т:темплум |
мај
Требаше да се очекува од еден папагал дека ќе предизвика светски
недостаток од зборови... Иако ја слушавме смислата, не ги перецепиравме
зборовите... Зар до толку ни беа отупени сетилата за да неможеме да видиме
дека месечината свети свртена само со едната страна... Да, тоа беше така,
едната страна ја пренесуваше смислата, другата којзнае што држеше...
Едната страна доволно долго ги просветлуваше раните кокичиња кои беа
смртно исплашени од малите дечиња со љубопитност како на штотуку родено
кутре... Се беше добро, само што кутрето не развива деструктивистички
мотиви за да ги плаши гулабите и црешите во мај месец. Малите ги плашеа и
папагалите, а овие пак остануваа без зборови... Можеби и затоа некои
папагали воопшто не `проговоруваат`. Ја изгубиле смислата некаде во
Заир... Таму смислата се претвора во дијаманти, дијамантите зрачат,
зраците патуваат со 300.000 км/с и стигнуваат до Месечината за 1,3
секунди, а таа страна на Месечината, онаа осветлената е заслепена од
тоа... Можеби и затоа нема мера во нејзините мени, многупати ги брка
збунетите граѓани низ нивните тунели на стравот... Просто ги остава без
зборови, можеби и затоа дојде до светски недостаток од зборови...
Откако го допи чајот со јак мирис на цимет, ја остави устата отворена
доволно за да излезат неколку несредени и разбушавени букви низ неа и да
го скројат планот на една надежна пионирка која се тетавеше некое време на
работ на креветот со желба да го слушне безжичниот пренос на енергија од
другата страна на креветот каде беше ситуирано едно битие кое е аморално
да се нарекува лебарка, а премногу пофално да се нарече човек... Си излула
тоа битие неколку редови мрморење пропратено со индијанска морзеова азбука
која излегуваше од неговата уста. Кога само би биле овде Индијанците,
скапо би му наплатиле за авторските права. Моментот можеше да се спореди
со времето потребно за да се осмисли лажирањето на Аполо 11. Со неколку
неприродни и спонтани движења битието се најде на вратата која го делеше
од трособниот циркус и од тековната ситуација која навлезе во негатива...
Му прелетаа за миг неколку комуникациски сателити пред очите кога
почувствува силен мирис на женска шлаканица... Тоа му делуваше како
катализатор за неговата целодневна депримираност. Реши тој ден да оди да
фрла цвеќиња на патот пред автомобилите... Поморбидна работа немаше
направено уште од вчера. Сепак, неговиот процесор работеше со милиони
прегорени кола, функционираше како пеперутка на ладен воздух. Чудно и
налудничаво беше тоа како го преслушуваше во неговиот процесор турскиот
марш и јадеше пица истовремено. Сето тоа се косеше со косите на полињата
кои безмилосно сечеа мириси на оптимизам, мириси на прогресивната
пропагандна машинерија. Сета таа машинерија и покрај милијардите прегорени
кола сеуште работеше, сеуште емитираше огромни количини на оптимизам
проследени со радиоактивност од специјален човечки тип - нагризувачка
радиоактивност која ги напаѓа ситните морбидни души, производ на
морбидната машинерија.
н:на денот на неговото крунисување... На денот на неговото крунисување за крал на паштетите, тој и напиша монструозно писмо на својата совест дека повеќе нема да се облекува во костим само за да изгледа како другите морони, туку ќе набие еден шал преку врат и нозе за да не го оговараат жените на кафе паузите. Донекаде тоа и даде резултати во повоената обнова на неговата совест, но долгорочните штети од падот на метеорит на неговиот хипоталамус се чувствуваа многу повеќе... За да заборави барем малку на тоа, се прејаде чоколадни бонбони, а малку потоа желудникот го поздрави со еден ждриг на едно несоодветно место... После толку многу години поминати во глупаво размислување му падна од 3-ти спрат нешто паметно: ќе го лаже едното око дека гледа убавини, а другото ќе го остави да ја набљудува мрсулната реалност. И самиот не знаеше дали сето тоа може да се изведе во текот на една петолетка, ама реши да проба... И само што почна со остварувањето, слета едно НЛО од 4-ти спрат со порака дека јаготките пред зградата биле државни непријатели кои мора да се егзекутираат на лице место... Премногу нервни клетки му беа зафатени за да го регистрира тој случај на НЛО па си продолжи по патеката кон волшебникот од Оз. Како што одеше по патот од чоколада, за секунда влезе во една друга димензија каде имаше милиони рецепти за правење ајвар... Во таа ситуација тој можеше да го види тоа што другите го можеа, ама не сакаа... Забележа една (не)среќна фамилија како гледа зло од злата кутија на која го емитуваа најголемото зло во 6 часот попладне (мерено според трансгалактичките временски закони кои важат само за Сончевиот систем) - тоа што обичните морони и смртници го нарекуваат `вести`. За момент можеше да забележи како од злата кутија пропагираат демократски комунизам... И самите злогледачи не беа свесни дека главите им беа во невидливо менгеме... Ах, кутриот крал на паштетите, немаше што да и каже на совеста во врска со пандемијата на глупавост, па го тргна пердето од другото око со кое виде како милиони очи паѓаат од небото наместо дожд... Жална беше глетката, толку добрина и просветлување носеа овие очи на човештвото, ама попусто, пак се изливаа во канализацијата... Тоа време додека стоеше таму, еден културен господин културно му кажа да се врати оттаму од каде што дошол од пред 22 години... Целиот просветлен, на кралот на паштетите не му остануваше ништо друго, туку да си се врати дома и да им се препушти на паштетите, меленото месо од злите кутии... |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори |
|||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |