2007:мај/јуни
жанровски
конкурс
б:божиновски стојан
г:години:43
н:нешто за себе:
колекционер на постери
posteri2002@yahoo.com
ч:чувари на
времето*
Но тогаш куќичката за
продавање на билети одлебди во воздух,додека камчиња камења, снег,
искршени гранки висеа во воздухот на 2-3 метри и како плима и осека во
бранови се враќаа на своето место паѓајќи полека но застанувајќи под друг
агол. Огромен невидлив бран ги подигнуваше предметите во воздух за да по
10-ина секунди нежно ги спушти на земјата додека во истиот момент следните
се подигнуваа.Тоа се случуваше на далечина од 100-200метри од терасата на
хотелот а потоа бранот се изгуби.
-Каде ли замина-??- се запраша некој на терасата.
--Во рекичката под хотелот-одговори Бојан.
Сите гледаа натаму очекувајќи нешто ...но потоа заигра паркингот .
Прво џипот а потоа и војничките камиони и ситната опрема околу нив .Почнаа
да се допираат меѓу себе како кајчиња на разбранувано езеро.Се спуштија
исто толку полека како што се дигнаа.Бранот продолжи понатаму.
Глетката кај присутните предизвика насмевка.Тие можеби очекуваа нешто
слично на разорен земјотрес кој би ги испреместил предметите со таква
тежина.Но ова само изгледаше како снимка од фантастичен филм. Сите
потстанаа од своите столови изострувајќи ги инфрацрвените двогледи и ги
насочија кон почетокот на езерото каде почна да се формира водопад
,водоскок но оддалеку изгледаше како езерото да почна да се влива во
небото.Само Бојан знаеше дека тоа е само на кратко и дека во бранови
водата ќе се спушта и подигнува се до центарот или крајот на
езерото.Набљудувачите од целиот хотел како што беа војниците офицерите
куварите и малкуте цивилни лица беа излезени на терасите вчудоневидени од
феноменалното прелевање на водата обратно од природниот циклус.Бојан
знаеше дека таквата глетка одблизу е далеку повеличествена па затоа
предложи:
-Можеби треба да побрзаме до браната на езерото за да видиме одблиску
повеќе...
Присутните не обрнаа многу внимание на неговиот предлог се додека глетката
не им се изгуби во ноќта .Само американскиот генерал даде наредба кон
своите потчинети и сите веднаш почнаа да се спремаат за да го престигнат
невидливиот кит. Бранот продолжи да галопира како некој див коњ со огромна
сила скротен од неговото сопствено успорено движење кон средината на
езерото.Браната беше оддалечена 5-6 километри а со тоа темпо бранот
требаше да пристигне за 1 час.
Беше веќе 5 часот и за 1 час во мугрите на новиот ден требаше да се случи
најневеројатното нешто што можеше да го замисли оваа случајно одбрана
група од 30-ина луѓе.Пред браната пристигнаа 3 камиони и 5 џипови и
неколку автомобили.Војниците се распоредија на врвот од браната каде што
поминуваше патот за влез во мавровскиот регион а светлата од камионите ги
насочија во езерото.Рефлекторите од браната беа насочени во воздухот во
висина од 10-ина метри каде што претпоставуваа дека ќе пристигне бранот.
Камионите и џиповите работеа во место ,војниците и нуркачите со заштитната
зимска опрема се мотаа наоколу,додека другите преку смрзнатите стакла го
гледаа доаѓањето на утрото. Тивок ветар го развејуваше ситниот снег кој се
тркалаше по прекривките на камионите .За војниците кои беа во приколките
тоа значеше дека температурата е многу ниска.Во големиот џип на европската
војска беа двајцата професори Бојан американскиот генерал и македонскиот
мајор.
-Зошто материјалот од црквата е однесен 1км подалеку додека на
паркиралиштата и околу мотелите има сосема мала штета-запраша Бојан додека
воените лица разговараа на англиски јазик.
-Сигурно си има свој ритам или силата му се менува во зависност од теренот
или е сосема нешто друго-одговори стариот професор.
-На скијачките терени на планината неговата сила беше многу поголема за
разлика од овде долу.Можеби ќе се стабилизира понатаму од езерото
-одговори професорот од соседната земја.
Тогаш се замислија тројцата бидејќи после езерото и одводниот тунел
невидливиот кит не покажал никакво дејство.
-Ако продолжи понатаму....?- помислија тие.
-Каде ли е сега таа-?-размислуваше Бојан но тогаш го прекина радиото на
американскиот генерал кој воспоставуваше врска кај своите претпоставени во
Америка .
-Имаме директна врска -одговори војникот на централата во блиската пошта
која што беше на три километри од нив.
Упорноста на американскиот генерал да воспостави контакт на повисоко ниво
се исплати зашто од другата страна се слушна еден рамнодушен глас кој не
оддаваше многу почит за сето тоа или така му се пристори на Бојан.
-Френк Расел на телефон.Повелете генерале ве слушаме.
Еден од највисоките воени стручни лица на НАСА.Констуктор на беспилотни
летала ...директно вклучен во испраќање на летало на Марс -му помина чудна
мисла на Бојан
Американскиот генерал ја образложи целата ситуација .
-Можеби ќе успееме да го снимиме со камера директно во центарот на силата
а врската ќе ни овозможи вие да го видите тоа преку сателит.
-Многу добро генерале -конечно задоволно се слушна од другата страна .
-Но би било добро ако имавте повеќе камери во водата.Многу е важно да се
види или измери неговата сила на различен терен.
-Овие ќе побараат и јас да влезам во езерото -помисли генералот
Сепак тој беше испратен во мировна мисија во Македонија.
-За влегување во езерото е сепак доцна- прошепоти генералот во тој момент
спуштајќи ја слушалката и гледајќи кон езерото.
Од другата страна продолжија инструкциите но и тие во следниот момент
престанаа сигурно гледајќи ја сликата од видео камерите.
Овој пат таа слика беше незаборавна.
Во одблесок на утринското сонце најпрво се оформи виножитото кое полека се
приближуваше кон браната.Ситните капки кои се претвораа во меурчиња и
малечки топчиња кои до вчеравечер беа сребреникави ја сменија бојата во
златно жолта под дејство на сончевите зраци за да потоа преминат во црвена
сино зелена и завршат со темно модра ,боја на студеното езеро.
Лебдеа иљадници бои милиони капки и милијарди форми кои во секој миг се
прелеваа една во друга движејќи се по мирната површина во потполна
тишина.Големите бранови од 30-ина метри се движеа полека над езерото како
двогрба камила која чекори низ пустината нишајќи се лево десно горе
долу...Низ огромниот број на форми понекогаш директно се пробиваа
сончевите зраци за да во следниот момент исчезнат во добро познатите бои
на виножитото.Брановите се приближуваа кон браната како успорен филм
додека од полукружната кула со многу прозорци каде што беше втората камера
рефлекторите директно го следеа нивното движење.Другата камера во езерото
обележана со светли бои заради распознавање полека се издигнуваше од
езерото заедно со основата.Нејзината снимка беше минимална бидејќи се
лелкаше во сите правци ,нешто на кое никој не можеше да
претпостави.Висината од 30-ина и ширината од 50-ина метри никого не
поколеба дека нешто може да се случи со браната но сите се изненадија кога
бранот се приближи до неа иако беа на безбедно растојание од него.
За среќа не се случи ништо.
Како што дојде полека така и исчезна како браната да го запре или тоа беше
границата на неговата моќ.Можеби под браната се раздвижија неколку мали
камчиња и ситни грмушки но тоа беше се.
На луѓето им олесна.
* Дел од романот
„Чувари на времето“
Повеќе na
http://www.geocities.com/posteri2002/roman.htm