т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


х:христов виктор

manazeed@gmail.com
г:години:25



 

ч:чарлс Бронсон

Голема сликава, бе друже! Едвај ја отвори...коинциденција или не, слушај ја приказнава:
Некаде на околу 7- 8 годишна возраст (се поклопува тоа со времето кога мислев дека, по убедување на мајка ми и по гледањето на еден спот со црн коњ, Тина Тарнер е дефинитивно најжешката женска на планетава) го гледав првиот филм со Чарли Бронсон за потоа специјално да се зачленам во видео- клуб и да изарчам цел месец по филмови со истоимениот, се’ додека не стигнав до неговиот творечки период кога беше во поодминати години и кога сета работа стана бугарска текила и стари финти. Но, сепак, одлучувачки момент за конечно окончување на мојата дружба со Ч. Бронсон беше 2.35 часот попладне кога м- сје Хенри Фонда без многу двоумење, рамнодушно и со многу муда, го застрела повеќепати од голема далечина во “беше еднаш...” или слично.
Како и да е, има еден човек, по потекло Словенец, а живее во Германија, кој пред едно десеттина години негуваше мустаќи а- ла Бронсон и, носталгично катран жолта ми е неговата приказна за тоа како на аеродромот во Цирих толпа луѓе очајно и среќно го прогонувале по автограми. Сличноста на прв поглед е незабележителна, но кога ќе се погледне фотографијата од пасошот на Словенецот се’ замислуваме над таа примарна незабележителност. Не е тешко да се претпостави дека службеничката прва побарала автограм од г- динот Бронсон. Секако, тој можел да ќари од тој лук- а- лајк факт (како што се случи тоа во епизодата Намбла од С.П. и она што може да биде протолкувано како акутна номинална инверзија во комбинациите Чарлс Брандо, Марлон Бронсон и Чарли Монро) но, како и неговиот оригинал, и тој е премногу чесен и претерано држи до себе за да го стори тоа.
За сега толку, ќе разговараме пак за трикот со топката и експлозивот.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања















 

  д:дома