2007:мај/јуни
општ
конкурс
g:gaudi avida
dollars
с:слон ми во
Рејкјавик
По улиците на Рејкјавик
се шета вистински слон, што има побегнато од камион. А, чија задача e да
го фатат?
Слонот има побегнато во еден и половина по полноќ, од камионот на една
финска фирма што го транспортираше до зоолошката градина. Неколку пати
беше виден на доковите на северното пристаниште, а некои сведоци тврдат
дека имаат видено и човек како трча по него. Несреќниот фински возач во
паника ги имаше повикано јавните служби, но никако не можеше да објасни
каде точно се наоѓа.
Во моментов не само што не се знае каде слонот се наоѓа, но исто така не
се знае која од јавните градски служби би требало да биде надлежна за
неговото фаќање, совладување и повторно транспортирање до назначеното
место. Полицијата? Службата за гаснење пожари? Војската? Во типичен
бирократски манир сите служби го префрлаат тој голем и врел костен една
врз друга, никаква одлука се` уште не е донесена додека слонот се` уште се
шета по улиците. Имајќи во предвид дека во Рејкјавик е доста студено, а се
знае дека на слоновите на студено им растат влакна, особено кога нема
доволно стебла за да се чешаат од нив, би можело да се рече дека, додека
службите решат што да прават со слонот ќе имаат работа со вистински мамут,
за кого што ќе треба да се погрижат...