т:темплум  

 

април
к:
ковачевски марко





ч:чудак

Го нарекуваа чудак!

  Беше нескладно граден човек со енормно голема глава, раце кои беа прекратки за неговото истенчено високо тело, нозете како две шкорчиња прикачени за телото, кои мислиш во секој момент дека ќе попуштат и тој ќе се сруши. Секој зглоб му се нишаше. Не беше стабилен, беше лабав.

   Го нарекуваа чудак. Очите му беа со недефинирана жолта боја, на светлина му се менуваа, мислам не убеден сум дека бираше која боја сакаше да му бидат. Не зборуваше многу, беше нем. Го нарекуваа чудак, мене ми беше пријател, на другите им беше едноставно чудак.
  Живееше сам на периферијата од градот. Никогаш не се враќаше дома. Бараше луѓе, ги сакаше луѓето, беше нем, а тие го нарекуваа чудак...
  Се движеше полека, како лик од некој вестерн филм, никогаш не брзаше, никогаш не доцнеше, секогаш беше непотребен.
  Го гледав само дење, никогаш не се појавуваше ноќе. Можеби се плашеше од ноќта, не знам!? Постојано беше сам, а толку многу сакаше луѓе.
  Денес го видов во градот, по долго време. Талкаше со наведната глава, чудно како не му тежеше таа огромна глава, како не го привлекуваше силата на гравитацијата. Му пријдов:
  - Здраво, изустив, како си? Долго те немам видено.
  Не изусти ни збор, не ја ни подигна главата, не ни застана. Ми стана чудно, се обидов да му застанам на патот, да му го одвлечам вниманието, но тој продолжи низ мене, помина низ мене, како јас да не постоев, како да бев нетелесен, како да бев пареа.
  - Еј застани, застани, човеку, како го направи тоа. Немаше одговор. Продолжи по патот, со наведната глава, минуваше низ се што ќе му се најдеше на патот, се беше празно, нетелесно, чекореше сигурно, полека, со тешки чекори и се изгуби во метежот низ градот.
  Никогаш повторно не го видов, никој веќе не го спомнува. Не знам зошто?! Само знам дека беше жив човек!






e:eден од средината

  После сe седевме, четири деци-бело, ја и он.

  Уствари стварта беше јасна, покрај нас накај станицата шибаа еден ќелав, еден со три куфери и една со многу лош шешир. Она им збореше како било подобро они возот, место возот нив. Ја не знам со воз, не сум пробал.
  Шо се однесува до чекањето, ништо више од пет-десет минути, не доаѓа у можност.
  После оние тројцата, почна да врне. Убаво со големи капки. Ја помислив, па шо ако, ке уштедиме за кисела вода! И ја наместив работата на право место за полнење. Сигурно дека не мислевме баш сe исто во тоа време. Само поважен од сe беше дождот.

  - “Гледаш ли каква збрка е сето тоа, а? Белото, оној ќелавиот и оној со куферите, семафорите, возот и онаа малата онаму. Зар мислиш дека овие старците, позади нас гледаат само у новини? Може и се прават дека не им е по ќеиф, ама затоа добро гледаат. Со искуство. Од сe и сешто.”
  
  Ја: “Гледам.” Гледав на чесен збор... како врне! Незаборавно. Точно тогаш со една женска помина некојси кумановац. - Оној шо вика на шест чекора “Поправљам кишобране, воденице за кафу, и млевење меса на лицу места”. Е, тој кумановац не вика: “Оштрача молим”! Туку Фино точно си вика: “Поправљам кишобране...на лицу места”.

  А врнеше грозно. Ја и он бевме одамна заедно. И зборевме или не зборевме, сеедно, важно така изгледа дека се станува она што никогаш неќеш да бидеш. После, паднаа муабети за некој трет без везе, од Аутокоманда.

  Врнеше, а малку од оние позади нас си ја гледаа работата, или како врне, дали поројно или местимично, или шо знам ја како мајку му!

  Почнавме спокојно да збориме! Кој е толку паметен, со пријателот на улица да почне да збори германски? Ја не знам германски, ни збор, само тоа ни најмалку не ми сметаше! Не бев осамен!

  Му зборев после за онаа жена од Камени мост, онаа шо ме запре. Фино облечена. Шешир немаше. Ја чув, зошто ме фати за рака.
  “Како можевте тоа да го сторите, како можевте? Засрамете се, господине! “. Она мене, тоа. Ја нејзе: “Шо тоа, госпоѓо?
  “Гобленот, знаете вие мошне добро, гобленот од мојата соба го украдовте кога се иселивте од кај мене, како можевте а... “
  Ја па нејзе: “Вас не ве познавам госпоѓо”.
  “Вие не ме знаете, господине, но затоа јас ве познавам и ве молам, како можевте... “ Не чекаше да и кажам, си отиде под хитно! Може, зошто и беше патот надолу, со спуштање.

  Од навалувањето на мајмуните-поминувачи се ослободив сам.
  “Не е важно шо било, и шо ќе биде. Главно е да се поправи. Наскоро. “ Врнеше уште, а шприцерот дојде швалерски тенок.

  Главно е да се поправи.

  Откај ложионица свиреше. Брза помош, со пуштени брисачи и сино светло на рампата, а ние оној во белото.

  “Келнер”!

  Оние тројцата од почетокот сигурно отпатуваа, така се надевав, а уште врнеше дожд.
  Сега не врнеше толку грозно.
   Во тоа време чекавме на островот од улицата да процветаат липите, но како се немаше шанса за такво нешто во догледно време (а чекавме пола саат) он се сети на број од телефон кој работел само кога врне. Оттука му требаше транспорт, само он никогаш не бараше услуги од Градско, па така сe остана у лична режија.

   Рече дека мора негде да си ги исуши чорапите неизоставно, од здравствени разлози.

   Ја мислам и покрај се дека, со суви или со мокри сосема е без везе, вака или така, стварите и натаму ќе останат заебани.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




















































































































  д:дома