т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


o:oxford genie


г
:години:20
п:
професија/интереси: студент


 

т:ти си мојот расказ

Вчера не можев да заспијам 8 часа. Премногу витамин Ц:). Не си ти крив. Ама расказов е за тебе...

Краток прекин. Се направи реденка пред компјутер. Тато не гледа ако меѓу неговиот нос и екранот нема растојание од барем 1 мм. Мама нема проблеми со вид, ама и онака Интернет за неа е кинеско село (шпански научи од сериите).

Добро. Продолжувам. Тие не се тема на расказ. Ти си. Сакав да кажам вчера те смислував 8 часа. Имаше најразлични форми и облици. На крајот се исплашив - ќе те уништам.

Ме прашуваат кој си. Те има во секоја песна, а сега еве и тука. Им велам тешко е да те опишам. Зошто, знаеш, ти не постоиш. Јас те создадов. Еднаш имаше зелени, другпат сини очи. Сега имаш кафеаво-зелени. Такви очи имав кога уште одев во градинка. Се гледав во огледало. Јас, мама, тато. Си ги споредувавме зениците. Сега очите ми се еднолични. Кафеави. Не те сакам таков. Во огледалото јас, мама, тато изгледавме како оние стари црно-бели семејни фотографии. На нив луѓето изгледаат толку чудно, пластично. Како кукли. Без мана. Не те сакам таков.

Чудно е да те сакам. Ако размислиш, јас ти доаѓам нешто како мајка и девојка во исто време. Тоа е толку Едиповски-комплекс-настроено (од твоја страна). Што би рекол Фројд на сево ова? „ Творештвото (уметноста) се објаснува со мотиви со кои се претпоставува дека човекот прибегнува кон творештво за да падне во очи на другите, пред сè на сексуален план“. Најчудната реченица што македонскиот јазик ја доживеал - има уште вакви примери во учебникот по антропологија. Но, тоа не е тема на расказ. Ти си.

Фројд: Уметност = Егоцентризам= Себеистакнување. Што знае Фројд за тоа? Шипак. Шупак. Ова го правам од чист алтруизам. Кон тебе. И ако има некаков егоцентризам во сево ова, тогаш тоа е моето задоволство додека те пишувам. И си го сакам ликот што го пишувам. Те сакам! Ти никогаш нема да ме повредиш. Тоа го знам. Зошто во спротивно би те избришала. Со гума. А не сакам да те изгубам.

И не сакам да помислам на тебе како на нешто конечно. Сини очи. Плава коса. Висок. Искрена насмевка. Не. Тогаш ќе најдам некој реален. Кафеави очи. Црна коса. Средна висина. Идиот. Цинична насмевка. Идиот. Кој не заслужува да те замени и да ми троши креативност и непроспани ноќи сонување кога те создавам по илјадити пат. Потоа ќе биде играчки-плачки. Страници и страници пишувања за циничниот идиот. И на крајот, една конечна плача со фатални последици. Кога страниците и страниците ќе се претворат во страници и страници и страници и страници потрошени пенкала за еx-идиотот со цинична насмевка.

Тебе ќе те снема. А тоа не можам да го дозволам. Да гледам на овој расказ како глупост и губење време (а донекаде е тоа зошто во моментов јас би требало да го читам Венко или да се занимавам со некои теории за описи во книги). Зошто те нема само во овој расказ, туку и во сè претходно, на македонски и на англиски, во рима и без ритам. Те има и на блогот, и можеби ќе те има на некоја веб-страна, и сигурно те има во тетратка, и испечатен на лист, и напишан на лист со една бела, а со една со факс-материјали-испечатена страна.

Те има секаде. Мислиш има цинизам, па макар и насмеан, па дури и кафеноок, друга нијанса синоок или каков било што може да го пополни цел тој празен простор што ќе остане ако исчезнеш?

Се надевам нема никогаш да ја доживеам таа тема на расказ. Затоа, сега, Ти си мојот расказ
 



 

з:засекогаш до последен здив

Ги превртуваше очите, издишуваше длабоко. Нејзиното немирно тело се лизгаше под неговата тежина. Чаршафите си поигруваа вовирајќи се измеѓу. Облеката се напнуваше. Сакаше да се ослободи од тежината. Влажната кожа не ја задржуваше.
Последните капки крв и ги ожеднеа усните. Тој со чудење гледаше во нејзиното тело. Здивот што се задржуваше на полпат.
Ги допре усните до нејзиното уво. Влакненцата на вратот се поткренаа љубопитно вслушувајќи се:
- Умираш?
Постоеше само еден одговор кој задоволуваше. Нејзиниот последен здив го бакна воздухот. Очите го затворија просторот засекогаш.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




















































 

  д:дома