април
г:гелева наташа
г:години:27
п:професија:клипирач
д:досега
објавено:раскази во Маргина бр.68
н:нешто за себе:јас сум рептил. Ми треба топлина да живеам и се
бранам од опасност со силни бои.
п:подршка
Јас, Eмa и Марко решивме да се самоубиеме. Но кога не ни успеа со првиот метод, Ема и Марко решија да си ги пресечат вените. Мене ми беше страв да си го одземам животот на тој начин, но затоа решив да им помагам во нивната намера. Така ги скрив доказите што можеа да ги издадат дека си ги имаат пресечено вените, како на пример, чаршавите на коишто течеше крвта, и кога се појави мајка и на Ема јас ја потпирав Ема затоа што таа не можеше сама да оди, за да не се забележи ништо невообичаено. Така јас со сета своја љубов, ја потпирав Ема до смртта.
н:намештај
Во помалите градови на Македонија се уште опстојува традицијата според која родителите на женското, пред да таа да се омажи, купуваат мебел за неа, наречен руво. Ема ниту имаше врска со трдицијата, а ниту пак со родителите. Но тие решија без било каква претходна консултација со неа дека сега е време да купат мебел и со тоа да ја извршат нивната должност. Уплатија во продавницата и u рекоа на Ема да оди таму да си одбери што сака. Ема како што кажав, не сакаше никаков мебел и остро се спротистави на таквата наметливост и мешање во нејзиниот живот. Но гледајќи дека тие се решени да купат, сакала таа или не, таа реши да појде во продавницата, барем да не им дозволи да изберат за неа. Но таму немаше што да се избира, единствен избор беше само најмалку грдото. Револтирано си замина од продавницата гледајќи го сето ова како многу понижувавачки од страна на нејзините родители, а тие ја истерааа работата до крај и го порачаа намештајот. Од таму замина да се сретне со нејзиниот дечко. Тој мораше да се стриже и ја викна со себе на бербер. По пат таа му раскажуваше за еден СФ филм кадешто оние коишто купуваа стан, заедно со станот добиваа девојка која ги исполнувааше сите барања на сопственикот на станот и таа беше наречена “намештај”.
Маша имаше долга бујна коса врзана во репче и додека седеше чекајќи го нејзиниот дечко да се истриже, си го фаќаше репчето. Берберот како да u ги прочита мислите и u рече: “Тебе тоа репчето како да ти смета? Ти исто како да имаш кратка коса само што ти тежи репчето. Косата треба да е украс на главата”. Тоа беше момент сега или никогаш. После нејзиниот дечко таа седна на берберското столче и ја отфрли тежината од себе.
c:crash boom bang
Сакав да ја испечатам неговата и мојата фотографија на една страна од ист лист. Кога листот излезе од печатачот, мојата фотографија беше свртена на горе, а неговата надолу и двете се спојуваа кај усните. Ја зкачив фотографијата на ѕидот. По неколку месеци некакви дамки се појавија на неговата фотографија што личеја на солзи. Тогаш добив телеграма од него во која ме известуваше дека некој му ја скршил вилицата и бараше да појдам в болница да го посетам. Big mouth was stroke again. Се облеков во жолто, купив сок од цреши и појдов да го посетам. Беше многу грд со отокот, го мразев. Ми кажа дека вилицата му е закачена со некакви телчиња и дека нема да може да џвака еден месец. Си помислив, тоа ти е казна затоашто зборуваш злобни работи. Останатите денови не појдов пак да го посетам. Но кога го пуштија од болница тој дојде. И беше како Crash од Кроненберг.