т:темплум  

 

мај
м:
меновски рубин


г
:години:28
rubbin@freemail.com.mk



ч:човекот од картонскиот пакет

Уште еден студен јануарски ден.
Прозорот доби принова во погледот, сега има и еден поголем картонски пакет -долу на тротоарот. Над него надвиснува петокатница, а погледот завршува со небо. Небото беше некогаш ведро, некогаш облачно, а ноќе темно и кога ќе се тргнеа облаците се појавуваа ѕвездите, а не ретко можеше да се види и месечината.
Овие денови не беше така. Ноќе е темно без никаква сијаличка на него, а дење облечно и тоа преку целото небо, “огромен облак надвиснал над нас” истурајќи снег кој носен со ветерот продираше дури до коските.
Единствената причина што картонскиот пакет не оддуван од ветерот е човекот во него.
“Човекон во картонскион пакет не е здрав” -помислив слушајќи го радиото кое продолжуваше да ме убедува дека температурата е -17 степени. Искрено, тешко му успеваше, бидејќи човекот од картонскиот пакет делуваше доста сугестивно врз мене со неговата стара избледена јакна, која најверојатно не можеше да се закопча бидејќи се гледаше искинатиот џемпер под неа. Кога ќе видите така раскопчан човек, а плус со панталони искинати на три-четири места и кондури кои сигурно знаеа за подобри времиња, но кога сега од едната ѕиркаа голите прсти, а на другата и фалеше ѓонот-верувајте, ќе помислите дека температурата е барем над нулата.
Единствено мразулците на неговите мустаќи ја подржуваа теоријата за моменталната температура.
Види, види!? Раздвижување во снежната слика. Добрила, комшивката што живее над мене, во пластично канче му носи некоја топла чорба или супа. Човекот со некоја чудна, аристократска благодарност и насмевка во грч ја прифати. Од првин само ја држи во рацете, веројатно да ги стопли и нив, за потоа жедно да ја исрка. Барем мразулците од мустаќите се стопија.
Во меѓувреме мојата комшивка брзо се врати дома силно триејќи си ги рацете и дланките една до друга.
“Браво комшивке!” -си кажав полугласно.
Добра беше таа, иако знаеше да досадува со нејзините приказни за младоста, што ги кажуваше кога ќе се сретневме во ходникот и лифтот, сепак имаше добра душа.
Следниот ден човекот заедно со картонскиот пакет ги немаше, но прашањето продолжи да лебди -дали тој јануарски ден навистина температурата беше -17 степени.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





















 

  д:дома