т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


ч:чулев васил


п
:професија/интереси:чистач/многу
н:
нешто за себе: ако зборам за себе ќе испадне дека сум себичен, нели?..
basil.culev@yahoo.it




 

d:de omnibus dubitandum
(од каде што нема повраќање)


На крајот на краиштата секогаш постои почеток и крај. - Ова навистина не е вистина, и затоа ако имаме доволно време и простор понатаму ќе видиме (?) дека всушност не постојат никаде (и никогаш!) никакви просторно - временски ограничувања... Слободата на изразот на слобода ќе ни помогне во намерата тоа да го направиме (иако можеби не баш туку-така едноставно!). И заради ова - мислам дека треба да размислам!...
На пример, ако појдеме од себеси - ке видиме дека сме себични, а тоа навистина е многу лош пример... Напротив: - корен од дрво ни дава..., не е себичен! Но ако извадиме корен од дрво, нема да добиеме ништо!!! Ова се само некои директни согледувања, но ако погледнеме на страна ќе можеме евентуално да видиме да не наидува некое возило. Можеме исто така да забележиме дека (еве еден глобален пример!) интернационалниот терорист бр.1 - БИЛ ГЛАДЕН ! ...Не бил геј(тс,тс,тс!)...и така натаму...
Алтернатива секако можеме да побараме во било кој поголем град, и иако навидум ни изгледа така - евидентно е дека не ни имаме друга алтернатива! Ова можеби ке ни звучи чудно, но и навистина е!!! Ваквата ситуација по многу нешта ни е непозната, и како таква секогаш ни дава пропорционален резултат од којшто не можеме да извлечеме никаков заклучок - теоретски не е докажано во која грмушка лежи зајакот! Многу едноставно ова може да се прикаже низ приказната во која еден овчар сакајки да се пошегува со ко-легите се издрал: - Волк,Волк!... едноставно нема да можеме никогаш да бидеме 100% сигурни - што ако навистина има волк?... Или нема? Во вакви и слични случаи мораме за секој случај со едно око будно да внимаваме на двете возможни предпоставки.
Разбирливо е затоа дека со оваквите критериуми се создава само сомнеж и недоразбирање помеѓу луѓето. И така со време, заради огромниот прилив на вакви бинарни и бизарни ситуации - се губи и неповратно исчезнува секаква наша волја. Парадоксално, несакајќи мораме да признаеме дека дури и ако сакаме да се спротивставиме на ваквата наша волја, сепак (иако не по наша волја) сето тоа е само и изричито само по наша волја.
-Безочноста е слепило што ни ги затвара очите! Овие или оние кои не можат тоа да го сватат - не си го губат времето (времето е вечно*) залудно - и јас, потполно неочекувано (иако можеби се создаде поинаков впечаток), наполно ги разбирам и навистина воопшто не им завидувам.
“Мотивите треба прво да ги откриеме па да ги дознаеме”**

TszchoulleWellyki


(*) -Изјава на Мунгос
(**) -Извадок од изјавата на Министерот за Внатрешни Работи на Република Македонија, по повод неуспешниот атентат врз градона-чалникот на град Прилеп, 02-11-2005



 


н:нова ера без вера

Во оваа ера на вера, да се биде не e лесно! Некој ке праша зошто и што пред сé? - Па било што!
Еве ајде да земеме еден пример!…Примерот како пример претставува еден вид на модел, ако сакаме, со кој се споредуваме и на којшто би требале да му завидуваме. Да служиш за пример на пример - не e воопшто лесно, особено во денешно време каде што имаме личности што ни служат за пример не заради тоа што се услужливи или зашто се примерни или вредни, туку заради тоа што имаат хартии или друг материјал од вредност. Но тоа не е сé! Дури и тоалетната хартија има некоја своја посебна и истовремено непроценлива вредност, но таа вредност не му овозможува на оној што ја има да ни служи за пример. Можеби оној што ја измислил, донекаде…
Некој тука би се запрашал со оправдано сомневање - зар не би требало да ги преиспитаме вредностите на некои работи што ни служат за пример?!... Но тоа е невозможно од проста причина што дадените вредности се базираат врз квадратната основа од нашата фантазија а не реалност (иако сум видел субјекти што се “чистеа” со “хартии од вредност” на пример; за жал исклучоците ги потврдуваат правилата)... И така тука го наоѓаме и почетокот на крајот, т.е. изворот на сите зла - заблудениот егоизам. Затоа што кога се фантазира, најчесто тоа се прави приватно и од сопствена гледна точка (смешно би било да се фантазира од жабја перспектива, нели) од која што ако реално погледнеме ќе сфатиме колку е таа ограничена, како фиока... Понатаму, низ призмата на овие персонални перспективи изгледа дека сеќавањето за поимот заедно се дефрагментира (за-едно) и деволуира во осамено егоексцентрично - (само) за еден! И така во оваа ера без вера, заробени во еден вид сфера, во која сите се под влијание на его-фикција, сите се за еден ама еден за никаде. Ова се случува во време кога концетрацијата на субјекти со комплетно различни предпоставени перспективи се зголемува се повеке и каде дијапазонот на овие разлики достигнува застрашувачки нивоа одстапувајки се повеке од оригиналната природна “матрица”. Со време ова оддалечување од убавата наива не доведе да имаме една “какафонија” од фантазии што се движи од примордијатрибални и животински преку омегаломански па се до бластерфеминистички. Вртоглавото зголемување на бројот на различни перспективи во глобала - не ни донесе задоволување на фантазиите туку напротив обратно пропорционално не стави во навистина незгодна позиција да мораме константно да ги зголемуваме нашите залудни и очајни напори!! Што е најтрагично сите мислат дека (е магично) со зголемување на интензитетот на сензоријалните надразнувања се чекор поблиску до реализирање на сопствените фантазии не сваќајки дека всушност да си биде природно е сепак најубаво. Навистина не è лесно да се биде во денешни времиња…а да не збориме да си бидé.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






































































































 

  д:дома