мај
з:заревска драгана
г:години:21
pixie_fromthewood@yahoo.com
п:по Велигден
Тој еден
ден и напиша:
- Не издржувам веќе мила, не можам. Не знам како ќе живеам без тебе. Јас
не сум во состојба до допрам друга жена, да помислам на неа воопшто, ти си
ми најслабото место, и животов може секогаш кога ќе посака да ме удри
таму. Нема веќе да те мачам мила бидејки ова моево е неизвесно. Не знам
кога очувот ќе излезе од затвор, може во меѓувреме да банкротираме и да
отиде сè по ѓаволите. Не знам како да те потпрам јас тебе, кога и јас
висам како обесено лајно во воздухов и како сопнато муле сум веќе долго
време. Побарај друга земја за свое убежиште, бидејки ако не го направиме
ние, животот ќе не раздели...
- Но јас сум готова на сè! – молскавично ги удираше таа копчињата на
тастатурата – Ќе се бориме заедно, па што ако немаме во почетокот ништо,
мене не ми пречи да јадам маргарин со месеци, да мијам туѓи подови, да
бањам полумртви старци и да се борам со секоја пречка која ќе не сопиња.
Зошто се одрекуваш од мене? Немој љубов,... – и заплака...
- Не доливај масло во огнот, бе душо! Ништо нема да се поправи, ти кажав !
– Плачеше и тој.
Се разбира дека многу можеше да се поправи.
Но, него го мрзеше... Благо кажано... Иако си ја
носеше неа на срце, тоа беше јасно... Таа е
Македонка, и со неа треба да се ожени за да ја земе кај себе во странство.
Е нели е 21ви век, сега мора ли да се жени? Убаво е кога таа се буди до
него, му носи кафе, прави да свршува како бог, само таа разбира од кино и
фина литература од сите жени што ги познава,има најмека и нежно бледа
кожа..ја сонува и кога спие до неа... ама, да се жени ???
Меѓу нив имаше повеќе од две илјади километри растојание, и уште едно
растојание од цела виртуелна вечност. Штракаа само тастатури, штракаа заби
од бес и јад.
Тука таа го поклопи екранот на лаптопот и остана подзината.
Погледна во телевизорот - кратовскиот Пиноче преџвакуваше едвај
повторно некои српски зборови, зачинети на шопски начин. Си кажа таа - од
ова држава не бива.
Нејзиниот човек беше сè што таа бараше во човека... Сè освен слабост... Но
беше слаб... На кого да се потпре сега? Си нема
никој. Дали да не се потпре на прозорскиот перваз, и паѓајки надолу да се
потпре со черепот на бетонот, па после да дојде некое куче скитник, да се
потпре на нејзиниот смачкан тил и да вечера од тоа што останало? Ќе
почека.
Ете...
Две години заеднички живот отидоа по ѓаволите. Таа беше подготвена за тоа
дека веќе може да не се вљлуби никогаш. Останаа
и двајцата таму некаде во пичка мајчина. Таа само со амбициите и
македонскиот обскурен по значење пасош,а тој со амбициите, плус писмото со
кое го канеа да пристапи во Келнската Академија.
Меланхолично и загубено гледаше ту во една точка на тапетите петнаесеттина
минути, ту во друга половина час. Гледаше во католичкото молитвено
ѓерданче со крст, кое стоеше на ноќното масиче. Тој и го беше донел од
Ахен. Минатото лето кога беше таму ја праша што сака таа да и донесе од
Ахен. Таа посака само еден крст. Друго не и требаше.
Крстчето беше мало и лесно за носење. Тоа беше важно бидејки веќе имаше
голем и тежок крст кој требаше сама да го износи и не можеше да дозволи
уште еден таков.
Но ако тој беше посакал, таа ќе го износеше и неговиот крст кој му беше
натежнал на плеќите.
На малечкото крстче пишуваше Bethleem, и во него имаше малку земјичка
донесена од Божјиот Гроб.
Но тоа не беше важно.
Беше сива и ветровита пролет.
Беше минал Велигден, а некои уште чекаа за распнување.