т:темплум  


2007:март/април
жанровски конкурс


п:пешевска ина




 

с:стихија

Почна вистински да ги слуша дамарите на срцето, дури тогаш кога неговиот лик ñ намина зад погледот. А, веќе првата куртоазна средба ñ донесе пулсирање меѓу препоните, на кое имаше одамна заборавено. Чувствуваше дека тоа е навестување на пламен.. Но, не можеше да знае дека всушност ја очекува безглава огнена стихија.
Тоа го сфти кога неговиот јазик, со текстура на кадифе , за првпат танцуваше со нејзиниот.

Покрај него, моралните начела паѓаа лесно, исто како и парчињата облека од телото. Доволно беше да ñ го допре коленото додека седеа во некое неугледно кафуле, за веќе следниот миг да се најдат во тоалетот на истото, водејќи љубов.
И фелациото не беше повеќе чин на еднострано уживање и напорна обврска, ниту пак спермата имаше вкус кој сакаше да го отстрани од устата што побрзо.
Ги засака и своите гради, чиишто одраз во огледалото дотогаш го одбегнуваше. Сега наместо аморфна, непривлечна маса која го пополнува градникот, тие беа дел од неа кој нуди задоволство.
А, нејзините очи немаа почувствувано поголемо задоволство од погледот на неговиот лик, додека тој, тресејќи се, го преточуваше своето битие во неа. Тогаш, и таа доживуваше експлозија, после која следеше најубавиот пустош во мислите.
Но, ниту една експлозија не беше налик на онаа последната.
Не, тоа не беше оргазам. И причината не беше нејзиниот љубовник, туку експлозијата на барут во пиштолот на нејзиниот сопруг.

Ех, мила моја, зарем не знаеше дека убавината секогаш ја наплаќа својата цена?

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања












 

  д:дома