мај
т:трајанова елена
г:години:23
п:професија:професор
по француски јазик
lepodrustvo@gmail.com
ф:фатална ноќ
Парфимираниот зглоб на десната рака
Почувствува мека утрина.
Убод. Уште еден.
Нејзиното тело соголено, нејзиното срце распеано.. срамота, неговото десно
око шпионски подотворено. Се расонува убавината. Рака која почива на
белите дојки. Нога- непозната нога, влакнеста, поцрнета од сонцето- како
змија лутица се има извиткано околу двете нејзини. Грч. Уште еден.
Нејзината утроба се бунтува. Главата се противи
и бега на својата страна од единствената перница пожолтена од
неконтролираното лачење на плунка..
Каква ноќ!!!
Се обидува да се сети местејќи ги своите руси кадрици кои и'
ги боцкаа очните капаци. Залудно.. Се откажува, го остава телото исцрпено
од дивеењето да ја задржи својата инертна положба.
Продолжува да воздивнува, вдишувајќи го воздухот, воздух преполн со
задушливите остатоци, стенкања и крикови- остатоци од таа волшебна ноќ. Ги
отвара очите само колку да провери дека човекот легнат до неа со нозе
влакнести и изгорени од сонцето не е нејзиниот Павел.. Успокоена од
непознатиот лик и' се препушта на
зашеметеноста..
Потонува во некој хипнотички сон..
Само уште една ноќ на фатална привлечност.