т:темплум |
ч:чекајќи го
пица-сендвичот
с:страдањата на Вертер во последната фаза на задоцнетата адолесценција - Ах, ќе се убијам! Па како е можно Б. да не ме сака... Можно ли е Б. да не сака едно така совршено прекрасно суштество како мене!!! Тоа за мене е сосема неразбирливо... Б. е толку прекрасен, тој несомнено мора да е најслаткото и најмилото суштество не само во мојот град или во државата, туку на целиот свет и воопшто во универзумот. Б. е олицетворение на сентименталност. Ми се чини дека во мојот живот се појави благодарение на некаква надприродна сила, сигурно ми го испратил некој Бог или некоја семоќна сила што влијае на сите нас од центарот на универзумот, но зошто ми го пратиле... Сигурно не им била целта да ме измачуваат, веројатно самиот сум виновен за ситуацијава во која се најдов, тоа што Б. ми рече дека демек не сум бил негов тип, но сигурен сум и дека кога го кажа тоа не мислеше сосема сериозно, туку така ми рече единствено сакајќи да ми каже дека ако сакам, тогаш можам и треба да се потрудам да бидам негов тип... Аахх... Знам што ми недостасува - повеќе сентименталност и уште неколку дополнителни нијанси во префинетоста и рафинираноста на умешноста за симнување ѕвезди (или поинаку кажано: сентиментална умешност за симнување ѕвезди); нешто што Б. во некои моменти го има можеби и премногу (особина што во умерена количина кај луѓето вообичаено многу ми се допаѓа, а во прекумерна количина истата таа особина некогаш може да има погубно влијание врз аурата; можеби слично такво влијание предизвик(ув)ал и Гете врз луѓето што се самоубиле читајќи го неговиот епистоларен роман? (ако е воопшто вистинита оваа информација?); ех, ако е дозволено тука да направиме една мала дигресија (навлегувајќи во специфичното и по малку преценето подрачје на т.н. gender issues) и да се запрашаме - па добро, знае ли некој воопшто, т.е. постојат ли и дали е воопшто можно да има веродостојни информации за тоа како изгледал Гете, мислам на телесниот изглед, но и како се однесувал, дали имал маже(н)ствени или можеби премногу феминизирани движења на телото?... Се наметнуваат овие прашања, бидејќи забележлива е тенденцијата на литературната критичка и теоретско-методолошка мисла систематски да ја (пре)нагласуваат, подвлекуваат и потенцираат машкоста на писателите и на поетите, притоа создавајќи или дури наметнувајќи го мислењето дека пишувањето книжевно-уметничка литература т.е. фикција е исклучително тешка, сложена и компликувана дејност или активност, т.е., нели, следствено и аналогно на тоа - машка работа, нешто со што целосно не се согласувам...; но, да се дистанцираме сега за сега од оваа дигресија - што несомнено заслужува и треба да биде поопширно и подетално анализирана и елаборирана во друга прилика, т.е. во друг текст, а бидејќи веќе имам своја теорија во врска со тоа, планирам да напишам повеќе на таа тема - но, значи, како што рековме, во моментов да излеземе од полето на дигресијата и да се навратиме на основната тема на овој текст); огромна количина од тоа сентиментално однесување, толку многу карактеристично за европскиот хомо сапиенс (особено за оние што се однесуваат како да не знаат дека постои можност хив вирусот да се пренесе преку орален секс помеѓу машки во која било насока (секако, без кондом), а постои можност истиот вирус да се пренесе и преку бакнување), тип на човек што поради посебната сензибилност, емотивноста и суптилноста како едни од неговите/нејзините основни и особени карактеристики, Милан Кундера во еден од своите романи го/ја нарекува хомо сентименталис... |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |