т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


к:константин


г:години:23




 

с:среќен роденден

Тоа утро се разбуди прилично рано и без болки на внатрешите органи во неговта утроба. Изрипа од креветот, а погледот полека почна да му се сосредоточува на празната чаша на малата масичка. Седна и го наточи останатото виски од шишето. Сигурно имаше нешто повеќе од двојна доза. Потоа незадоволно исипа кока кола и одпи една голема голтка. За момент се почувствува повторно силно па стана и отиде во тоалетот. Кога излезе беше пладне, поспано се шеташе низ дневната соба. Застана и жално ја гледаше шаховската табла на која секоја фигура достоинствено стоеше точно во центарот на своето почетно поле. Понекогаш знаеше во текот на ноќта набрзина да реконструира некоја сеуште незаборавена позиција и така да ја остави, за да може утрото задоволно да појадува размислувајки за најдобрите потези или за завршницата која однапред ја знаеше. Тој ден кон таблата можеше да упати само поглед полн со ветување дека повторно ке затанцува со фигурите по црно белите квадратчиња.
Автомобилот веќе беше долу, набрзина го допи вискито и веќе по скалите почувствува дека телото почнува да му се тресе. Заборави на многу нешта во својот апартман, меѓу другото и на загрижувачките говорните пораки на кои веќе неколку дена не одговараше.
Подаде музичко ЦД кое грижливо го беше одбрал , го затвори прозорчето кое го делеше од возачот и удобно се смести на задното седиште потпирајки си ја главата на благо затемнетиот прозорец. Толку долго го познаваше човекот кој го возеше а неговата комуникација се сведуваше на едно обично доброутро по кое автомобилот започнуваше да се лизга по добро познатата релација која ги поврзуваше неговите омилени улици и квратови. Додека се возеше погледот му беше вперен нагоре кон убавите фасади или кон тротоарот но никогаш не фокусирајки се на минувачите. Веќе одамна не го засегаа туѓите приказни. На почетокот знаеше да седне во оние замастени кафеанчиња покрај пазарите. Тогаш ќе порачаше полу жив бифтек и пепси кола и ќе уживаше во добриот оброк и во уште по сочните лаги за големите подвизи на локалните пијаници и пазарџиите.
Главата благо му се тресеше потпрена на прозорецот кој сега малку беше отворен за да може миризбата од расцветаните дрвореди да го обземе и да ги направи сеќавањата уште по впечатливи, уште по живи како да беа направени само пред неколку дена. Чудно е си помисли како аромите ги враќаат емоциите со толкав интензитет. Како автомобилот минуваше покрај уредените влезови и шарените излози така му набрекнуваа пријатни спомени кои благо и подносливо го гушеа. Од време навреме ќе земеше длабок здив и ќе го свртеше погледот нагоре кон цветните балкони чии рабови го сечеа септемврискота небо. Знаеше точно каде сака да преспие, знаеше со кого сака да сподели кригла пиво, кого со солзи во очите да го прегрне и нестрпливо да му расакажува што се случи со неговиот живот. Но нема да стори ништо, нема да се види со никого. Продолжи да ги обиколува булеварите и малите едносмерни улички.
-Однеси ме на ридот! и повторно го затвори малото затемнето стакленце. Автомобилот полека почна да ги напушта миризливите авении и светкавите стакленици на бизнис висококатниците. По дваесет минутно возење веќе се чувствуваше реата на идустриското предградие. Беше тоа една пространа рамнина во која се издигаа неколку раштркани оџаци од некогашните фабрики и илјадници најразлични метални конструкции, автомобили, далноводи, платформи кои како заринкани китови рѓосуваа низ годините. Возачот продолжи кон блиската височинка и кога се искачи на нејзиниот зарамнет врв се паркираше на малата земјена широчинка покрај патот.
-Можеш да си одиш!
-Но господине Вие не мож...
-Те молам Остин, остави ме!
Автомобилот замина. Седеше сам, тегнеше виски, и го чекаше зајдисонцето. Секој момент мислеше дека срцето ќе му препукне.
Се сети на пријатните јунски квечеринки пред многу години, поминати на истото место, на ова мало ридче од кое се гледаше дијамантскиот сјај на градот. Седеше тука со пријателите и со својата стара излижана гитара. Седеа облечени во стари испарталени алишта и пиеа евтино пиво. Свиреа и пееа. Се сеќаваше на искрените разговори, на мечтаењето дека еден ден ќе го освојат градот со нивната искрена душа и малку талент што го поседуваат. Дека ќе добиваат огромни аплаузи во големите театри. Дека ќе успеат. Но се сети и на нешто друго. На ова место дојде со причина. Постоеше договор кој самиот го беше склучил со себе или со некој глас за кој не беше сигурен дали доаѓа од внатре или од надвор. Не се плашеше, пактот беше фер. Самиот мислеше дека за да добиеш нешто треба и нешто да дадеш. Во своите тинејџерски години кога ги сонуваше своите животни соништа ,освен старата гитара немаше ништо, па си го вети себе си својот живот за нивното остварување. Вчера наполни 30 години, немаше прослава, само тој и неколку шишиња. Не можеше да биде по подготвен отколку што може да биде човек за неговото заминување во вечноста. Ноќта го прели небото, се чу само тап удар и тркалање на шише. Уште некој миг странично ги гледаше градот и китовските гробишта а потоа неговото срце го исполни ветеното.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































 

  д:дома