т:темплум  

 

мај
ѓ:
ѓоргиевски филип



г:години:18
и:интерси:амтерска фотографија
н:нешто за себе:како што би рекол Б.Травен - единствената биографија што еден писател треба ја има се неговите дела.
fcchelseafg@yahoo.com



т:точка на неповрат

Капка пот се слеа по лицето на еден маж кој немаше повеќе од педесетина години. Тој нервозно чекореше низ големата просторија исполнета со компјутерска опрема со која работеа десетици оператори. За момент тој запре и ја пикна раката в џеб. Набрзо од него изваде бело платнено марамче и си ја избриша потта од челото. Осети како неговата рака се тресе, а срцето како забрзано му чука. Беше отсутен со мислите некаде далеку. Очекуваше набрзо нешто да се случи, но не сакаше да мисли на тоа. Веќе ја имаше видено иднината како минува пред неговите очи и тоа најмногу го плашеше. Ги знаеше веќе сите последици после точката од која нема враќање.
Во тие моменти неговиот ум беше борбено поле, а неговите чувства беа испреплетени. Големата гордост кон облеката што ја носи, желбата и исчекувањето да се види со неговото семејство, стравот од тоа што следи, а каењето после тоа, беа само дел од нештата што се случуваа во неговата глава. Неговата совест болно го гризеше сакајќи да му навести дека тоа што ќе го направи не е човечно. ,,Јас сум тоа што сум, имам дадено заклетва” постојано си повторуваше во себеси. ,,Моето ,,не” нема да го смени правецот на случувањата. Ако јас не го сторам тоа, некој друг ќе го стори. На крајот на краиштата јас сум сепак само пион во оваа партија шах”, се обидуваше да се утеши себеси. Тие зборови на некој начин го смирија.
Наеднаш тој се најде на широка песочна плажа, лежејќи под топлото сонце и пиејќи освежителен пијалок. Тој ја поткрена својата глава и виде дека веќе не се наоѓа на песочната плажа, туку на голема зелена ливада. Пред него беа неговите деца како си играат фудбал. Тој се заврте со главата и ја виде својата куќа, а на прагот на куќата стоеше неговата жена. Тој и се насмевна. Нејзиниот лик му внесе радост во неговото срце. Таа силно почна да го довикува неговото име викајќи го за ручек. Но, набрзо нејзиниот глас стана погруб и почна да се оддалечува, а сликата на куќата и ливадата почнаа да се замаглуваат. ,,Што се случува” си рече во себеси.
Тој трепна со очите и повторно се најде во големата просторија. Еден од операторите упорно го повикуваше. ,,Генерале, генерале, ја добивме конечната наредба и одобрението за нејзино извршување од страна на претседателот” Тие зборови го вратија немирот во генералот. Тој тешко подголтна и се приближи до контролната табла. Немаше намера да се двоуми. Беше како верен пес на својот сопственик. ,,Боже прости ми” тивко изговори, го успружи показалецот на десната рака и го притисна црвеното копче кое се наоѓаше пред него. Тој стоеше скаменет неколку мига, а потоа слушна од некаде глас во кој можеа да се почувствуваат вибрации на болна радост,,Лансирањето на нуклеарката беше успешно и таа се приближува кон целта”.
Тој ден душата на генералот и сето човечко во него умре заедно со останатите илјадници невини луѓе. Можеби Бог ќе му прости, но знаеше дека себеси никогаш не би си простил.

Атомската бомба за некого носи смрт, а за друг слобода.





з:збор

Дали се само мит или реалност простите зборови кои при самото нивно изговарање можат да те променат за сто осумдесет степени? Никогаш не можеме да бидеме сигурни, се додека не се сретнеме со причината поради која тие зборови настанале .

Таа беше во најубавите години од младоста. Обожаваше да биде отсутна со мислите додека седеше во школските клупи, и беше пријатно да биде со нејзините другарки за време на одморите и да ги слуша најразличните трачеви, многу сакаше да излегува по ноќни клубови и дискотеки и да се забавува до раните утрински часови и на крајот како и повеќето девојки сакаше добри момци.
Беше опуштена кога беше блиску до него и секој момент поминат со него и беше драгоцен. Неговиот поглед неа и носеше заборав на сите проблеми, неговата насмевка среќа, а неговите бакнежи за неа љубов. Да за неа, но дали истото го чувствуваше и тој? Единственото нешто што тој го чувствуваше е дека таа станува премногу приврзана за него, а тоа чувство го исплаши. Тој не можеше да и возврати на истиот начин и не сакаше повеќе да ја залажува. Стана ладен кон неа, а подоцна почна и да ја одбегнува. Таа можеше да види што доаѓа, но се правеше слепа и имаше надеж дека тој нејзин мал свет сеуште постои. Последен пак кога го слушна неговиот глас беше преку телефон сакајќи да го праша дали сака повторно да се видат.
Доволни се две букви за светот да се сруши под твоите нозе. И навистина таа се промени. Таа повеќе не им веруваше слепо на сите момци кои беа заинтересирани за неа и на нивните зборови и ласкања. Се што излегуваше од нивните усти за неа беше лага. Но сепак таа не се откажа од нив, туку единственото што го направи е што ги тргна нејзините емоциите подалеку од себеси со што и таа стана како својот поранешен дечко.
И кога дојде денот кога го сретна тој кој во душа беше сличен на таа своја личност што ја имаше оставено зад себе пред многу време и кој имаше чисто срце и искрени зборови, просто не можеше да поверува. Таа во него не се препозна себеси, дека и таа некогаш била како него. Едноставно му го заврти грбот кажувајќи му го зборот кој боли најмногу.
Таа вечер тој стоеше потпрен на металната ограда на еден мост, пиејќи лименка пиво. Нејзиното ,,Не” сеуште ѕунеше во неговите уши. Тажеше се до оној момент кога неговото его се појави во него. ,,Време е да растеме” си рече во себеси, го допи пивото и ја фрли лименката во реката. Знаеше и самиот дека повеќе нема да биде истиот.

Не знам кога или каде е започната оваа верижна реакција, само знам дека јас ќе ја продолжам...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




























































































 

  д:дома