т:темплум  

 

април
р:
рубин меновски


г
:години:28
rubbin@freemail.com.mk

 

1:1+1+...∞

  Група деца прекрасно се забавуваа играјќи фудбал, се додека топката не летна во дворот на Огнен Лихваровски. Огнен Лихваровски налутен затоа што децата му го уништиле тревникот им ја дупна топката.
  Кај децата се роди желбата за одмазда па му скршија два прозори. Огнен Лихваровски се стрча по нив и го фати најмалото дете - синот на Борче Трпевски. Огнен Лихваровски многу го искара детето и му удри шлаканица затоа што не сакаше да си ги предаде другарчињата.
  Од тој ден синот на Борче Трпевски почна да пелтечи.
  Кога татко му го примети тоа, го праша што се случило, за потоа да отиде кај Огнен Лихваровски и да му го скрши носот.
  Милка Лихваровска возејќи го својот маж кон болница, поради слаба концентрација (ја ужаснуваше плачот на Огнена) удри во бандера.
  Бандерата паѓајќи го прекина електричното коло во околната населба, а во која живееше Зоран Мирчевски. Тој пак во тој момент, на својот компјутер, ја опишуваше поврзаноста помеѓу квантната физика и сончогледовото масло. Прекинот на електричната енергија му ја уништи двегодишната работа.
Тотално уништен и депримиран Зоран Мирчевски се качи на една десетокатница од која и се фрли врз тротоарот, притоа пцуејќи го овој зол свет.
  Од силината на падот, телото на Зоран Мирчевски направи мала пукнатина на тротоарот, од која после една седмица се сопна Билјана Калајџиска. Таа заврши со изгребано колено и скинати хулахопки. Не ја болеше многу, но како таква не можеше да се појави на разговорот за работното место -продавач во киоск-, па нејзиниот син ќе треба уште малку повеќе да почека за протези за забите...



п:последниот поглед

  Виктор не се плашеше од кучиња, дури и се поздравуваше и ги галеше маалските скитници. Но една вечер, домашно куче во друго маало се одврза од ланецот и шеташе околу куќата ширејќи си ја територијата.
  Е таа вечер Виктор баш во тоа време поминуваше низ свежо освоената територија. Кучето следено од инстиктивната потреба да си ја брани територијата, почна да се приближува кон него 'ржејќи.
  Не, не, не плашете се, до физички контакт не дојде, но поентата ми беше во тоа дека Виктор од кога го измина кучето не престана да се врти наназад се додека за последен пат не го погледна на оддалеченост на која одлучи дека опасноста поминала и решително си повтори во себе: “не се вртам повеќе, продолжувам напред”.
  Е за тој поглед јас зборувам. Нели е фасцинантен.



с:сите на работа!

  Еве една идеја за казнување на луѓето кои не сакаат да работат:
  Секоја жена кога ќе дознае дека е трудна, ќе мора да се пријави во најблиската полициска станица. А по потреба на судството ќе има обврска да се појавува во основен суд I. Секако, до осмиот месец на трудност за да се придржуваме, сепак, до законот за трудници во работен однос.
  Е сега, судот значи, кога ќе осуди некој злосторник за мрзливост, зависно од висината на пресудата толку и трудници ќе повика.
  Тогаш, самоволно или принудно, злосторникот ќе мора да им намигне на трудниците и ќе му излезат јачмени.
  Па да видите тогаш дали ќе има невработени.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















































 

  д:дома