т:темплум  

 

мај
д:
дамевска анастазија




е:есен

Есен дожд кал
Златни и шушкави лисја по улиците
А очите
Тоа се најдлабоките очи кои сум ги видела
Вперени се во еден лист со кој се поигрува ветерот
Од едната страна е мртвиот лист а од другата – тоа бескрајно синило на очите
Што ги спојува
Ништо
Само тагата и немата болка
Зар не потсетуваат на скршена душа




о:откажување

Уште еден ден а јас сеуште постојам.
Изморена сум од тоа што сум сведок на распаѓањето на се што ме опкружува.
Се обидов да ја убијам досадата размислувајќи за иднината. Некогаш мислев дека сме вечни, а сега ми е мило што не е така.
И не ги разбрав луѓето. Не дознав зошто се толку кршливи пред бурата од емоции. И ќе си одам без да дознаам. Сега ми останува само да очајувам поради она во кое што се претворам.
 



d:doom

Овде дојдов и мислев дека не сум сама.
Погледнав во другите мислејќи дека се моја рефлексија.
А не биле!
Гледани од другиот век тоа беа чудни археологии.
Сите љубови и изгубени војни собрани во нивните погледи.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















 

  д:дома