т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


м:муцко

г:години:30
н:нешто за себе: Ја знам најголемата тајна, Тајната на Универзумот
emperor.mucko@gmail.com



 

џ:џејмстаун (1607)

(по повод 400-годишницата од основањето на Џејмстаун,
првата англиска колонија на територијата на САД)
 

– Ваше Величество, – му се обраќаше капетанот Кристофер Њупорт на англискиот крал Џејмс I, пред благородништвото – Сакам од Вас да побарам дозвола и пари за да направиме англиска колонија во Новиот Свет, Америка.
– Зарем веќе не се населија таму Шпанците и Португалците? – се сомневаше кралот.
– Да, откако ја откри Колумбо пред повеќе од сто години, многу Шпанци и Португалци се населија во Средна и Јужна Америка. Јас бев капетан на пиратски брод во тие мориња, и пронајдов дека постои уште една голем континент на север: Северна Америка! До таму сéуште не се населени белците... Предлагам да направиме англиска колонија во областа со умерена клима, што ја нареков Вирџинија, според англискиот назив за Светата Девица!
– Ваше Величество, – се вмеша во разговорот еден од лордовите – Ако треба, и јас ќе дадам пари за оваа колонизациска мисија, не само заради профитот што го очекувам, туку и од патриотски причини: да се шири англискиот народ и англискиот јазик!
– Добро тогаш – одлучи кралот. – Ќе издадам кралски указ со кој ќе се формира „Вирџиниска компанија“ во Лондон. Кога ќе собереме доволно инвестиции во таа компанија, ќе изградиме неколку брода со кои ќе испратиме доселеници во Вирџинија... И, не заборавете првиот град во Новиот Свет да го наречете според вашиот Крал!
*
– Многу се радувам што конечно пристигнавме во Вирџинија! – му призна едно момче на џентлменот Џон Смит, кој патуваше со еден од трите колонијални бродови. – Пред да тргнам, ми кажуваа дека овде во Новиов Свет имало златен песок во реките, а на дрвјата растел златен накит!
– Тоа се приказни, дете, иако може да се надеваме да најдеме златни зрнца во рекава – му возврати Смит. – И јас многу се радувам што пристигнавме живи, оти овој глупав пират Њупорт го одолговлечи патувањето на скоро 5 месеци, а за ова време од 144 души што тргнавме, по пат ни умреа дури четириесетина...
Со бродовите влегоа во една голема река во Вирџинија, која во чест на кралот ја нарекоа Џејмсова Река, и бараа погодна локација за изградба на колонијата. Заради некомпетентноста на Њупорт, стратешката локација на еден ненаселен речен остров на 60-ина кимометри од Атлантскиот океан, ја избра искусниот капетан Вингфилд. Таму, на 14 мај 1607 година беше основана првата англиска колонија во Северна Америка, која ја нарекоа Џејмстаун според кралот Џејмс I.
*
Во директивите на „Вирџиниската компанија“ се бараше со новата колонија да управува Џон Смит. Изградена во форма на триаголник, од трите страни беше заштитена со бедеми за одбрана од локалните Индијанци, но и од евентуалните Шпанци кои би можеле да ги попречат англиските планови за колонизација.
Се разбира, на дрвјата во шумите на Вирџинија не растеше златен накит, но вистинското разочарување за колонистите дојде кога во песокот на Џејмсовата река не најдоа златни зрнца. Сепак, попрактичните меѓу нив ги гледаа самите квалитетни шумски дрва како извор на заработка, оти во матичната земја Англија шумите беа одамна исечени.
Но, најголем проблем за колонијата беше снабдувањето со храна, барем додека нема неколку успешни жетви. При една потрага по животни за лов крај брегот на реката, Џон Смит беше заробен од домородните Индијанци. Тие планираа да го погубат, но во последен момент го спаси Покахонтас, ќерката на племенскиот поглавар Поватан.
Доаѓаа и уште бродови со колонисти, и бројот им се зголеми до 500 души... Но, резервите на храна не растеа пропорционално со порастот на гладните усти; заради сушата во 1909-10 година се појави глад, а нивото на реката падна толку ниско што плимата почна да носи солена вода околу Џејмстаун... Гладот, пиењето на солена вода, нападите од Индијанците и меѓусебните убиства, ги преживејаа одвáј стотина колонисти! Страдањето во ова „гладно време“ престана кога од Англија дојде бродот „Спасение“ кој им донесе нови залихи на храна и алати.
*
Тогаш беше моментот кога требаше да се донесе судбоносната одлука – дали преживеаните колонисти да останат во Америка, или да се вратат назад во Англија. Двоумењето кај Џон Смит беше разрешено, кога една вечер сони прекрасен пророчки сон – ако опстане колонијата Џејмстаун, за стотина години ќе има англиски колонии на целиот источен брег на Северна Америка, за двесте години тие ќе станат независна држава, за триста години ќе се прошират до Тихиот Океан и целосно ќе ги победат Индијанците, а за четиристотини години ќе станат единствената светска суперсила! Но, за да се случи сето тоа, потребна беше неговата одлука да останат, како и идејата на еден друг Џон кој дојде со „Спасение“ за отпочнување профитабилен бизнис во Америка.
Тоа беше Џон Ролф, кој имаше идеја да започне со садење на тутун во Вирџинија, оти дотогаш англиските потреби за оваа стока беа задоволувани со тутун произведен во Шпанските колонии во Јужна Америка. Сортата на див тутун што растеше во Вирџинија беше многу серта (лута) за пушење, па Ролф овој проблем го реши со засадување на поблагопријатен тутун донесен од Бермудските острови. Оваа сорта тутун (подоцна наречена „Вирџинија“) му донесе цело богатство кога го продаде во Англија.
Истовремено, Џон Ролф придонесе за смирување на тензиите меѓу колонистите од Џејмстаун и локалните Индијанци, со тоа што за жена ја зеде племенската принцеза Покахонтас. Мирот беше привремен, оти во 1922 година Индијанците извршија масакар врз колонистите. Но, дотогаш извозот на тутун донесе големи приходи и привлече полно нови англиски колонисти во Вирџинија, како и на другите територии од источниот брег на Северна Америка, со што напредокот на англиските колонии беше незапирлив! Така се оствари на сонот на Џон Смит: во изминативе 400 години Америка (САД) стана единствената суперсила и главниот протагонист на Западната Цивилизација.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































































































 

  д:дома