т:темплум  

 

април
к:
крстевски ѓорѓи



2:4 години
в:вечен студент
е:еден од тројцата автори во книгата со кратки раскази
'Не сакам да ви кажам ништо'
н:нешто за себе: не сум многу умен, ниту убав, немам девојка, не работам, имам доволно причини за да се нервирам
e-mail: sljokasljokovski@yahoo.com

 

в:великодушност

Гледам како една црна бубалка лази по белиот ѕид во
мојата соба.
Станувам од креветот на којшто лежам и се доближувам до неа.
Можам да ја смачкам ако посакам.
Не.
Нека живее.




в:враќање

   Се врати стар во родниот град, после многу изминати години во кои, додека го живееше својот нов живот, избледнеа сите негови сеќавања и спомени од стариот, така што ни самиот не се сеќаваше зошто некогаш и заминал.
Уште првиот ден од соседите дозна за смртта на своите родители кои починале веднаш по неговото заминување.
Нему му беше чудна помислата на нив; тој не се сеќаваше ни на тоа како изгледаа, но сепак, сепак почувствува мала празнина во душата, онаа празнина што се јавува секогаш по губењето на некој нам близок.
Потоа дозна дека и неговата сопруга починала неколку денови по нив. Се зачуди кога дозна дека некогаш бил женет, и праша дали имал деца. Му рекоа дека имал, но дека и тие починале набрзо по смртта на нивната мајка. Таа вест болно одекна во неговата свест. Го обзеде силна тага по она што некогаш го имал, а на кое не можеше ни да се сети.
Од разговорот со соседите постепено дознаваше за умирањата на сите негови роднини, пријатели, познаници, соработници.
Во еден миг сфати дека ги изгубил сите што му значеле нешто.
Сфати дека останал сам во овој свет, дека се има уште само себе си.
Уште истиот ден замина од родниот град, пред да дознае од своите соседи и за последната своја загуба.
 

 

в:веќе видено

На Бојан Станишиќ

Ништо не е случајно. Според тоа, средбата на чадорот и машината за шиење врз операционата маса е однапред испланирана.

   Во мигот кога неговата сопруга чукна на вратата од бањата и му рече дека го бараат на телефон, Марко со крпа ја бришеше водата на својот грб, останата после долгото и пријатно бањање. Тој ја подотвори вратата и го позеде од нејзината рака безжичниот телефон кој веднаш го принесе кон левото уво. Во меѓувреме, се уште се бришеше со другата рака.
Го бараше еден пријател кој штотуку се беше вратил од странство.
Не успеав да ја најдам книгата, му рече неговиот пријател после едноминутниот вовед од како си, што правиш и слично.
Па, добро..., успеа да промрмори Марко кој се обидуваше да облече чисти гаќи.
Прашав во повеќе книжарници, и секаде ми рекоа дека веќе не се печати...Можела да се најде само во старинарници...А  немав време да проверам во сите.
Марко ја облече маицата со кратки ракави и излезе од бањата.
Несвесно влезе во кујната со принесен безжичен телефон кон
левото уво и внимателно слушаше. Додека го слушаше својот пријател, погледна во малата црвена цедалка што беше оставена на шпоретот. Сето тоа му дојде познато, како веќе да се имаше случено и претходно: разговорот со пријателот од странство, ненаоѓањето на книгата, црвената цедалка на шпоретот, неговата се уште неисушена коса... Сега требаше однекаде да се појави неговата сопруга со лоши вести за негов роднина кој доживеал
срцев удар, па тој да се облече за да го посетат в болница, па потоа да шетаат низ блискиот парк каде што ќе сретнат познаник кого одамна го немаат видено, па со него да појдат во некое кафуле на пијалок и разговор од кој ќе разберат дека тој има намера да се жени, и воедно, ги кани на неговата свадба која ќе се одржи за три недели, а тие, на пат за свадбата со своето возило ќе имаат лесна сообраќајна несреќа во која воопшто нема да бидат повредени, но ќе задоцнат на свадбата час и половина...
Неговиот пријател се уште зборуваше.
Марко ја премести црвената цедалка од шпоретот на мијалникот за да го наруши редоследот на настаните, како што тој веруваше дека ќе се случи.
Од дневната соба доаѓаше придушен разговор. Потоа разговорот стивна, и неговата сопруга се појави пред него, но кога виде дека тој се уште не завршил со повикот, го задржа тоа што сакаше да му го соопшти. Според нејзините стиснати усни Марко можеше да заклучи дека не се работеше за радосна вест.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



  д:дома