2007:март/април
општ
конкурс
г:гацова кристина
м:милан
Милан беше малечок,
сеуште не можеше сам да си купи лижавче, но знаеше многу работи за кои
возрасниот свет не ни подозираше.
Во своето скромно постоење тој ги беше сетил и вкусил текстурите на сите
површини за ползење. Ја беше пробал храната на мачето, знаеше каде одат
трошките леб што паѓаат под масата, каков е вкусот на мравките, кој му ги
краде цуцлите и ги лепи со прашина...
Знаеше како изгледа нежното ноџе на мама и миризливиот чорап на тато. Ги
сакаше и ноџето и чорапот. Воскликнуваше од среќа кога му се доближуваа,
тие секој ден носеа се’ поглема радост во неговиот свет.
И тој ден по ништо не се разликуваше од останатите. Се појавија тие. Прво
чорапот на тато а потоа и нежното ноџе. Но со Милан нешто не беше во ред,
тој не беше среќен. Ноџето се доближи до него и тогаш тој сфати – тоа не
беше нежното ноџе на мама! Тоа беше некое друго, туѓо нежно ноџе!
На Милан му стана лошо. Стана тажен.
Започна да го гледа нежното ноџе на мама еднаш во неделата и тогаш многу
се радуваше.
Но наскоро почнаа да се појавуват разни ноџина и непознати чорапи.
Тоа не можеше да продолжи така, неговиот свет беше доволно голем само за
нежното ноџе на мама и чорапот на тато.
Затоа Милан реши да го напушти светот на нежни ноџиња и миризливи чорапи.
Милан реши да порасне.