т:темплум |
мај
Скоро
беше ноќ, ќе завладееше темнина сосем за малку ама уште се гледаа луѓето
во мракот избезумени, како муви без глави, се растрчуваат, а можеби и само
така се чинеше, се беше нормално... поминуваа, заминуваа, ѕидови...
избезумениот младич во рацете носи неколку книги, едната подебела со
измрсени корици и темни вдлабнати букви за наслов а другите две беа
фотокопии од некакви учебници... студент... косата разбушавена,
непегланата облека и зацрвенетите очи го издадоа, да студент... сепак
имаше нежни црти на лицето... не е оттука... градот баботи... како
ламја... веќе е ноќ... а сеуште не е тивко... нема мир... на неговото лице
се чита избезуменост, страв... мисли... невиност... се движи забрзано, се
наближува кон библиотеката. веќе е осум часот... пред нејзиниот влез
неколку луѓе стојат и разговараат нешто, поточно ломотат... младичот без
да им обрне поголемо внимание ги одминува... се прави дека не ги
забележува... не му беа важни. на скалата застанува... се сепнува...
гладен е... попусто нема пари... подобро ќе биде да учи да ја оттргне
мислата, утре има испит... влезе во читалната, спурна атмосфера,
просторијата мирисаше на упорност, на топло, на пот, се топи мозокот...
крвавите очи бдеат над книгите, не трепнуваат... молчат... густа тишина,
полна тишина... бавните движења на присутните ја боеа просторијата со
привлечност... младичот седна на исчкртаната клупа во средината на
редицата што беше до запечатениот бел прозорец... избезумено седна, ги
отвори книгите, се препознаваше по неговиот израз дека прв пат ги
отвора... утре испит! го опоменуваше мислата... по телото му навираа
морници... му надоаѓаа мисли за дома... за тоа што можеби е, и самиот не
знаеше.. го зеде мобилниот започна да пишува порака... црвенило на
неговите образи. уште повеќе почна да тони во мислите... книгите попусто
дремеа на масичката одеднаш му ја пресече мислата, насмевката на девојчето
што беше спроти него... тоа беше малечко, нежно лице, малечки усни и како
очите да и го покриваа целото лице му се чинеше него, чудно како да се
криеше од нешто... затрепери целиот... нејзините обли гради... како да
тонеа во алиштата... тој се обидуваше да го тргне погледот од синилото на
нејзиниот поглед... а нејзината скоро измрсена коса... за него беше
прекрасна... таа се обидуваше да и ги поркие очите, но не успеваше.
трепереа како ѕвезди во ноќта... просторијата тишина ја
исполнуваше...заблеаните очи во книгите и потонатите во мисли, луѓе, беа
само физички присутни тука... не беа сами... веќе не е обидуваа да ги
оттргнуваат погледите, се погледнуваа... не им беа потребни зборови...
доволно им беше само тоа што се гледаат... и двајцата се сепнаа, во
просторијата влезе постар човек-време е да се затвори читалната. сите
почнаа да стануваат. тој и таа се избезумија. раштркани погледи на сите
страни. ги собраа книгите и уште еднаш се погледнаа како за последен...
подзастанаа... молчеа... наеднаш насмев... друг пат тага ги преплави
двајцата... тој го стави мобилниот во длабокиот џеб на изветвеното палто
без да го погледне... просторијата беше скоро празна... таа се упати кон
вратата тој кон неа... правејќи се сега дека не ја забележува, слегоа по
скалите. тој како да не беше тој што беше во читалната... сега беше
расеан, го извади мобилниот... но не се осмеуваше да го погледне... таа
беше пред него... за три четири чекори, не се вртеше... излегувајќи од
главната врата... свежиот ветер му навлезе на младичот под облеката, се
наежи... девојката замина во споредната уличка... застана... се правеше
дека си ја врзува патиката... го очекуваше него... почувствува дпоир на
рамото... тоа беше тој... беа сами, немаше никој... се беше застанало...
молк... веќе немаше избегнување... крај... и двајцата занемеа... се
гледаше и слушаше само тишината и воздухот што лебдеше и мирисаше на летна
ноќ... а беше есен... мирисаше на нешто познато... и двајцата не знае што
прават... ја допре за рака... таа на почетокот ја тргна, потоа ја врати во
неговата дланка... само беше ноќ... позната ноќ... гладен сум. од неговите
усни звукот ја разби тишината... се раздвижија луѓе како да се скрши
светот што се беше создал само за нив. и двајцата се приближија. одеа по
темната уличка и молчеа... поминуваа покрај непознати куќи, покрај
непознати луѓе... и тие еден на друг си беа непознати, а блиски...
молчеа... небото ведро... стрелецот бдее... помисли тој... можеби само му
се причини дека помисли... тоа му беше само навиката, таа старата... се
приближаа до една комунистичка градба, таа го повлече за ракавот и почнаа
да се качуваат по скалите... ги пресретна девојка... тој како да се
сепна... подзастана... ништо... девојката со костенливата коса и со среден
раст... го одмина, се беше како порано... тие се качија на петти спрат...
таа ја отклучи старата дрвена врата... влегоа... внатре мирисаше на тежок
парфем... ја заклучи вратата, младичот... и како опиен се упати во втората
соба десно... како да знеше дека таму треба да оди, таа ништо не рече...
видно во станот немаше никој, влезе и таа... собата имаше црвеникава боја
од столната ламба што беше вклучена уште пред да влезат... вратата веќе
беше заклучена... на подот имаше само ретко расфрлени предмети, алишта,
книги и не забележа што друго... овде опојниот мирис беше уште посилен,
раѓаше страст... на подот имаше само душек и постелнина исто со црвеникава
боја... во црвенилото стоеа така долго, тогаш девојката ја стави раката на
неговата нога... лицата им се приближија... косите им се допреа, усните
веќе длабоко навлегуваа една во друга... како да сакаа да се уништат... за
миг беа голи... допирите стануваа посилни... болка... допирите стануваат
ѕверски, веќе не наликуваа на нежност... не наликуваа на допири, нокти
гребеа по кожата чиниш, дека сакаа да си ги распараат телата... заби се
зариваа во месата... прстите се чинеше дека ке ги искина косите...
влегуваа се подлабоко еден во друг не испуштаа никаков звук... не сакаа да
ја нарушат тишината... само одвреме навреме болката ги издаваше... траеше
мигови... траеше... часови... |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори |
|||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања
|
д:дома |