Знам дека тоа Симона од секогаш ја интересирало. Но, наместо тоа, таа праша за Секи.
„Се гледате со Секи“
„Да. Вчера беше кај мене“
„Со мене престана да контактира. Да не ми е љут?“
„Не знам“ – а и стварно не знаев. „Ако има нешто сигурно ќе ми каже“.
„Не верувам дека се ти кажува што се случува меѓу мене и него.“

***

Кога слушна дека Симона фатила дечко ништо не рече. Се загледа во шанкот и две минути беше „отсутен“. Кога си дојде на себе, голтна од пивото и кажа: „Знам дека има дечко. Кој ја ебе. Никогаш многу не сум ја сакал“. Го загледав под око и по неколку мига двајцата прснавме да се смееме. Јас поради тоа што проклето лошо лажеше, а он којзнае зошто. Ваљда му олесна. Шанкерката, девојка од 20 и нешто, со кратка плава коса и тесна маичка на прерамки пристојно не изгледа. Ваљда си помисли: „Овие двајца чичковци одлепиле.“

„Види како не кибицира“ – запримети Секи.
„Куче касапско. Па уште мириса на млеко“ – изреагирав.
„На млеко, на млеко... Ама на она чоколадно што се пие на екс“
„Мањаку галичански. Нема више од 22 години.“
„О, педерче башиноселско. Ти као голем моралист демек ќе одбиеш да лизнеш од шлагот. Ќе ти се слоши. А и Вики не е нешто постара од шанкерчево“.
„Опа бато. Вики!!! – изреагирав. „Јас мислам паднал у депресија и секој моменат ќе избега у монаси, а он ни едно – ни две, Вики. Фали се, што чекаш.“
А Вики, стварно, не беше нешто којзнае колку постара од шанкерчето. Не повеќе од 24/25. Пргава бринета со очи како џамлии и цвикерчиња кои ја правеа поинтелигентна отколку што стварно беше. Секогаш коњак и оние долги дамски цигари. Ваљда се обидуваше да изгледа повозрасно отколку што стварно беше. Тетин и средил да се вработи као PR – менаџер у некоја од агенцииве. Од далеку се препознаваше дека не дозволува ништо да и побегне во животот. Секогаш го добивала она што го сака. Без тактизирање и лажна еманципираност.

По кажувањето на Секи, она прва го пробила фронтот. Не чекала Секи да добие наплив на романтичност. Пиеле кафе у она СДСМ-овско место на „Аларова Стрит“, карши бивш Макотекс, кога од „чиста мира“ му рекла дека и се свиѓа седнувајќи му у скут. И Секи пошизел. Наполно се предал на непријателот. „Капитулација во 26 слики.“

Во неделата Секи ми се јавуе да ме праша дали ќе правиме скара за 11-ти октомври. Онака уз муабет ме прашува дали знам што е тоа сноубол.
„Не знам. Ваљда нешто со снег“ – љубопитно одговорив знаејќи дека ќе следи вистинската дефиниција.
„Со снег, жими ашимов.“ – почна да се смее. „Драгиша, немаш ти појма што е тоа сноубол. Те прегазило времето. Иди и понатаму ложи се на антиквитети“.
„Некој мора и тоа да го прави“ – се одбранив.
„Ако не си пробал сноубол, ништо не си пробал у живот“ – продолжи Секи. „Знам дека ќе почнеш да шизиш, ама во петокот сум окусил сноубол.“
„Е добре бе, кажи веќе еднаш што е сноубол. Некој сладолед или...“
„Каков сладолед бре будало заостаната. У петокот со Вики имав сноубол сеанса. Ми лежи на душа и морам да ти кажам“.
„Кажуј бре веќе еднаш. Да не си почнал да се дрогираш на стари години?“
„Не биди последна будала.“ – Секи почна да се смее. „У петокот, кај мене, Вики ми вика да сме пробале сноубол. Финтата е во тоа што откако ќе и свршиш у уста после почнуете да се лапате.“
„И ти што напраи?“ – јас излезен од кожа.
„Вкусот е бљуткав. Малку киселкав. Ништо посебно“

***

На 11-ти октомври, кај мене на скара, Секи дојде без Вики. И бил дојден газдата од странство и сите вработени ги носел на заеднички ручек. Демек за празникот. Негде околу 17:30 му се се јави на Секи.
„Морам да одам. У осум и пол требе да сум кај неа дома.“ – Секи се правдаше додека го испраќав по скали.
„Тебе изгледа ти се заарни. Пак да не праите сноубол. Немој после на аутопазар да не ве видам на некоја касета “ – го пецнав.
„Ма јок. Требе да се упознаам со нејзините. “
„Опа бато. Изгледа работава ќе излезе сериозна.“

Вчера ми се јавува Лорко. Ме вика за у кладилница. Разбрал дека Либерец ќе ја продаде утакмицата у недела. Му кажал колега на брат му чија снаа има братучед у Чешка.

„Викни го и Секи“ – ми вика.
„Не верувам дека ќе дојде. Се заљубил у Вики и нон стоп е со неа“
„Значи ефективно ја преболи Симона?“ – насмеано констатира Лорко.
„Најверојатно“ – јас прилично воозбилен. „Додуша и она фатила дечко. Некој доктор.“
Лорко почна урнебесно да се смее од другата страна на слушалката.
„Знам, знам... Вчера ја видов у 12-ка. Го знам и фраерот. Каков доктор – какви бакрачи. Заедно завршивме у Бато. Типот е физиотерапеут у Маџари. Заврши шест месеци курс за физиотерапеути.“
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
























































































































































































































































































































 

  д:дома