мај
а:андоновски петар
с::студент
на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” на Катедрата за општа и
компаративна книжевност во Скопје
д:досега
немам ништо објавено
о:oд
2004 година активно пишувам поезија, а од 2005 и раскази. Имам добиено
повеќе награди на разни литературни конкурски, меѓу кои и неколку први
места.
petar_andonovski18@yahoo.com
в:вистинска причина за смрт
Зимата беше студена. Цел месец
од дома немав излезено. Не знаев ни кој ден, ни кој месец е. Само знаев
дека е зима. Постојано спиев, се додека некој од соседите не ме разбудеше
викајќи гласно во ходникот. Последниот пат кога излегов си поминав многу
лошо. Тогаш дознав дека само уште неколку месеци и ќе починам. Јас знаев
дека еден
ден ќе починам, но не толку бргу. Некој од соседите кои беа загрижени,
доаѓаа повремено и тропаа по вратата се додека не им се здодее. Не сакав
никој да знае дека ќе починам. Не бев доволно спремна да се соочам со
нивните сожалувања. Впрочем и тие еден ден ќе починат. Единственото нешто
што ме загрижуваше беше зошто
никој освен мајка ми не ми се јавуваше. Дали веќе ме заборавија или веќе
сум мртва? Единственото нешто што можеше да ми помогне, беше да излезам
надвор. Додека се обидував да станам од местото на кое што поминав цел
месец, можев да ја почуствувам сета тежина на моето тело. Се во собата
беше во потполн хаос. Собата која беше
полу-празна сега изгледа преполна
со безвредни нешта. И така додека се обидував да го најдам црното палто од
сомот се сетив дека го оставив кај докторот тој ден. Но, затоа тука беше
црвениот, волнен џемпер кој секогаш ми изгледаше премногу евтино. Џемперот
ми беше подарок од мајка ми за
мојот дваесет и трети роденден, кој беше пред две години. Кога излегував,
ходникот за моја среќа беше празен, не морав на никому да објаснувам каде
бев до сега. А тоа сигурно ги интересираше соседите. Спуштајќи
се по скалите нозете ми трепереа. Дури и оградата која беше неодамна
реновирана ми изгледаше несигурно.Можеби не бев доволно спремна да се
соочам со сето она што ме очекуваше надвор?! Да, сега, на само неколку
чекори од влезната врата (која беше постара од мене) требав да одлучам
дали да продолжам. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку бедно.
Тоа е од оние ретки беди кога мораш да бираш меѓу две зла. Сепак ја ставам
раката на железната квака. Таа е
толку студена, толку одбивна што можам да ја пуштам и никогаш повеќе да не
ја допрам. И таа несвесно ја притисам кваката и вратата се отвара пред
мене, и станувам дел од еден друг свет. Свет кој е полн со неизвесноти.
Вревата и скромното зимско сонце го исполнија просторот. Улицата од која
толку се плашев, е полу-празна. Надвор нема никој, освен еден уличен
продавач на весници и една жена со мало дете, која купува весник од него.
Жената беше завртена со грбот накај мене, па така не можев лицето да и го
видам. Повремено по улицата ќе поминеше по некој автомобил, кој едвај се
слушаше. Сите одеа некаде (или само така изгледаа?!) а само јас стоев
вкочанета пред влезната врата и ги набљудував случајните минувачи. Жената
се уште стои со продавачот на весници, и му зборува нешто. Детето кое има
околу три години ја држи својата мајка за левета рака и непрекидно ја
гледа додека таа зборува. Детето оддава израз на заинересираност за тоа
што го зборува неговата мајка. Да, таа што непрекидно мавта со десната
рака додека зборува, сигурно на својот син му изгледа дека е најпаметната
жена на светот. Жената наеднаш го пушта своето дете и почнува со двете
раце да мавта додека зборува. Таа, најпаметната жена заборава дека со
левата рака си го држела својот син. Детето кое ми оди во пресрет, наеднаш
се свртува и се упатува на кај улицата. Мајката незабележувајќи дека
детето го нема, продолжува да зборува. И додека јас гледам во мајката, низ
воздухот одекнува непријатен звук, на автомобил кој додека се обидува да
закочи зашкрипува и ме одвраќа од моите мисли. Мајкта занесено продолжува
да зборува. На празната улица стои само детето и автомобилот кој оди накај
него. Вадејќи ги рацете од џебот на џемперот, се затрчувам накај детето, и
го грабнувам во рацете. Стискајќи го детето цврсто во раце се најдов долу
во снегот. Неговиот живот, кој зависеше од мене, беше спасен. Обидувајќи
се да видам што се случило, го видов продавачот на весници како стои сам.
Мајката и детето си заминале. А јас се уште стоев пред влезната врата. Со
чуство на задоволство и храброст , се вратив во мојот стан, да ја дочекам
својата смрт.