т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


т:тренчева надица




 

а:автопортрет

Баба ми била вештерка... Така викаат комшиките што доаѓаат
Што е тоа што ме прави различна од другите?
Крвна група „нулта позитив“ .Една од најзастапените кај човечката популација.Можеш секому да даваш, а дали тебе ќе ти дадат, прашање на свеста.
Браон очи и некогаш црна, сега побелена, па офарбана црвено коса.И тука ништо невообичаено.
Да бев плавуша, можеби подобро ќе поминев во животот.Тие се на цена.
Факултетска диплома и невработена. Па што. Не сум само јас. Во Македонија 400.000 невработени, од нив голем број магистри и доктори на науки.
Издадени две книги. Декларација поет. Голема работа. Некои издаваат и по дваесетина, па никому ништо. Денес, за да издадеш книга, потребни ти се 200 - 300 евра и ништо повеќе.Не мора да знаеш да пишуваш. Важно е да имаш добар рецезент, и работата е завршена.
Значи, по што се разликувам од останатите? Мора да постои нешто што ме издвојува . Затоа решив да спроведам анкета. И, резултатите беа фрапантни. Би издвоила неколку одговори на прашањето што е толку посебно на мене.
Особа А: Ако го земам во предвид фактот дека е очајна домаќинка, се прашувам од каде толкава енергија во светот на мажите да се бори само со Духот? Без употреба на пиштоли, бомби, сабји и останати реквизити? Значи, борбена, праведна, си стои на збор.
Особа Б: Кога ќе ја запознаеш, веднаш ја согледуваш широчината на срцето.Аритмичките отчукувања уште повеќе го нагласуваат нејзиниот темперамент.
Особа В: И влегов во собата. Полици полни со книги, ѕидови налепени со постери од фудбалери, а таа опкружена со музика:
"The saints are coming".

 




 

и:изгубен идентитет

Соопштение :
„Им се соопшува на сите приматели дека е изгубен идентитет со следниве перфоманси: ???!!<<#>>!!???. Секој кој ќе го пресретне да се јави во најблиската идентификациска станица. Како награда следува промена на сопствениот идентитет во најодалечената менувачница на идентитети. За поблиски информации јавете се во бирото за изгубени, амортизирани и рефундирани идентитети.“
Вака или некако слично му започна денот на Е. кога го вклучи емитерот на радиобранови во етерот. Одамна не размислувал за промена. Не само на идентитетот, туку на промена воопшто.А зошто да размислува, кога последниот што го купи совршено му пасираше. И во должина и во големина. А за функционалноста и да не зборуваме. Се функционираше беспрекорно и беше ставено под контрола. Сепак, соопштението кое го слушна не го остави рамнодушен. Добро би му дошла некоја капитална промена.
Го паркира раздвижувачот на слободните атоми и се упати кон набљудувачницата на ѕвезди. Одтаму најдобро се гледаше метеорскиот дожд кој веќе подолго време беснееше во соседниот лунарен систем. Испитувањата кои ги вршеше покажуваа дека слични симптоми ќе се појават и во неутралната зона.
Нападните инфрацрвени зраци покажуваа присуство на изгубен идентитет,кој совршено одговараше на искажаните перформанси. Непознатиот субјект се приближуваше кон него. Мораше да реагира молневито. Постоеа две опции: Или да го пријави или не.
Угледот кој го уживаше дотогаш не му беше важен повеќе. Сепак, знаењето кое го стекна го искористи за да се одлучи за третата варијанта. На изгубениот му го понуди сопствениот, а тој си креира нов, сеуште неисконтактиран код.
А идентитетот изгубен исчезна во зоната на сумракот со надеж дека ќе навлече на себе сродна душа. Душа со која ќе лута без координати во безвременскиот простор. Засекогаш. Без предрасуди и при чиста совест.
 



 

л:лифт

Одбираш број од 1 до 7, се разбира ако си призејмен. Го стис- каш копчето и полетуваш. Железната машинерија те носи на-горе, кат по кат. Чувството е повеличествено ако лифтот е проѕирен, па можеш да ги посматраш сите од високо.И таман си стасал на врвот, кога некој по грешка те призејмува. И тоа во моментот кога си се занел во висината. Џабе ти е после да го стискаш копчето. Лифтот е програмиран да оди надолу. Са-
мо што овој пат патувањето не е исто. Сега сите го гледаа тво-
јот пад и посакуваат што поскоро да се симнеш. А прашање е кога повторно ќе дојдеш на ред. Затоа што колоната чекачи е навистина долга. Некои среќници ја имаат таа чест да се транспортираат почесто, а други воопшто и да не се качат. Трети никогаш не ни виделе лифт во својот живот. Секој со својот ксмет од Бога даден си прави горе - долу во лево - десно со напред - назад за овде - онде.

 


 

ф:феминистичка фарса

Нервозна како пред мензис, отепана без пушка, узбуѓена ко од вибратор, отидов у аптека да купам вијагра. Аптекарот ме погледна сомничаво, како да сум траверсист. Немав некоја намера да му се правдам и објаснувам. Ги земав таблетите и истрчав на улица. Дождот ја миеше калдрмата, а моите гре-вови сеуште чекаа на ред.
Димот од цигарите му го подзакриваше ликот. Јоргованите во вазната почнаа да се сушат, а спомените сакаа преку ред. Кутрички. Не им беше јасно дека во мојот свет нема место за нив.
,,Чуј, - ми рече, тргајќи ги таблетите настрана, не се работи за ерекција, туку за селекција на вкусови. Жалам.,,
Незнам дали бев за жалење или за трачарење.Излегов на до-ждот да го прославам моето избавување од зависности. Вос-креснав, вдишувајќи емоции, галејќи се со капките испратени од небо. Најпосле слободна и жива, го потпалив фитилот на неизвесности.
По една недела,свежо депилирана, повеќе или помалку фрустрирана, заминав во потрага по човекот на мојот живот. За таа цел, составив приоритетна листа на типови:
Тип а ла Петар Пан. Вечно млад, недораснат. Ќе си го вртам околу малиот прст како што знам и умеам.
Шармер а ла Пинокио. Здрвен, со детски манири. Можам да го лажам во недоглед, а ако тој се обиде, веднаш ќе го откри-јам. Барем кај него тоа е видливо.
Фраерчина а ла Робин Худ. Хуманист, добра душа.Настојчив во своите намери.За мене и банка ќе ограби, само за да ме задоволи.
Инсистирав на персона со отскочна даска, со специфичен поглед кон жените, елиминатор на депресии, депонер на чувства. Спремен секогаш да ме фасцинира и понесе во светот на бајките.
Депласирана, изместена од центарот, југо западно ориентира-на,го пронајдов тоа што го барав.Стоеше на рафтот со оста-натите книги и како да сакаше да ми каже: ,, Земи ме, твој сум.,, Отскокнуваше со својата големина, блескаше со сет свој сјај. Не можев баш да го вртам со малиот прст, ама ус-пешно ми одеше со едната рака. Духовит, илузионер, колек-ционер на чаролии. Само тој ги исполнуваше моите специфи-чни барања. Сеуште не ви е јасно за кого зборувам? Па за ју-накот на нашето време - фамозниот Мики Маус. Ми го разубавуваше детството, ме засмејуваше. Му го отстапувам секому кој има слични потреби.
А до наредното дружење, довидување.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































































































 

  д:дома