т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


х:хипокампус




 

м:математичко заведување
(Запис позајмен од неколку сни)

Задача Бр.1
Му реков: Ти не можеш да љубиш како што барам јас!
Праша: Како бараш ти?
Му реков: Јас сакам да бидам љубена во круг!
Се зачуди: Како?
Реков: Така, кружно!
Ми рече: Како?
Одговорив: Ете така – кружно. Како кружница. Си мислиш си го дофатил крајот, а всушност си стигнал повторно на почетокот и се од почеток те заплиснува. И така во круг со многу почетоци и краеви, а всушност вез нив, зашто кругот е целина.

Тогаш Тој зема хартија и молив. Ги нареди првите девет броја во круг. Па направи уште еден (малку раздалечен од првиот) – ист таков. Направи и трет. Јас се смешкав, дури и се потсмевав. Се додека...не подзинав од чудо! Забележав дека бројните распрсакни кругови се наместени така што затвораат исти на нив, кружни творби, во прсторот меѓу нив. И новите кругови беа изградени од истите 9 бројки кои беа подредени по совршен редослед и ред.
Победнички ме праша: Дали сум те разбрал убаво?
Одговорив молчејќи, со поглед.


Задача Бр.2
Ме праша: Зошто сакаш кругови?
Реков: Зашто се цели.
Ми рече: Што велиш?
Реков: Велам, ги сакам зашто се целовити!
Додадов: Освен тоа тие се едноставни.
Праша: Како?
Реков: Па така, едноставни или прости. Круг е круг и ништо повеќе!
Викна: Се лажеш! Кругот може да биде и срце!
Викнав: Не сквернави! Кругот е мало совршенство со овален облик!

Без да ми одговори зеде шестар. Потем ја забоде неговата оска во средето на листот и впиша еден правилен круг. Впиша уште еден. Така си играше додека не видов дека од пресеците на круговите се создаваат срца. Едно, две, три...точно 9 срца.
Рече: Ова се моите срца!
Налутена (зашто бев надмудрена) и најдена во безизлезна ситуација, во еден ќорсокак, треснав инаетлива глупост: Ти да не си мачка штом имаш 9 животи?
Рече: Не јас сум магионичар!


Задача Бр.3
Реков: Ако си вистински магионичар, засени ме!

Зеде јаглен и хамер.
Почна да повлекува линии без ред и смисла. Хотично ги местеше во белиот простор. Потем линиите полека почнаа да добиваат вредност, содржина, срцевина. Почнав да го распознавам мојот лик во нивните врски. И наеднаш во косата на нацртаниот лик здогледав нов! Тоа бев повторно јас, но овој пат се лулав. Се видов и во мојте очи, устата...секој дел од овој портрет беше составен од многубројни слики од мојот живот, кои не стоеја изолирано зашто цртите од тие слики се плетеа меѓусебно во сите насоки градејќи повторно помали и поголеми сцени.
Занемев. Сфатив дека нема враќање од мигот во кој потенцијалната идолатрија стана реалност. Потоа го погледнав питомо и со бескрајна благодарност, зашто ја исполни фантазијата на сите девојки од планетава: Стана маѓесник што прави чуда за мене.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











































 

  д:дома