т:темплум  

 

мај
а:
андоновски златко



г:години:20
п:професија/интереси:ништо не работам и ништо не ме интересира
д:досега објавено:нема
н:нешто за себе:ништо за мене. Дајте им на оние што немаат нешто за нив.

 

с:сон на летното утро

Беше утро, не премногу студено, но како и сите утра не беше ни особено топло, ако ништо друго тогаш поради оние моменти во кои не можете да се загреете откако ќе станете по краток период на спиење па шетате по џемпер дома иако сите други се по кратки, а еден будала седнал пред компјутер и свири гитара по гаќи.

Ќерката на Злобната вештерка од Истокот, Перверзната вештерка од Истокот (назив кој засекогаш го сместува светот западно до Куманово) се подготвуваше да оди на проба, не знаејќи дека во до скоро неспремната просторија веднаш до просторијата каде што вежба нејзиниот бенд има изградено кујна во нејзина чест, со цел да се подобри културата на исхрана кај младите членови на тој бенд, и да се намали зависноста на претходноспоменатите од малкуте, но значајни, пекари во околината на новоизградената кујна.

Розовиот зајак седеше под чашата, незнаејќи дали некогаш ќе излезе од таму. Се прашуваше дали на некого му се допаѓа неговиот мирис, исто како што останатите се прашуваа кога тој ќе исчезне. Не дека не беше убав, но беше пресилен во време кога се се прави умерено, па дури и самото живеење.

На една од многуте утрински клонирани телевизиски емисии, водителката наместо да каже "државните правни органи" кажа "државните полови органи". Не дека некој го забележа тоа, бидејќи толку рано наутро, кога дури и најтврдоглавиот вампир си легнува да спие, никого не го интересираат државните правни органи, а ни половите органи, особено оние кои се во државна сопственост.

Еден човек, чие дефинирање како човек беше постојано оспорувано од страна на сите реалисти, разумни и зрели луѓе во светот, седеше пред неговиот компјутер, и по n-ти пат пишуваше нешто сосема неразбирливо. Немаше друг избор, на вратата чукаа обврските, а Minesweeper сецка кога компјутерот не ти е исчистен (ниту хардверски, ниту софтверски) веќе пет години.

Беше утро, не воопшто студено, но како и повеќето утра не беше ни воопшто значајно, ако ништо друго тогаш поради оние моменти во кои не можете да се освестите откако ќе станете по долг период на спиење па шетате во заблуда дома иако сите други знаат што прават, а еден будала седнал пред компјутер и свири гитара по гаќи.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



























 

  д:дома