т:темплум  

 

април
б:
божиновски дарко



г:
години:32
п:професија:дипл.професор по историја
и:интереси:историја, Образование, НВО-сектор



м:магаренцето

Магаренцето во неговиот живот влезе тивко и ненајавено. После една луда журка и средбата со Роко-фраерот, на пат кон дома тој го сретна него - магаренцето.
Во почетокот му беше малку чудно. Се обидуваше да го скрие и од домашните и другарите, што беше проблем. Колку и да беше малечко сепак беше магаренце. Многу брзо свати дека неможе да остане без храна. Напротив. Секој пат кога ќе задоцнеше со храната, атмосферата стануваше нервозна, а буката во собата растеше. Колку помалку храна имаше, толку потешко беше да се контролира вревата која доаѓаше од неговата соба.
Среќа во несреќа беше познанството со Роко, кој постојано му наоѓаше храна.
Со секој нов ден станувше cе поблизок и поблизок со магаренцето.
Имаше денови кога по цел ден се смееа, разменувајќи си разноразни финти и зафрканции. Гледаат ТВ или слушаа музика. Магаренцето имаше некој чуден поглед на музиката. Сакаше спора, мрачна музика исполнета со психоделија. Сакаше тежина, емоции, сакаше акорди кои носеа тага и болка.
Имаше денови кога со часови разговараа на разно-разни теми. Зборуваа за смислата на животот, за филозофијата, за Бога и за што cе не. Најбројни им беа миговите кога едноставно лежеа и молчеа. По секоја добра гозба знаеа да кулираат со часови. Молчеа и тонеа во тишината. Уживаа во осаменоста. Секој со своите мисли, еден покрај друг.
Но магаренцето имаше една лоша навика, која тој ја забележа малку подоцна. Имаше навика во еден момент туку-така од нигде-никаде да стане и едноставно без збор да замине. Попусти беа неговите напори и повици да се врати. Едноставно стануваше и си одеше. Тоа му паѓаше многу тешко. Го нервираше и му пречеше.
Зошто си отиде? Што му стана? Каде отиде? И она што најмногу од cе го мачеше, дали и кога ќе се врати? Бараше помош на многу места, но ретко кој имаше одговор на овие прашања. Роко беше еден од оние со одговор на cе.
- Стално имај неш`о у резерва. Чим види дека имаш ќе се врати веруј ми. Сум те зезнал некад?
Така и стори. Набавуваше почесто и повеќе. Секогаш различен вид.
Советот имаше ефект. Магаренцето се врати. Повторно беа заедно. Час лебдеа, час тонеа, битно беа заедно и уживаа. Одвреме навреме се случуваше да замине но на кратко. Колку повеќе набавуваше, толку побрзо малото пријателче се враќаше назад. Колку повеќе ќе се накркаа толку подолго магаренцето остануваше со него.
Еден ден двајцата светнати во очите седеа и се кикотеа, расправајќи се дали во радиото навистина има мали човечиња кои пеат или не? Магаренцето како по обичај победи во надмудрувањето. Понесен од миговите на задоволство, реши да му даде име на магаренцето.
Четири години сме заедно, а уште не сум ти дал име. Ќе ти најдам име за секој ден. Неможе вака, секој пат измислувам имиња според она што ќе го набавам. Сега ќе ти смислам едно постојано име. Се согласуваш ли?
Место одговор тврдоглавото магаренце повторно замина. Како и секогаш без збор, без објаснување, стана и си замина. Но овој пат тој не се вознемири. Не се обиде ни да го викне назад. Му ја знаеше финтата.
Ќе спремам нешто и ќе се врати. Но тогаш доживеа шокантно изненадување.
- Ова не е можно! Како можев да си го дозволам ова. – се запраша ѕверејќи се наоколу.
Немам ништо, ниту грам, ниту тревка, ништо. Зарем е можно? Немаше ни лижавче, ни таблетка, баш ништо. Почна да чувствува силна нервоза. Бараше насекаде убеден дека некаде има скриено барем нешто.
Само малку ми треба - си збореше сам со себе. Растури cе во собата. Ги преврте сите фиоки и плакари. Нервозата премина во бес. Сети се, сети се каде чуваш резеви. Одеше горе долу по собата, нервозно грицкајќи си ги ноктите.
-Роко!!!
-Како не се сетив порано. Мора да има нешто, копилето секогаш има.
- Еј, ми треба итно, било што... Го налутив и замина. Морам да го вратам назад, најбрзо што можам. Мислам дека ми е смртно лут. Помагај. Дај било што. – го молеше по телефон
Но, Роко го одби:
-Ми дужиш за две тури, малечок. Како се договоривме,а? Ти кажав и порано, две бесплатни тури и крај. А ти да`ов и рок, парите до среда. Не заборавај имаш уш`е три дена. Снајди и јави ми се, а магаренцето..... нека почека. – му одговори гласно смеејќи му се.
Како бе да почека, - си размислуваше, па овој не разбира ништо. Неможам да дозволам да чекам, мора да го најдам, да го вратам. Каде да најдам пари? Тогаш би можел да му земам барем малку. Малку и ми треба сега, а понатаму нема никогаш повеќе да останам празен. Не смеам да останам сам, не смеам да дозволам да си замине пак. Незнам дали следниот пат ќе издржам без него?
Неможеше да ја поднесе таа самотија. Во главата му беше хаос, погледот му беше изгубен, не знаеше што да прави. Се вртеше наоколу кубејќи се за коса. Го довикуваше постојано, но магаренцето овој пат цврсто стоеше на својот инает.
- Знам дека си тука и дека ме гледаш. Јави ми се. Кажи ми дека си тука. Кажи ми да знам. Кажиииии миииии – му викаше додека не се струполи на земја.
Лежеше неподвижен во нередот кој го направи барјаќи барем малку храна за да го врати своето магаренце. Очите му беа насолзени. Беше премален од умор, а срцето му беше расцепено од тага. Се почувствува осамен и напуштен. Најблискиот пријател го остави на цедило. Магаренцето замина без објаснување, без збогум. Во главата ја слушаше омилената песна на магаренцето. Онаа за која тоа му кажа дека би сакало да биде последната песна што ќе ја чуе пред да замине од овој свет. Ја слушаше и плачеше. Плачеше тивко во себе, пружајќи ги помодрените рацете нагоре обидувајќи се да го дофати барем за последен пат своето пријателче, на кого не му даде ни име, а му беше cе во животот. Се сети на ноќта кога прв пат се сретнаа. Сакаше да го проколне, но нешто го стегаше. Па со него ги мина најубавите мигови. Беа неразделни, беа среќни, беа како едно. Сега му требаше како никогаш пред тоа. Едноставно му требаше. Неможеше да издржи повеќе. Чувствуваше како срцето му се распрсна од болка. Собра сила уште еднаш да го повика и толку.
Утрото потоа, магаренцето се врати. Ѕирна во празната соба, но него го немаше таму. Тоа веќе не беше собата во која тоа помина 4 години со својот пријател. Слушна чекори. Како и секогаш се задскри зад големата завеса. Роко и уште еден тип се појавија на вратата и разгледаа наоколу.
-Хах- восхитено викна Роко. - Значи ти си тоа магаренце, за кое ми збореше цело време. Те цртал на ѕидовите.
-Уметников, дефинитивно бил забеган. – викна другиот.
-Види ова - продолжи Роко. Го нацртал магаренцето скриено зад завесата со насолзени очи и .... тука издишал, не успеал да го доцрта. Јеби га, деца. Ај ти пребарај cе наоколу и да кидаме додека не се вратиле. Ајде.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања












































































































  д:дома